Млад скопјанец насилно бил пренесен во Ќојлија и натеран да се самозапали!


Денеска, половина час по полноќ, во СВР Скопје од страна на Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека настанал пожар во индустриска зона Ќојлија, а малку подоцна од страна на полициски службеници од ГП Меѓународен аеродром Скопје било пријавено дека во нивниот објект со повреди од изгореници дошол Б.А.(24) од Скопје, кој кажал дека од […]

Грција под вода: Пороите носат сè пред себе


Дожд и силно невреме ја погодија Грција, а последиците од лошото време веќе се манифестираа на северот на Атика и областите на централна Грција и Самотракија. Во голем број случаи веќе имало поплави, додека громови предизвикале пожари, поради што пожарникарите имале полни раце работа. Мрежата на Националната опсерваторија на Атина забележала над 400 удари од […]

Поскапува пивото на Октоберфест годинава


На претстојниот Октоберфест цената на пивото ќе се зголеми во просек за 3,9 отсто, а за првпат познатата литарска кригла ќе надмине 15 евра, објавија во средата минхенските власти, пренесе германската новинска агенција ДПА. Имено, на фестивалот во баварската престолнина криглата ќе чини од 13,60 до 15,30 евра. Опсегот лани беше 12,60 – 14,90 евра. […]

Марина Димовска го помина комисискиот филтер за генерален секретар на Собранието


Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска дадоа поддршка Марина Димовска да биде избрана за генерален секретар на Собранието на Република Северна Македонија. Димовска е дипломиран политиколог и магистер на економски науки од областа на меѓународна економија. Таа работи во Собранието од 2009 година. За заменик генерален секретар на Собранието е […]

Љутков побарал ревизија за Универзална, закочен е и проектот Скопје- Европска престолнина на културата во 2028


Ќе се прави комплетна ревизија на постапката за реконструкција на Универзална сала, најави новиот министер за култура Зоран Љутков. Додека заврши ревизијата, Министерството нема да одобри никакви активности на салата, што значи дека и понатаму ќе стои соголена и изгорена од пожарот. „Целата постапка во однос на преземањето на Универзална сала на Министерството за култура […]

Версај евакуиран


Версајската палата денеска е евакуирана, а како што соопшти француската полиција „не се работи за терористички напад“. „Ова не е терористички напад. Имаше расправија меѓу улични продавачи пред замокот“, изјави портпаролот на француската национална полиција Блу Пари. Одделот за комуникации на Версај излезе во јавноста со информација дека објектот е евакуиран и дека посетителите не […]

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на Клиниката за гинекологија


Ирена Алексиоска Папестиев е нова директорка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје, потврди таа за МИА. Таа завршила Медицински факултет на УКИМ во 2006 година. Специјализација по гинекологија и акушерство завршила во 2012 година на ГАК, каде има долгогодишно работно искуство, од 2007 година. Сега била избрана за професор на Медицинскиот […]

Германија потпиша договор од 2,1 милијарди евра со Ербас за воени сателити


Германската армија потпиша договор вреден 2,1 милијарди евра со Ербас за следната генерација воени комуникациски сателити наречени „SatcomBw 3“, соопшти денеска Ербас. Договорот вклучува управување со проекти за два сателити „како и копнениот сегмент (станици за прием), лансирање и работа за 15 години“, се вели во соопштението. Сателитите „SatcomBw 3“ мора да бидат лансирани и […]

Недела на дизајн во Скопје во ноември: “Чиста мобилност”


“Недела на дизајн во Скопје” – фестивал кој со години го третира индустрискиот дизајн и дизајнот на производ, ќе се одвива од 6. до 10. ноември во Јавна соба, Мала Станица и Литература – Дајмонд мол, но претходно следат и низа активности, работилници и предавања.    Оваа година темата на “Неделата на дизајн во Скопје” […]

Мицкоски прашува: Дали и во Албанија ќе влезат Бугарите во уставот?


  Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за се’ што се случува со Бугарија виновна е владата на СДСМ и ДУИ, која оставила празен простор за бугарската пропаганда. Прашан за коментар за пропагандата на Бугарија во Албанија во однос на poпишувањето на Македонците како бугарско малцинство, Мицкоски уверува дека Владата има сериозна намера да се грижи […]

Управниот суд пресуди дека Јолевски ја дискриминирал Ленче Ристоска


Управниот суд пресуди дека поранешниот претседател и сегашен член на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски ја дискриминирал обвинителката Ленче Ристоска,  пренесе Фокус.Денеска Судот ја одби неговата тужба како неоснована и го прифати мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, па сега Јолевски ќе може да се жали пред Вишиот управен суд.   […]

„Тумба Маџари“ ќе биде дел од културниот туризам, соопшти Љутков


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска од неолитскиот локалитет „Тумба Маџари“ ја информираше јавноста за новото откритие од актуелните археолошки истражувања, фигурина од типот на „Голема Мајка“. „Новооткриената фигурина, заедно со уште една амфора, се значајни предмети кои ја збогатуваат ризницата на раритетни откритија на тлото на државата и  даваат посебна ексклузивност на македонската […]

Усвоени барањата за апанажа на Маричиќ, Шаќири и Бајрами


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска, во рамки на 3. седница, со 10 гласови „за“ и еден „против“ ги поддржа барањата на Бојан Маричиќ, Јетон Шаќири и Наим Бајрами да добиваат апанажа по престанок на нивниот работен однос. Никој од членовите на Комисијата не побара збор, поради што точката беше веднаш ставена […]

Милијардерката од Вимблдон: Американската тенисерка е побогата од Федерер, Ѓоковиќ и Надал


Американската тенисерка Ема Наваро годинава дебитираше на Вимблдон и беше многу успешна бидејќи стигна до третото коло. Оваа 23-годишна девојка во првите две кола со многу убедливи резултати ги победи Кинеската Ванг Кианг и Јапонката Наоми Осака. Таа моментално е 19-та рангирана тенисерка во светот, а многумина се на мислење дека нејзиното време допрва доаѓа […]

СВР Тетово очекува зголемен интензитет на сообраќај, апелира возачите да ги почитуваат законските прописи


 Со почетокот на јули, во поширокиот Полошки регион, подрачје кое административно го покрива СВР Тетово, се очекува повеќе сообраќај поради доаѓање на иселениците па сообраќајната полиција најавува и засилени активности за нормално одвивање на движењето со возила. Оттаму велат дека се преземени и превентивни мерки и овозможување на повеќе места за паркирање на возилата. -Секторот […]

Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенцијата за храна и ветеринарство


Подобрување на квалитетот на услугите во Агенцијата за храна и ветеринарство, засилување на инспекциските контроли во делот на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита на животните, нивната благосостојбa и ветеринарното јавно здравство, најавува новиот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов. Како што соопштија денеска од АХВ, Миланов на средбата […]

Уставниот суд демантира дека Кацарска го губи статусот на уставен судија


По прашања од повеќе медиуми, Уставниот суд информира дека во отсуство на официјални информации за било каква иницијатива за престанок на мандат на судија на Уставниот суд нема да дава коментари. Според објаснувањето, во Уставот во член 111 став 4 јасно се уредени основите за престанок на функција на уставен судија. Како што може да […]

Муцунски се сретна со грчката амбасадорка, ја уверувал во добрососедски односи


  Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду. На средбата, Муцунски изразил уверување дека земјава е силно посветена на натамошно унапредување на билатералната, регионалната и мултилатералната соработка со Грција, пред сѐ како НАТО партнери и сојузници, стои во соопштението на МНР. Муцунски истакнал дека наш […]

Неодоливи намалувања до -50% во омилените брендови на Fashion Group!


Можеби температурите повторно одат нагоре, но важно е дека кај нас цените одат надолу! Во тек е најголемото летно намалување во омилените брендови на Fashion Group каде ќе ги најдете сите ултра стилски парчиња што ви се потребни за шик сезона. Омилените комбинации за одмор, летни забави или долги прошетки сега можеш да ги направиш […]

„Убиец на Тесла“: Кинеската марка е на добар пат да стане „крал на светот“


Водечкиот кинески производител на електрични возила, BYD, се израмнува со Тесла во продажба, според податоците за продажба објавени од Ројтерс. Компанијата објави зголемување од 21 отсто во продажбата на електрични возила во вториот квартал – тоа е 426.039 ЕВ од април до јуни, само 12.000 возила помалку од проценетите испораки на Тесла за истиот временски […]