Од следната седмица ќе почне исплатата на повратот на ДДВ, УЈП ќе прави и контрола за одредени барања


Управата за јавни приходи известува дека од следната седмица преку Министерството за финансии ќе започне исплатата на повратот на ДДВ. Од УЈП велат дека веднаш по назначувањето на нов директор била формирана Комисија за унапредување на процесите за ДДВ. Од таму посочуваат дека поради тоа што УЈП нема воспоставено централизирано управување со повратот на ДДВ […]

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтер ја погоди Гватемала


Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска Гватемала, соопшти Германскиот центар за геолошки истражувања. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 272 километри. Засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.

Крвата одмазда: Најмалку три лица загинаа, а 87 се ранети во израелскиот напад врз јеменското пристаниште Ходеида


Најмалку три лица загинаа, а 87 се повредени во напад на израелските воздухопловни сили врз пристаништето Ходеида во Јемен, контролирано од Хутите. Нападот беше извршен откако јеменските бунтовници Хути лансираа беспилотно летало на Тел Авив во петокот, при што загина еден Израелец, а беа повредени најмалку 10 лица. Според израелската војска, пристаништето Ходеида се користело […]

Користете ја водата рационално: ЈП Водовод и канализација – Скопје со апел до граѓаните


Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Податоците на ЈП Водовод и канализација – Скопје покажуваат зголемена потрошувачка на водата, чие дневно производство достигнува и над 340.000 метри кубни вода, што е за 30 проценти зголемување во однос на […]

Не е само Трамп: Изолационистичките ставови на Венс поттикнуваат загриженост за иднината на односите ЕУ-САД


Изборот на Доналд Трамп на 39-годишниот републикански сенатор од Охајо, Џеј. Ди. (Џејмс Дејвид) Венс за негов кандидат за американски потпретседател и можноста оваа двојка да „ја освои“ Белата куќа во Вашингтон на претседателските избори во ноември, предизвикува дополнителна загриженост во ЕУ околу иднината на посветеноста на САД на европската безбедност. Политичките убедувања на Венс, […]

Претседателката на ЕБОР Одил Рено-Басо утре во посета на Северна Македонија


Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, од утре ќе биде во посета на Северна Македонија. За време на нејзината втора посета на земјава, претседателката на ЕБОР, како што е најавено, ќе се сретне со Владини претставници, клиенти, претставници од бизнис секторот и претставници од граѓанскиот сектор. – Со задоволство ја […]

Зголемен интензитетот на сообраќај на ГП Богородица и Табановце


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ. Се бележи поголем интензитет на сообраќај на граничните премини Богородица и Табановце. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува […]

Делата на кумановскиот уметник Кашавелски презентирани во светските метрополи, рангиран меѓу најдобрите десет реалисти во светот


Летово беше исклучително успешно за уметникот од Куманово, Синиша Кашавелски за кого кумановци со гордост велат дека е светско, а наше. Речиси и да не постои награда, меѓународно призната која не ја освои, ниту пак салон во кој не беше презентирано негово дело во светските метрополи. Како врвен уметник, рангиран меѓу најдобрите десет реалисти во […]

И понатаму многу топло, попладне локална нестабилност, од вторник пад на температурата


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне […]

Мбапе најмногу заработува во Реал, но не и во Ла Лига


Францускиот фудбалер Килијан Мбапе на почетокот на неделата беше претставен како нов напаѓач на Реал Мадрид, на кој реши да му се приклучи и покрај понудата на ПСЖ да го продолжи договорот и се обврза на петгодишна соработка. Кога го потпиша тој договор се согласи на многу помала плата од досегашната. Реал не мораше ништо […]

СДСМ: Мицкоски се прикажува како државен полицаец и покажува дека не знае како се увезуваат лековите


  Опозициската СДСМ денеска оцени дека премиерот Христијан Мицкоски покажал целосно непознавање за тоа како функционира фармацевтскиот пазар и увозот на лекови. „Или е неук, или пак поопасната можност е да планира да увезува лекови од паралелен увоз, како што тоа се правеше во времето на Груевски. Пазарот на лекови е најрегулираниот пазар во земјата. […]

