Барокна музика одекна на „Охридско лето“ : Ансамблот  „Маре Нострум“  воодушеви на италијанската вечер 


  Музичкиот барок како најзначајна  епоха во развојот на  музичката уметност  вчеравечер на „Охридско лето“ го донесоа членовите на  ансамблот „Маре Нострум“ кои настапија во рамките на традиционалната Италијанска вечер на фестивалот. Под диригентската палка на маестро  Андреа Де Карло, настапија  сопранот Џулија Болкато, контратенорот Данило Пасторе, баритонот Масаши Томосуги и тенорот Анџело Тестори.  Публиката […]

(Фото) Свлечиште во Словенија затрупа куќи


 Во областа Кокра во општината Предвор во Словенија вчеравечер невреме предизвика големо лизгање на земјиштето кое затрупа неколку куќи. Градоначалникот Рок Роблек проценува дека денеска во рехабилитацијата ќе учествуваат повеќе од 100 припадници на различни служби и волонтери. Забраната за движење и прелет на беспилотни летала е на сила до понатамошно известување. „Четири куќи се […]

Емоција, тоа е Калиопи: И старо и младо на нозе на магичниот концерт на Хераклеа


Два часа емоции, врвна музика, хитови кои се вечни и  новите кои допрва ќе станат, ни приреди поп-дивата Калиопи, синоќа, под ѕвездено небо, во магичната Хераклеа, каде и илјадници години старите камења вибрираа од добра музика и позитивна енергија. Тоа го може само милата Калиопи која беше во топ-форма и со гласот и со досетките, […]

Прекинато па нормализирано влегувањето во Грција преку Евзони и Дојрани, паднал системот на грчка страна


На граничниот премин Богородица без проблеми и со вообичаена динамика за овој период од годината, се одвива протокот на патници. Истото се однесува и за ГП Евзони на грчка страна, соопштија од МВР, откако утринава на кратко паднал системот на двата гранични премини-Евзони и Дојрани и беа објавени информации дека се создадени долги километри за […]

Рекордно висока влажност на воздухот од над 95 проценти во Истанбул, во областа Хатај температура од над 40 степени се чувствувала како 62 степени Целзиусови


Жителите на Истанбул имаа тешка ноќ поради рекордно високата влажност. Во многу области на градот таа беше над 95 отсто, јавува турската телевизија НТВ. Просечната температура измерена синоќа во турската метропола изнесуваше 28,3 степени. Рекордно висока влажност е измерена во областа Аташехир во азискиот дел на градот – 99 отсто, информира НТВ. Голем дел од […]

Загина моторџија во сообраќајка на бул „Гоце Делчев“ во Скопје


Во саботата, во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„518“, ул. „516“ и бул.„Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со холандски национални ознаки, управувано од Б.С.(43) од Холандија и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.С.(50) од Скопје. Во несреќата мотоциклистот се здобил […]

Уличен дефект остави без вода дел од Ѓорче Петров


 Поради уличен дефект на ул. Николај Островски 50, по старо Бертранд Расел во населба Ѓорче Петров, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Ново Село, Волково, Стопански Двор и Орман. Како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:45 до санирање на дефектот. 

Барселона најави зголемување на таксата за туристите кои доаѓаат со бродови за крстарење


 Барселона ќе ја зголеми туристичката такса за патниците кои пристигнуваат со прекуокеански бродови и остануваат во градот помалку од 12 часа, изјави денеска градоначалникот Жаиме Колбони. Тој изјави дека туристичката такса за патниците од крузерите во моментов изнесува седум евра дневно, но не прецизираше за колку таа сума ќе биде зголемена, освен дека поскапувањето ќе […]

Од среда позначајно намалување на дневните температури


Опаѓање на дневните температури во претстојната работна седмица, со позначителен пад од среда, прогнозира Управата за метеоролошки работи.  Утре ќе се задржи сончево и топло, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. -Во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и […]

Српската хеликоптерска единица ја заврши мисијата за помош на Македонија во гаснењето на шумските пожари


Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи, Хеликоптерската единица и Одделот за вонредни состојби ја завршија меѓународната мисија за помош на Северна Македонија во гаснењето шумски пожари и денеска се вратија во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. – Припадниците на МВР за пет работни дена со хеликоптерот Камов Ка-32, специјализиран за гаснење пожари […]

