Над 2.800 барања за промена на српски со косовски возачки дозволи за два месеци


Приштина – Косовската полиција објави дека во изминатите два месеци низ Косово се поднесени над 2.800 барања за замена на српските возачки дозволи со косовски, јави дописникот на МИА од Приштина. Од косовската полиција за порталот КоССев потврдија дека најмногу барања се поднесени во четирите општини на северот на Косово – 2.426, а најмногу во […]

Дали и сопругата на Муцунски патувала за Вашингтон, прашува СДСМ


  Скандалот со фамилијарните патувања за САД на претставниците на Владата се проширува, велат од СДСМ. Партијата во соопштение нагласува дека „според инфорациите кои ги пласираат дел од медиумите, сопругата на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, исто така патувала за Вашингтон. И за ова како и за претходниот скандал, молк од Владата и МНР […]

Верижната катастрофа на Балканот на 21 јуни започна со прекини на два далноводи


Европската мрежа на оператори на системи за пренос на електрична енергија (ENTSO-E) објави дека верижната катастрофа се случила на 21 јуни, откако два далноводи прекинале со разлика од 13 минути. Нејзината експертска група го истражува овој инцидент, кој три часа ги остави без струја Босна и Херцеговина, речиси цела Албанија и Црна Гора и Далмација […]

Тепачка пред кафеана во Карпош


Денеска во 01.10 часот во СВР Скопје, 29-годишниот Д.К. од Скопје пријавил дека на 16.07.2024 околу 22.30 часот на паркинг пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, каде бил вработен, бил физички нападнат од неговиот колега З.Ј., извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Повторно отворен граничниот премин Богородица


  Министерството за внатрешни работи информира дека повторно е отворен граничниот премин Богородица, кој денеска беше привремено затворен поради пожар кој избувнал на грчка страна. Во моментов граничниот премин функционира нормално. Претходно, поради пожар на страната на Грција, во прекин беше сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони, а возилата се пренасочуваа на граничниот премин […]

Ова е Јулија Власова, која со Џони Деп се дружи од време на време


Џони Деп повторно ја пронајде љубовта. Актерот наводно е во врска со руската манекенка Јулија Власова, која првпат ја запознал во 2021 година на филмски фестивал во Прага. Тоа доаѓа две години откако тој се дудеше за клевета со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, која напиша авторски текст во кој навидум го обвини за семејна […]

СДСМ: Кадровски дебакл, професор по физичко на заменичко место во МВР


ВМРО-ДПМНЕ на високи државни позиции назначува кадри по пртиски клуч без основно, елементрано познавање на областа за кои се назначуваат, обвини СДСМ откако беше објавена листата на новите заменици министри. -Последен пример е предлогот за заменик министер во Министерството за внатрешни работи, Мицкоски го предлага Астрит Исеини, кој дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт […]

Цените на златото достигнаа нов рекорд


Цените на златото денеска достигнаа нов рекорд под влијание на шпекулациите дека американската централна банка би можела да ги намали клучните каматни стапки, а дополнително ги поттикна трендот на зголемени набавки од страна на централните банки. Цената на унца злато на физичкиот пазар порасна за 0,2 отсто, на 2.473,59 долари. Накратко достигна нов рекорд од […]

Копенхаген воведува програма за поттикнување социјално и еколошки одговорен туризам


Туристичката организација на Копенхаген воведе програма за поттикнување на општествено и еколошки одговорен туризам. Судејќи по се, Копенхаген на овој начин се обидува да привлече само туристи кои се пристојни и добро воспитани. Ќе бидат наградени оние кои ќе одлучат да возат велосипед, да користат јавен превоз, да учествуваат во некоја работа како градинарство или […]

Зајакнување на македонските компании за пренасочување кон соларна енергија


Во време кога енергетската одржливост игра се поголема улога, настанот „Соларна енергија за бизниси“ предизвика огромен интерес и обедини над 70 претпријатија од различни сектори, и тоа од преработувачката индустрија, услужни дејности, до компании од енергетска дејност. Настанот овозможи стручна презентација за инсталација на соларни и батериски системи, презентации на Фероинвест и Батери Еволушн кои […]

Заробените од огнот на планината Огражден се евакуираат со словенечки хеликоптер


Градоначалникот на Ново Село, пожарникари и цивили кои беа заробени од пожарот на планината Огражден и кои преку драматично обраќање преку Фејсбук побараа помош, пред малку се евкуирани со словенечки хеликоптер. Веста ја споделија струмичките пожарникари со видео на кое се гледа како се упатуваат кон хеликоптерот. Неколкуте пожарникари од ТППЕ Струмица, заедно со градоначалникот […]

