Скандал до скандал: Британската гигант ги откупува автомобилите од нивните сопственици


Jaguar i-PACE е во продажба од 2018 година и се покажа добро во почетокот, дури и освои некои награди. Сепак, компликациите станаа неизбежни. Овој модел му направи големи проблеми на британскиот производител во САД минатата година, кога националното регулаторно тело NHTSA утврди дека батериите се прегреваат. После тоа, Jaguar го ажурираше софтверот за подобро да […]

Директорот на АХВ бара да се донесат измените и дополнувања на Законот за заштита и благосостојба на животните


Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов денеска изјави дека ќе инстистира да се донесат измените и дополнувањата на Законот за заштита и благосостојба на животните, а фокусот ќе биде ставен на воспоставување, контрола и регистрација на размножувањето на кучињата миленици, како еден од главните фактори за настанување на бездомни кучиња. Тој […]

Дипломатски добротворен базар в сабота во Скопје


Во Скопје, в сабота, ќе се одржи Дипломатски добротворен базар  во  Хотел Мериот,  во период од 11:00 – 16:00 часот, организиран под покровителство на Амбасадата на Република Словенија и “Dobredojde” Macedonia Welcome Centre. Настанот се одржува по повод Светскиот ден на детето под почесно претседателство на Н.Е. Г-дин Грегор Прескер, Амбасадор на Република Словенија. Со […]

Пешак загина во сообраќајка кај Валандово


На местото викано „Страиште“ кај Валандово вчера околу 17:30 часот загина А.Т. (68) од селото Казандол, валандовско, отакако во него удрило товарно возило. Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова. Таа информираше дека товарно возило „ивеко“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(47) од село Удово, валандовско, удрило во пешакот А.Т.(68) […]

Седница на Советот на НБ: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата


Советот на Народната банка на својата редовна седница го разгледал Извештајот за учеството, препораките и активностите на Народната банка во процесите на интеграција во ЕУ, во периодот ноември 2023 – октомври 2024 година. Во Извештајот се дава осврт кон препораките од Програмата за економски реформи 2024 – 2026 година, наодите од поткомитетите во рамките на […]

ДУИ: Полицијата реагираше несоодветно и како реакција беше запалено македонското знаме


  Заедно со речиси сите парти и Демократската унија за интеграција го осуди палењето на македонското знаме, но во исто време имаше остри зборови за наводната полициска интервенција за време на прославата на Денот на албанското знаме. „Оваа интервенција, наместо да го зачува јавниот ред, предизвика непотребни тензии и создаде клима на конфронтација, нарушувајќи го […]

Шпигел: Германското Министерство за одбрана купува четири подморници за 4,7 милијарди евра


 Германското министерство за одбрана има намера да купи четири подморници 4,7 милијарди евра,  пари што треба прво да ги одобри Комисијата за расходи од Паралментот, објави Шпигел.  Во барањето доставено до Комитетот за доделување средства, Министерството за одбрана наведува дека подморниците се набавуваат по барање на НАТО. Набавката на подморници е неопходна за Германија да ги […]

Отстранети повеќе диви депонии во скопските општини Кисела Вода и Центар


Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализирале низа активности за отстранување диви депонии во скопските општини Кисела Вода и Центар. Во општината Кисела Вода е интервенирано на улиците „Невена Георгиева-Дуња“ и „Димо Хаџи Димов“, каде што се подигнати вкупно 20 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, градежен и кабаст отпад. ЈП […]

Крипто бос ја изеде бананата-уметничко дело купено за 6,2 милиони долари


 Крипто-претприемачот Џастин Сан денеска го исполни ветувањето што го даде откако потроши 6,2 милиони долари на уметничко дело – банана залепена со лента за ѕид – јадејќи го овошјето. Во еден од најскапите хотели во Хонг Конг, Сан  пред десетици новинари и инфлуенсери откако одржа говор во кој го поздрави делото како „иконско“ и повлече […]

Обвинителството го истражува настанот со сквернавењето на македонското знаме


 Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме на синоќешните прослави за Денот на албанското знаме, информираат од ЈОРСМ.  -Известен е јавен обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот, соопштуваат од ЈОРМ. Со автомобили со развеани знамиња по улиците на Скопје и во други градови во земјата каде мнозинството […]

Гугл мапс ги однесе на недовршен мост, при што загинаа – кој е виновен?


