Приходите на кинескиот производител на електрични возила BYD за прв пат ги  надминаа оние на „Тесла“


Кинескиот производител на електрични возила BYD забележа пораст од 11,5% на нето добивката во третиот квартал во средата, бидејќи одржува силна продажна динамика потпомогната од владините стимулации за трговија. Нето добивката се зголеми на 11,6 милијарди јуани (1,63 милијарди долари) во кварталот јули-септември, соопшти компанијата во поднесувањето на берзата. За првите девет месеци, нето добивката […]

Во Германија е донесен закон кој дозволува еднаш годишно да се менува полот и името


Закон за самоопределување стапи во сила од вчера во Германија, а тој им овозможува на граѓаните со давање изјава во канцелариите за матични книги еднаш годишно да го променат името и полот во женско, машко или „различно“, што е опција за трет пол која веќе постои според германскиот закон. Тоа им олеснува на трансродовите, интерсексуалните […]

Лавров во декември доаѓа во ЕУ, за прв пат од 2022 година


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров планира да ја посети Малта во декември за да учествува на состанокот на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), објави во петокот Ведомости, цитирајќи ја портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Тоа ќе биде прва посета на Лавров на која […]

Заврши есенската потрошувачка кошница, сега ќе ја чекаме новогодишната, но што до тогаш


Од денеска во маркетите веќе нема да ги има ознаките за ограничени бруто маржи кои овозможија цените на над 70 основни прехранбени производи во изминатиот период да бидат под контрола. Граѓаните стравуваат што на што ќе наидат во маркетите, додека власта смирува и предупредува дека ќе има ригорозни мерки доколку дојде до дивеење на цените. […]