За Рама вестите за помал број туристи се организиран напад за да му се наштети на домашниот туризам


Албанскиот премиер Еди Рама денеска ги отфрли информациите дека плажите се полупразни и оти косовските туристи албанското крајбрежје го замениле со дестинации главно во Грција, Турција и Црна Гора. -Има организиран напад за да му се наштети на нашиот туризам, чиј развој е во постојана нагорна линија. На социјалните мрежи има многу лажни профили на […]

Градоначалникот на Ново Село, пожарникари и цивили се заробени од пожарот на планината Огражден


Во драматично обраќање преку фејсбук градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов заедно со тим на пожарникари од ТППЕ Струмица и неколку цивили побара помош да бидат евакуирани од местото на пажарот над селото Бадилен каде од сите страни се заробени од огнената стихија. -Од сите страни околу нас гори и очекуваме двата хеликоптери кои го […]

Новата лабуристичка влада најави обновување на односите на Велика Британија со ЕУ


Британскиот крал Чарлс Трети најавувајќи ги плановите на новата лабуристичка влада најави обнови на односите со Европска Унија по Брегизт. Мојата влада ќе се обиде да ги обнови односите со европските партнери и ќе работи на подобрување на трговскиот и инвестицискиот однос на Велика Британија со ЕУ, посочи кралот Чарлс Трети. Тој исто така најави […]

Калифорнија има нов закон за трансродови ученици. Маск: Го преместувам седиштето на Икс и „Спејс икс“


Милијардерот Илон Маск најави дека ќе ги пресели седиштата на две истакнати компании, ракетната компанија „Спејс икс“ (SpaceX) и платформата за социјалните медиуми Икс (X), од Калифорнија во Тексас. Пораката дојде откако гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом потпиша нацрт-закон со кој се спречува училиштата да бараат од нивниот персонал да ги известува родителите чии деца […]

СДСМ ќе тужи за партизација: Директорот на БЈБ симнат десет нивоа, како инспектор на полициска станица


  Во државните институции ВМРО-ДПМНЕ спроведува груба партизација, обвини СДСМ, нудејќи бесплатна правна помош на сите оштетени. Пратеникот Борче Цветков вели дека во моментот се случуваат незаконски разрешувања и распределувања, но и незаконско стопирање на завршени постапки за нови вработувања. „Во рок од само неколку дена во МВР се распределени над 50 полициски службеници, дел […]

Ѓуриќ: Србија до 2027 година ќе ги заврши сите тешки реформи за влез во ЕУ


Шефот на српската дипломатија Марко Ѓуриќ денеска изјави дека Србија до 2027 година ќе ги заврши сите тешки реформи за влез во Европска Унија, кои се однесуваат на економската, политичката и сите други сфери на животот. Тој, по средбата со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел во Брисел, изјави дека […]

УЈП најавува реформи на процесите- ќе се открива неплатен данок и ќе се подобрат услугите за граѓаните


Претстои голем реформски процес на редизајнирање на деловните процеси и нивно автоматизирање и дигитализирање, со кои ќе се промени начинот на пресметки на платите и собирање на даноците, најави новата директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова. Со новините се очекува да биде променет сегашниот, како што рече, традиционален начин на функционирање на […]

Судот на ЕУ: Вакцината против ковид е набавена нетранспарентно, дозите се уништени


Во средата, Судот на Европската унија пресуди дека Европската комисија (ЕК) не била доволно транспарентна во однос на набавката на вакцини против Ковид-19, пренесува ДПА. Европратениците и граѓаните, повикувајќи се на законите за слободата на информирање, побараа од Комисијата да ги објави договорите за набавка на вакцини, но извршното тело на ЕУ објави само цензурирана […]

Шолц в петок во Белград, ЕУ и Србија ќе потпишат договор за увоз на минерали, вклучително и литиум


Германскиот канцелар Олаф Шолц в петок ќе отпатува за Белград за да присуствува на потпишувањето на договорот меѓу Европската унија и Србија за увоз на минерали, вклучително и литиум, кои се клучни за дигиталната и зелената транзиција на Унијата, пишува порталот „Политико/еу“. „Политико“ на 17 јули објави дека таа информација ја потврдиле три анонимни извори […]