Дрим Тим со концерт во МНТ одбележуваат 25 години постоење
Музичкиот бенд „Дрим Тим“ вечерва со почеток во 20 часот во Македонскиот народен театар ќе одржат концерт по повод нивниот јубилеј 25 години постоење.
Концертот се најавува како вистинско музичко патување низ времето, низ кариерата која почна во далечната 1999 година кога тогашната постава на Дрим Тим во која членуваа Никола Коцев, Маријан Коцев, Александар Ангелов, Сашко Велков, Ангел Ќосев и Гоце Илиоски реши да почне да ја раскажува својата музичка приказна.
Сегашната постава на Дрим Тим ги вбројува Дејан Николовски – Чуле (вокал), Никола Коцев (труба), Димитар Митровски (хармоника), Александар Ангелов (кларинет/сакс), Ангел Ќосев (клавијатура) и Гоце Илиоски (тапани).
На сцената вечерва се очекува да се придружат дел од колегите со кои соработувале низ годините, како што се Синтезис, Влатко Лозановски, Маријан Коцев и Сузана Гавазова.