Сончево и топло, до 34 степени


Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. UV=8 Во Скопје сончево и топло со мала до […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 5 јули 2024 година, 187-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 179 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 4 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Огромна победа на лабуристите, Британија влезе во нова ера


  Кир Стармер е на пат да извојува убедлива победа на изборите во Обединетото Кралство, враќајќи ги лабуристите на власт и ставајќи уникатен крај на 14-годишното владеење на конзервативците. Излезната анкета од 22 часот, составена во име на трите главни радиодифузери, предвиде дека лабуристите ќе освојат 410 места, обезбедувајќи мнозинство од 170, наспроти 131 на […]

По Киев Орбан отиде во Москва


Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска отпатува за Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин, само неколку дена по неговата посета на Киев, објави порталот „Еурактив“ (Euractiv). Орбан во Москва е придружуван од шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто. Последната средба на Орбан со Путин беше во октомври 2023 година на Форумот Појас и […]

Сиљановска: Извештаите на Судскиот совет се како памфлети, таков каков што е не треба да постои


Како очекувате независно судство со ваков Судски совет и Совет на јавни обвинители. Јас не очекувам, бидејќи тој што е чувар, треба да биде најдобриот. Таму се потребни сериозни промени. Тие две тела се во моментов како да не постојат, можеме ние да ги менуваме со двајца нови и така, натаму, меѓутоа се потребни сериозни […]

Северно Море исфрли еден тон кокаин на брегот на Германија


Големо количество дрога исфрлило Северно Море на германскиот остров Боркум, соопшти денеска Обвинителството во градот Аурих. Турист во април на плажа пронашол голем број сомнителни чанти врзани со појас за спасување и пријавил во полиција. Обвинителството во Аурих сега потврди дека во вреќите имало околу еден тон кокаин. Тоа е најголемата количина на дрога што […]

БДП годинава ќе биде понизок од проектираниот, затоа јавниот долг ќе биде повисок, вели Димитриеска Кочоска


Ќе имаме зголемен процент на јавниот долг, БДП оваа година ќе биде меѓу 2,1 и 2,5 проценти, наместо проектираните 3,4 отсто, рече вечерва министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска. Таа најави и пренамена на 100 милиони евра за општините со најавениот ребаланс на Буџетот што треба да заврши до крајот на јули. Во гостувањето на […]

(Видео) Норвешка министерка ја крена кошулата и ги затресе голите гради во тв-шоу, премиерот се гордее со неа


Норвешката министерка за култура и еднаквост, Лубна Џафри за време на гостувањето во една телевизиска емисија ја крена кошулата и ги откри голите гради. Минатата недела министерката гостуваше во ток-шоуто „Skeiv Preik“, емисија која е дел од Oslo Pride, каде и беше врачена наградата „Геј мајка на годината 2024“. Наградата се доделува на дами кои […]

Името е во нераскинлива врска со срцето и умот, вели Сиљановска


  Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова смета дека нашата држава многу одговорно се однесува кон Преспанскиот договор, но не е сигурна дека тоа го прави Грција. „Таму ќе видите ‘Скопиа’, ‘Фиром’, но не и Северна Македонија, рече Сиљаноска во емисијата „Само интервју“ на Канал 5. Таа додаде дека Грција или ЕУ треба да ја советува […]

Цените на нафтата на нивоа од 87 долари


Цените на нафтата во четвртокот се задржаа на околу 87 долари. Знаците за слабеење на побарувачката за работна сила во САД го намалија оптимизмот на трговците на почетокот на летната сезона на патувања. На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 29 центи отколку на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 87,05 […]

Мбапе: Му се восхитувам на Роналдо, но целта е победа над Португалија


о пресрет на пресметката со португалската репрезентација, капитенот на Франција, Килијан Мбапе е оптимист. Во петок навечер, светските шампиони од 2018 година ќе ги одмерат силите со европскиот шампион од пред 8 години во четвртфинален дуел на ЕП 2024. Логично, акцентот паѓа на пресметката помеѓу новиот напаѓач на Реал Мадрид и поранешниот, Кристијано Роналдо, кој […]