Дали апликацијата за навигација може да биде одговорна ако корисникот доживее несреќа? Тоа е прашањето кое се поставува во Индија откако тројца мажи загинаа кога нивниот автомобил паднал од недовршен мост во корито на река во северната држава Утар Прадеш, пишува Би-би-си. Полицијата сè уште го истражува инцидентот  што се случи во неделата, но верува […]

Партиски осуди за сквернавењето на македонското знаме, СДСМ прашува каде беа МВР и Тошковски


Политичките партии од македонскиот политички блок денеска најостро го осудија сквернавењето на македонското знаме и бараат одговорност за виновниците. Со осуди преку партиски соопштенија се јавија СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ЗНАМ. Опозициската СДСМ смета дека Министерството за внатрешни работи, предводено од министерот Панче Тошковски, целосно потфрли во превенцијата и контролата на ситуацијата. „Граѓаните имаат право […]

Украина преговара за намалување на возраста за мобилизација на 18 години


Украина разговара со своите партнери за намалување на старосната граница за мобилизација, но тоа не е тензична тема во преговорите, пишува УНН. Министерството за надворешни работи на Украина го истакна проблемот со недостигот на оружје за веќе мобилизираните, а не потребата од дополнителна мобилизација. Украина разговараше со своите партнери за намалување на старосната граница за […]

Копче во автомобилот што не се притиска за време на есента и зимата


Со доаѓањето на постудените месеци, возачите се соочуваат со голем број предизвици на патиштата, вклучувајќи замрзнати или замаглени стакла. Решавањето на овие проблеми може да биде клучно за безбедно возење, но едно најчесто користено копче во возилата може да го влоши. Ендрју Џервис, извршен директор на ClickMechanic, изјави  дека возачите треба да избегнуваат притискање на […]

Без вода делови од Припор и Аеродром


Корисници од трета зона Припор денеска од 9.30 часот ќе немаат вода  поради уличен дефект ф-100 мм на улица „Христо Татарчев“ крак 37/бб (во близина на резервоарот) во општина Кисела Вода.  Како што информира ЈП Водовод и канализација-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. Од 10 часот денеска прекинато водоснабдување ќе имаат и […]

Каква е судбината на вашиот хороскопски знак од 43 до 63?


Дознајте што очекува вашиот знак од 43 до 63 години и искористете ги упатствата на вистински начин! Еве што велат астролозите, каков период ги очекува хороскопските знаци на зрела возраст, од 43 до 63 години. Овен Ова е време кога кај вас доаѓаат последиците од лошите навики и занемарувањето на вашето здравје. Грижете се повеќе […]

Троцата Американци ослободени во размената на затвореници со Кина се вратија дома


Тројца американски државјани кои со години беа затворени во Кина, пристигнаа во САД како дел од размена на затвореници меѓу Вашингтон и Пекинг, јавија синоќа дел од американските медиуми.   Размената следеше по дипломатски договор меѓу САД и Кина.   Пекинг вчера објави дека САД дозволиле четири затвореници да се вратат во Кина, од кои […]

Руската инвазија покажува дека војната на Западот не е само да се има најдоброто оружје – туку и да се има повеќе


Во текот на изминатите децении, Западот се фокусираше на квалитетот на воената опрема наместо на залихите, давајќи приоритет на високотехнолошката и специјализираната опрема пред чистата количина. Но, и квантитетот има свој квалитет. „Едноставно немаме складирано оружје за долготрајни конфликти, што, искрено, го имаат Русија и Кина“, изјави воениот стратег,  пензионираниот генерал-мајор на австралиската армија Мик […]

Во Берово измерени нула степени, најтопло во Демир Капија, Охрид, Претор и Гевгелија


Утрово во Берово со измерени нула степени Целзиусови е најстудено, додека со 9 степени најтопло е во 9 Демир Капија, Охрид, Претор, Гевгелија. На Попова Шапка и Крива Паланка се измерени 3 степени, 4 во Струмица, Тетово и Битола, 5 Прилеп и Лазарополе, 6 степени во Крушево, Маврови Анови, Штип, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес […]

Осветлена новогодишната елка во центарот на Атина (Фото)


 На специјална манифестација, со концерт и во присуство на атинскиот градоначалник Харис Дукас, на плоштадот Синтагма во центарот на грчката метропола, синоќа свечено беше осветлена новогодишната 20-метарска елка, јави дописничката на МИА од Атина.  Елката оваа година е донесена од малото планинско село Таксиархис на вториот крак на Халкидики, односно како што го нарекуваат, селото […]