Утре почнува производството на првиот електричен автомобил во Крагуевац


ФЦА Србија утре официјално ќе ја одбележи успешната реализација на проектот во фабриката „Стелантис“ во Крагуевац – воведување на нови линии и почеток на производство на електричниот модел „Фијат Гранде Панда“, јави дописникот на МИА од Белград. Новиот модел е направен во две верзии – електричен и хибриден, а од Крагуевац прво ќе пристигне во […]

Патувањето на Мицкоски и министрите во Вашингтон чинело речиси 20.000 евра, тврди СДСМ


Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, денес на прес-конференција обвини дека премиерот Христијан Мицкоси и министрите во негова придружба, на патувањето во Вашинготн потрошиле речиси 20 илјади евра. „Денеска ја откриваме точната сума на нарачаните карти за него, а за да биде скандалот уште поголем, дознаваме и дека сите негови министри патувале со бизнис класа“, изјави […]

Руски ловци пресретнаа американски бомбардери над Баренцовото Море, според руското МО


 Руски борбени авиони МиГ-29 и МиГ-31 пресретнаа американски стратешки бомбардери Б-52Х кои се приближувале до државната граница над Баренцовото Море, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. „Руските системи за контрола на воздушниот простор над Баренцовото Море открија групна воздушна цел која се приближуваше до државната граница на Руската Федерација. Со цел да се идентификува воздушната […]

ЦУК: Пожарот зад армиското стрелиште Пенуш се движи во насока кон Брегалница


Пожарот што се разви вчера далеку зад армиското стрелиште Пенуш кај Штип, како крак на големиот пожар на Серта, полека се движи во насока кон Брегалница, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Ќе се обидеме да го сопреме на тампонираниот пат кој се протега околу полигонот Криволак од штипската страна.  Гори пред се […]

Ракитиќ потпиша за Хајдук од Сплит


Поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец, Иван Ракитиќ потпиша за Хајдук, соопшти вечерва клубот од Сплит. Ракитиќ доаѓа од саудиски Ал Шабаб и во недела навечер официјално ќе биде претставен како најголемото засилување на Хајдук. Во својот нов клуб ќе го носи дресот со број 11. Ракитиќ има 36 години, кариерата ја започна во Базел, а потоа […]

Украинска армија уништила 35 од 39 дронови лансирани од Русија


Русија го изврши својот петти напад со беспилотни летала врз Киев во изминатите две недели, а украинската војска соопшти дека системите за противвоздушна одбрана ги уништиле сите беспилотни летала пред да стигнат до главниот град на Украина. Во соопштението на украинските воздухопловни сили и силите за противвоздушна одбрана објавено на каналот Телеграм, се наведува дека […]

Драган Ѓорѓевиќ Сузуки на виолончело и Дино Имери на пијано вечерва на „Охридско лето“


На понудата на музичката програма на „Охридско лето“ денеска е целовечерниот концерт на српскиот виолончелист Драган Ѓорѓевиќ Сузуки, во пијано придружба на нашиот пијанист Дино Имери. Професионалната критика го оценува Драган Ѓорѓевиќ како една од најоригиналните уметнички личности на неговата генерација. Именуван како еден вид српски амбасадор на виолончелото, Драган е основач на ансамблот „Вива […]

Трамп: Никој не ми кажа пред говорот во Пенсилванија дека има проблем


Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп изјави дека пред неговиот говор на митинг во Пенсилванија минатата недела, кога напаѓач го рани во увото, никој не го предупредил дека има проблем. Тој додаде дека мислел дека е грешка и прашал како некој се качил на тој покрив (од кој пукал напаѓачот) и зошто […]

Ангелов: Од вкупно 30 пожари вчера, се уште се активни девет пожари


Во текот на вчерашниот дена имаше вкупно 30 пожари на отворен простор. Од нив се уште се активни девет пожари, под контрола (пожари кои не можат да се шират но се уште има горење) се ставени шест, а 15 пожари се целосно изгаснати, иако за жал, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи […]

„Лингвистичките дела на Олга Иванова“, нова книга од Васил Дрвошанов


 Објавено е второто издание на книгата „Лингвистичките дела на Олга Иванова“, од Васил Дрвошанов, единствена монографија во Македонија во која се обработува севкупното творештво на еден лингвист. Книгата е објавена по повод 85 години од раѓањето на Олга Иванова и осум години од нејзината смрт, од страна на лингвистот, критичар и поет Васил Дрвошанов, дело […]