Еруптираше вулканот Етна (видео)


Вулканот Етна на Сицилија вечерва еруптираше исфрлајќи лава и густ чад, но нема големи облаци од пепел над италијанскиот медитерански остров. Засега нема информации за предизвикана штета од ерупцијата на вулканот. Етна е еден од најактивните вулкани во светот, а посебно е активен кај југоисточниот кратер. Исто така е најголем активен вулкан во Европа со […]

Доцни стартот на експерименталната фаза на фузиониот нуклеарен реактор во Франција


  Почетната експериментална фаза на нуклеарниот реактор за фузија ИТЕР во францускиот Сен Пол-лез Дуранс најверојатно нема да започне до 2034 година, подоцна од планираното, поради пандемијата и проблемите со деловите, објави проектниот тим. ITER требаше да биде лансиран само накратко во 2025 година за тестирање, со ниски нивоа на енергија. Новиот план предвидува првата […]

Ѓоковиќ после три часа игра се пласира во 3-то коло на Вимблдон


Новак Ѓоковиќ по три часа игра го совлада 277. тенисер во светот, Џејкоб Фирнли со 3-1 во сетови. Новак без проблем и рутински ги доби првите два сета со 6-3 и 6-4, имаше и брејк во третиот сет, но Фирнли не се предаде и направи пресврт, добивајќи го сетот со 7-5. Меѓутоа Ѓоковиќ во следниот […]

Одобрени апанажите за Маричиќ, Шаќири и Бајрами


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска, во рамки на 3. седница, со 10 гласови „за“ и еден „против“ ги поддржа барањата на Бојан Маричиќ, Јетон Шаќири и Наим Бајрами да добиваат апанажа по престанок на нивниот работен однос. Никој од членовите на Комисијата не побара збор, поради што точката беше веднаш ставена […]

Кои се новите в.д. медицински директори во повеќе клиники?


Министерот за здравство д-р Арбен Таравари именуваше нови в.д. медицински директори во следните јавни здравствени установи: Универзитетска клиника за уво нос и грло – д-р Игор Камшикоски Универзитетска клиника за дерматологија – д-р Катерина Дамевска Универзитетски институт за радиологија – д-р Соња Николова Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – д-р Ирена Алексиоска-Папастиев Универзитетска клиника […]

Костадиновски: Најавените реформи на Судскиот совет и Советот на ЈО мора да бидат во согласност со Уставот


Владата и Собранието имаат легитимно право и уставно овластување ако увидат слабости да пристапат кон измени и дополнување на одредени законски решенија, вели претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски во однос на најавените реформи на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители и порачува дека „од исклучителна важност за правната држава е било какво законско […]

Ангелов седна на координација со пет министри, не дојде само Николоски


 Во просториите на Центарот за управување со кризи денеска се одржа конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи на којашто присуствуваа членовите, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за здравство Арбен […]

Бебе елен-лопатар се роди во Скопската зоолошка градина


Во скопската Зоолошка градина се роди бебе од видот елен лопатар. Информацијата попладнево ја споделија од Зоолошката на нивната страница на „Фејсбук“. -Нашето најново бебе од видот елен лопатар. Малечкото веќе напредува супер и е милениче на целата група елени кои се грижат за него, објавија од Зоолошката градина.    

Солзи и една минута молчење : „Меморија“ промовираше три видеоспота пред концертот во ноември


Членовите на култната македонска поп-рок група „Меморија“ денеска го промовираа новиот видеоспот за песната „За тебе“ и ја одржаа првата прес-конференција по повод големиот солистички концерт закажан за средината на ноември 2024 година во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Пред бројните телевизиски екипи и новинари од различни медиуми, пријатели и поранешни членови на бендот, како […]