Расказот на Томислав Османли од „Книгата за Петре“ објавен во Хрватска, Србија и Грција


 Расказот „Удвојувања“, нова прозна творба на писателот Томислав Османи, е објавен во Хрватска, Србија и Грција. Најновите објави, како што информира авторот, доаѓаат по неодамнешното публикување на расказот во антологијата со која се чествува јубилејниот роденден на Петре М. Андреевски. Расказот на Османли е една од 19-те прози на истакнати македонски раскажувачи, кои по иницијатива […]

На Лавров му се допаднал ставот за Украина на републиканскиот кандидат за потпретседател на САД Џеј Ди Венс


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го поздрави кандидатот за потпретседател на Доналд Трамп, Џеј Ди Венс поради неговиот став за војната во Украина, која Москва ја почна пред повеќе од две години. Како што пренесе ДПА, Венс, сенатор од Охајо, се изјасни за мир и ставање крај на воената помош за Украина, рекол […]

Изложба на дигитални слики „Алегории“ на Игор Поп Трајков во Галерија Ко-Ра


Во Галеријата Ко-Ра во Скопје вечер ќе биде отворена изложба на дигитални слики „Алегории“ од авторот Игор Поп Трајков. Со изложбата, како што се наведува во најавата, Поп Трајков повторно претставува палета од новите дигитални изразни средства, во комбинација со вештачката интелигенција и класичните сликарски техники. Оваа група остварувања се надоврзува на долготрајната потрага на […]

Формиран регионален кризен штаб за пожарите со седиште во Кавадарци


Формиран е регионален кризен штаб за пожарите во државата со седиште во Кавадарци. Со кризниот штаб ќе координира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Ова е одлуката што синоќа била донесена на координативен состанок за пожарите, одржан во Неготино. За седницата информираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, преку својот фејсбук профил. Како што наведува, учествувале […]

Мицкоски учествува на Самит на Европската политичка заедница во родното место на Винстон Черчил


 Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на четвртата средба на шефовите на држави или влади на членките на Европската политичка заедница, што ќе се одржи во замокот Бленхајм во близина на британскиот град Вудсток во грофовијата Оксфорд.   Во состав на македонската делегација што ќе присуствува на Самитот се и вицепремиерот […]

Завршна церемонија на осмата летна програма Birthright Macedonia


Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и нејзиниот локален партнер во земјава, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денеска во Скопје ќе одржат прес – конференција по повод завршувањето на осмата летна програма Birthright Macedonia (Родум од Македонија!) за културно сплотување и професионална практична работа. Четворица студенти од Канада и Нов Зеланд беа на тринеделен студиски престој […]

Најмалку 16 жртви во пожар во Кина


Најмалку 16 лица загинаа во пожар во стоковна куќа во југозападната кинеска провинција Сечуан, јавија државните медиуми. Пожарот избувнал во 14-катница во високотехнолошката зона на градот Зигонг, обвивајќи ја околината со густ чад, јави новинската агенција Синхуа. Пожарот бил изгаснат во раните утрински часови, јави кинеската државна телевизија ЦЦТВ. Прелиминарната истрага покажа дека пожарот настанал […]

Дел од пет скопски општини без струја


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Сарај, Илинден, Аеродром, Центар и Зелениково, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 06:00 до 09:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Орце Николов“ бр.66 во Општина Центар. Во периодот од 06:00 […]

На Волстрит најголем пад на акциите на производителот на чипови од 2020 година


На Волстрит денеска индексот Дау Џонс (Dow Jones) достигна ново рекордно високо ниво, додека СиП 500 (S&P 500) и Насдак (Nasdaq) остро паднаа поради притисокот врз акциите на производителите на чипови по веста дека властите планираат да воведат нови ограничувања во трговијата со Кина. Индексот Дау Џонс зајакна 0,59 отсто, на 41.198 поени, додека СиП […]

