До 30 јули Владата треба да ги достави сметките за патувањето во Вашингтон на ДКСК


 Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Татјана Димитровски изјави дека по допрен глас оформиле предмет во однос на патувањето на синот на премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон на Самитот на НАТО и испратиле допис до Генералниот секретаријат на Владата со барање да им биде доставена целокупната документација.  – ДКСК има надлежност да проверува […]

Ангелов смета дека гаснењето пожари треба да се централизира


Нам не ни требаат реформи. Нам ни треба трансформација на системот за гаснење на пожарите. Меѓутоа, јас сум поборник за централизација. Ова го истакна вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Тој во вечерашното гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма посочи дека ако системот би бил централизиран, според него, многу […]

Еден загинат и шестмина повредени откако автомобил влета во тераса на кафуле во Париз


Еден човек загина и шестмина се повредени откако возач на автомобил вечерва околу 19 часот и 30 минути влета во тераса на кафуле во Париз, јавија француските медиуми. Тројца од повредените се во критична состојба. Возачот побегнал, но сопатникот кој бил под дејство на алкохол и на дрога е уапсен.

Бајден вели дека би размислил за повлекување доколку се појави „медицинска состојба“


  Џо Бајден рече дека ќе размисли за откажување од претседателската трка доколку се појави „медицинска состојба“, пишува „Њујорк тајмс“, цитирајќи извадок објавен од интервјуто на Бајден за BET News. Според „Тајмс“, Бајден бил запрашан дали има некоја причина што ќе го натера да се преиспита да остане во претседателската трка. Како одговор, Бајден рече: […]

Зошто исчезнуваат песочните плажи во Медитеранот?


Италијанецот Масимо Муцарели има 67 години и не е човек кој лесно може да се вознемири. На плажата видел туристи кои доаѓаат, пливаат и заминуваат. Го прикажува базенот, покрај кој има куќи поставени во долг ред кон морето. Сепак, околу половина од нив веќе не се употребливи. Песочната плажа завршувала на околу 100 метри од […]

Перински: Секој предлог или забелешка од локалните власти ќе бидат сериозно разгледани


Во серијата состаноци со градоначалниците, денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински имаше работен состанок со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион. До крајот на месецот ќе остварам средби со сите градоначалници, директните разговори се најдобриот начин да се запознаам со состојбите во општините, со проектите што се реализираат но и со отворените прашања на чие […]

Анкета: Две третини од демократите сметаат дека Бајден треба да се повлече од трката за реизбор


Речиси две третини од демократските гласачи во САД веруваат дека претседателот Џо Бајден треба да се повлече од трката за реизбор и да дозволи на неговата партија да номинира друг кандидат, според новата анкета на Центарот за истражување на јавните односи AP-NORC. Истражувањето, исто така, покажа дека само тројца од десет демократи се крајно или […]

Мицкоски со Меџити и Божиновска на Самитот на Европската политичка заедница


Премиерот Христијан Мицкоски заедно со  потпретседателот на Владата, Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Англија. Како што објави Мицкоски на неговиот фејсбук профил во текот на утрешниот ден ќе биде активно вклучен во настаните коишто ќе се случуваат на Самитот […]

Исчезнаа шест лица од Непал, биле вработени во Пехчево и Свети Николе


Вчера во 12.10 часот во ОВР Берово, Д.В.(44) од Берово, раководител на правен субјект од Пехчево, пријавил дека нивен 38-годишен вработен од Непал, со привремен престој во Пехчево, се оддалечил од местото каде што престојувал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираа од полицијата.  Исто така, вчера во 11.30 часот во Полициската станица Свети […]

Јунската инфлација во Албанија 2,1 отсто, и понатаму најниска во регионот


Албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ) објави дека за јуни инфлацијата изнесува 2,1 отсто што е на исто ниво со април а пониска за 0,1 отсто споредено со мај. Нивото на инфлација во јуни е речиси двојно пониско од пред една година кога изнесуваше 4,5 отсто. Според медиумите, споредено со земјите од регионот Албанија и понатаму […]

Машко лице се самозадоволувало на Кеј, случајот во полиција го пријавила скопјанка


Вчера во 20.40 часот во СВР Скопје 47-годишна скопјанка пријавила дека на кеј на река Вардар во Скопје, на територија на Карпош, забележала машко лице на возраст од околу 20 години како се самозадоволува, по што го напуштил местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од полицијата во денешниот билтен. 