Тадеј Погачар е неуништив, уште една етапна победа на Тур де Франс


  Целосно доминантниот Тадеј Погачар победи на последната планинска етапа до Кол де ла Кујол во Приморските Алпи и е сѐ поблиску до завршување на ретка двојна победа на Џиро д’Италија и Тур де Франс во истата сезона. Повторно, 25-годишниот лидер на тимот „ОАЕ Емирати“ се најде како вози до целта со бранителот на титулата, […]

Билјана Ивановска: Оценките на ДКСК за велосипедот се навреда за сите совесни функционери


  Сегашниот и претходниот состав на Антикорупциската комисија влегоа во клинч поради две работи – дипломатските пасоши и одењето на работа со велосипед или автобус. Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, во името на сите членови на претходниот состав, денеска преку Фејсбук ги оцени квалификациите на сегашниот состав на ДКСК околу одењето на работа […]

СДСМ бара обвинителството да истражи како Игор Јанушев добил на подарок градежно земјиште од 325.000 евра


  Опозицијата се сомнева дека во подарокот за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев во центарот на Скопје – градежно земјиште во вредност од 325.000 евра – има нешто што е незаконско. СДСМ бара Антикорупциска комисија и обвинителството да ја испита законитоста на оваа зделка. „Волкот го менува влакното, но не и карактерот. ВМРО-ДПМНЕ беше […]

Мицкоски лично во Царина ќе ги гледал фактурите за увоз на лекови


  Премиерот  Христијан Мицкоски ќе ја преземе работата на директорот на Царина и одговорните службеници таму и лично ќе ги прегледувал фактурите за убоз на здравствени медикаменти. Тој денес изјави дека тој и Владата нема да дозволеле „сопствениците на веледрогериите да се богатат на здравјето на граѓаните“. Според него, состојбата во здравството е „апокалиптична“. „Лично […]

МНР: Антикорупционерите не се лица кои имаат задолжително право на дипломатски пасош


  По неколкдневни нејаснотии околу тоа дали членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) имаат или немаат право на дипломатски пасоши, денеска се огласи Министерството за надворешни работи, кое вели дека тие не им следуваат законски. „Членовите на оваа Комисија не влегуваат во категоријата на лица кои согласно со актите кои го регулираат […]

Одењето на работа со велосипед е популизам, тврди Антикорупциска


  Донеодамнешниот премиер на Холандија и иден генерален секретар на НАТО, Марк Руте, да ти бил популист, според објаснувањето на новата Антикорупциска комисија. Руте на работа доаѓаше генерално со велосипед, а според денешното соопштение на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) „возењето велосипеди или одењето со автобус на работа е чист популизам“. Значи, сите […]

„Времето истече. Излези“: Притисокот на демократите врз Бајден станува огромен


  Уште еден бран демократи ги обнови повиците до претседателот Џо Бајден да се откаже од трката во петокот – ненадеен наплив на дезертери на крајот од една недела криза за кампањата на Бајден, што беше дефинирано со протекување и шепоти за потенцијалното излегување на претседателот . Прв во петокот беше конгресменот Шон Кастен, кој […]

Русите нападнаа енергетски објекти во Укарина, а Киев воен аеродром близу Ростов


  Руската армија нападна објекти на енергетската инфраструктура во регионите Полтава, Суми и Чернихив, објави операторот на електричната мрежа „Укренерго“ на својот канал на Телеграм. Како резултат на тоа, индустриските и домашните потрошувачи во регионите Полтава и Чернихив останаа без струја. Вкупно, во ноќта на 20 јули, Русија гранатираше пет региони на Украина: Харков, Полтава, […]

Марјан Доказ не вршел рекет и уцена, пресуди Апелацискиот суд


  Марјан Стаменковски, сопственикот на порталот „ДоказМ“, е ослободен од обвинението дека вршел рекет и уцена во обид, бидејќи ги немало сите елементи на кривичното дело, одлучи Апелацискиот суд Скопје. Стаменковски се гонеше дека уценувал поранешен директор на Царина, а се бранеше дека сите информации ги добивал од обвинителите Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев, кои […]