Бајден позитивен на Ковид-19, се изолира во карантин


Претседателот на САД Џо Бајден се тестираше позитивно за Ковид додека водеше кампања во Невада и има благи симптоми, соопшти синоќа Белата куќа. Бајден изјави дека во наредните денови ќе се изолира во својот дом во Делавер. Болеста за него доаѓа во неудобно време кога сè повеќе демократски првенци повикуваат да се откаже од изборите […]

Средба на првите луѓе на Царинската управа и „Макам-транс“, Николовски и Муратовска


Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски денеска на граничниот премин Табановце ќе одржи состанок со генералниот секретар на Асоцијацијата „Макам-транс“, Билјана Муратовска. Како што најавуваат од Царинската управа, состанокот е во насока на унапредување на мерките и политиките за забрзување на транспортот.

Европратениците ќе гласаат за реизбор на Фон дер Лајен за претседателка на ЕК


Европскиот парламент во рамките на своето првото заседание по евроизборите одржани во јуни, денеска во Стразбур ќе гласа за реизбор на Урсула фон дер Лајен на функцијата претседателка на Европската комисија.   На почетокот на денешното заседание Фон дер Лајен ќе има обраќање пред европратениците во кое ќе ги претстави своите визија и планови за […]

Сончево и многу топло, до 42 степена


Времето денеска во земјава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 13 до 23, а максималните ќе достигнат од 35 до 42 степена. […]

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците


 Во Собранието денеска се очекува Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците да ја продолжи втората седница. Членовите на оваа Комисија ќе продолжат со расправата по Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2023 година. На дневен ред се и Годишниот извештај за […]

Во прекин сообраќајот на регионалниот пат Неготино – Штип поради пожар


Поради активен пожар на регионалниот пат Р1103 Неготино – Штип, кај село Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правца, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за […]

Цената на струјата во Македонија стигна до 550 евра за мегаватчас, а во Србија 700 евра


  Вчера во 18 часот големопродажната цена на струјата на пазарот во Србија достигна 574,91 евро за мегават час. Во тоа време тоа беше најскапата струја во Европа. Во Македонија чинеше 550 евра, во Романија 429,28 евра, во Унгарија 414 евра, во Бугарија и Грција 351 евро, покажуваат податоците на веб-страницата Energyflux. Во Франција во […]

ДКСК ќе ги испитува тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за непријавена хациенда од Петровска


Заклучно со денеска, имајќи предвид дека истече рокот за пријавување на имотот од актуелниот пратенички состав, само 5 проценти од пратениците, односно шест пратеници воопшто немаат доставено изјава за имотна состојба и интереси, по изборот на функција пратеник, додека 7,5 проценти од пратениците, односно на девет пратеници се уште им тече рокот од 30 дена […]

Кошаркарите на САД ги декласираа Јокиќ и Србија пред Олимпијадата


Кошаркарската репрезентација на САД ја забележа третата последователна победа во подготовките за Олимписките игри во Париз. Селекцијата на Стив Кер го одигра најсилниот неофицијален натпревар ова лето и ја декласираше Србија на Никола Јокиќ со конечни 105:79 (28:28, 31:17, 24:13, 22:21) на средбата одржана во Абу Даби. Во ротацијата на Американците повторно отсуствуваше Кевин Дурант, […]

Путин го потроши речиси целото советско оружје во Украина


  Владимир Путин се обидува да ја врати империјалната величина што неговата земја ја загуби по распадот на Советскиот Сојуз. Тој може особено да им се заблагодари на неговите советски претходници што му оставиле огромно наследство на воен хардвер. Со илјадници стари тенкови и оклопни возила, Путин сега е во третата година од војната во […]

За шест месеци во Албанија запленет имот вреден 100 милиони евра


По налог на општинските обвинителства во Албанија, во првата половина од годинава запленет е имот вреден околу 100 милони евра, стекнат од криминални активности. Според извештајот на државното јавно обвинителство, најголеми заплени на имот се извршени во Тирана во вредност од 60 милиони евра. Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност во Тирана само во […]