Побарувачката на Европејците за кредити покажува знаци на закрепнување


Побарувачката на граѓаните за заеми во еврозоната закрепна во вториот квартал, со засилена конкуренција од банките пред пониските каматни стапки и подобрените изгледи за пазарот на недвижности, покажа истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ). Нето 16 отсто од доверителите објавија во истражувањето на ЕЦБ за поголема побарувачка на заеми на домаќинствата во вториот квартал, за […]

Градоначалничката на Париз  заплива во Сена за да докаже дека е чиста


Градоначалничката на Парис, Ен Хидалго, го оствари ветувањето дека до Олимписките игри ќе успеее да ја исчисти и да ја направи безбедна за капење реката Сена која долги години бешезагадена а за да биде домаќин на пливачки натпревари на Олимпијадата 2024, како и дел од церемонијата на отворање што ќе биде за девет дена. Дневните […]

Столтенберг го назначи Патрик Тарнер за висок претставник на НАТО во Украина


Вашингтон – Генералниот секретар на НАТО во заминување Јенс Столтенберг денеска го именуваше својот поранешен помошник за одбрана Патрик Тарнер за висок претставник кој ќе ја води мисијата на НАТО во Украина (НРУ), се наведува на веб-страницата на Алијансата. Тарнер ќе ја преземе улогата во Киев во септември 2024 година. -Патрик Тарнер има години на лидерство […]

И граѓаните на Косово со српски пасоши ќе патуваат без визи


Брисел– Амбасадорите на земјите членки на ЕУ денеска постигнаа договор за регулативата со која во безвизен режим ќе бидат опфатени и граѓаните на Косово со српски пасоши, како и на целиот Западен Балкан, а таа регулатива треба да ја донесат министрите за надворешни работи на 22 јули. -На денешниот КОРЕПЕР II, амбасадорите начелно се согласија […]

Повреден жител на Сирково при гаснење на пожар


Повреден бил жител на росоманското село Сирков, при гаснење на пожар. Тој се здобил со изгореници на рацете и едната ногаи, информираше попладнево Стојанче Ангелов, директор на ЦУК. – Лицето се здобило со изгореници на лице и рака на десната страна. Препратено е на клиниката за пластична хирургија во Скопје, за МИА потврди, доктор Ратко […]

Армијата продолжува заеднички со сите институции и граѓани да придонесува во справување со пожарите


Во текот на денешниот ден во координација со сите надлежни субјекти кои учествуваат во гасењето на пожарите, Армијата со повеќе од 100 директно ангажирани припадници од 2. Пешадиски баталјон учествуваше во гасење на пожарите на неколку локации во поширокиот реон на Серта. – Групата која во текот на вчерашниот ден се вклучи во ставање под […]

МНР: Министерот Муцунски не беше придружуван од сопругата во Вашингтон


Иако постои дипломатска пракса министер за надворешни работи на официјални настани од ваков вид да биде формално придружуван од брачен партнер, вистината е дека на ова патување министерот не беше придружуван од својата сопруга, се вели во демантот на МНР по соопштението на СДСМ во кое партијата прашува дали Муцунски бил со сопругата во Вашингтон. […]

Модриќ ќе игра уште една сезона во Реал Мадрид


Мадрид – Фудбалскиот клуб Реал Мадрид на социјалните мрежи и официјално потврди дека хрватскиот фудбалер Лука Модриќ и следната сезона ќе биде дел од „галактикосите“. Модриќ во Мадрид пристигна во 2012 година од Тотенхем. Многу брзо потоа беше прогласен за најлошиот трансфер во Ла Лига за таа сезона. Сепак, сè тргна во сосема друга насока. […]

Oтворањето на ОИ во Париз ќе го обезбедуваат 45 илјади полицајци


Околу 45.000 полицајци ќе го обезбедуваат отворањето на Олимписките игри во Париз на 26 јули, на кои ќе присуствуваат над 100 шефови на држави и влади, изјави денеска висок француски функционер, додавајќи дека нема промени во безбедносните планови по нападот на Доналд Трамп минатиот викенд. „На церемонијата, која за прв пат ќе се одржи надвор […]