МАПАС: Членовите со бенефициран стаж до 17 септември да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд


Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ја известува јавностa дека согласно закон членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, почнувајќи од 17 јуни 2024 година […]

Американскиот натпревар во јадење хотдози во живо на Нетфликс


Американскиот натпреварувач во јадење хотдози, Џои Честнат повторно ќе се соочи со своите соперници во најновиот настан што овојпат ќе се пренесува во живо на Нетфликс на 2 септември, објави стрим-платформата. На претстојниот натпревар се враќа и Јапонецот Такеру Кобајаши (46), поранешен светски рекордер кој победи на натпреварувањето во Њујорк шест пати по ред пред […]

Речиси 5.000 мигранти загинале на пат кон Канарските острови за пет месеци


Речиси 5.000 мигранти загинаа во првите пет месеци од 2024 година, обидувајќи се да стигнат до Канарските Острови во Шпанија, се вели во извештајот објавен денеска од групата за заштита на мигрантите „Walking Borders“. Помеѓу 1 јануари и 31 мај, 4.808 луѓе загинаа на патувањето кон Канарските Острови по Атлантикот откако ги напуштиле Мароко, Мавританија, […]

ЦУК: Мечка убила и изела овци во гостиварско Равен


На бројот за итни случаи – 112, синоќа регистрирана е пријава за напад од мечка врз овци во општина Гостивар, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Добиена е пријава во 20.45 часот, за убиени и изедени овци во село Равен. Пријавителот информирал дека во вторникот, мечка му убила и изела шест […]

Гатузо го презеде Хајдук


Легендата на Милан, Џенаро Гатузо е нов тренер на Хајдук Сплит, официјално соопштија од хрватскиот клуб. Тој потпиша договор со тимот до летото 2026 година, а следната недела ќе пристигне во Сплит за да биде претставен пред навивачите на стадионот Пољуд и да започне со работа. Четириесет и шест-годишниот тренер до неодамна беше на чело […]

ОН: Рекордни 120 милиони луѓе присилно раселени поради војна, насилство и прогон


Вкупно 120 милиони луѓе живеат присилно раселени поради војна, насилство и прогон, објавија ОН, нарекувајќи ја бројката која постојано се зголемува како „страшно обвинение за состојбата во светот“. Агенцијата за бегалци на Обединетите нации, УНХЦР, соопшти дека присилното раселување на глобално ниво повторно ги урнало рекордите, при што конфликтите во места како Газа, Судан и […]

(Видео) Буенос Аирес во пламен, големи протести поради контроверзната реформа на претседателот


Интервентната полиција во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите пред зградата на Конгресот, откако пратениците во Сенатот на Аргентина првично ги одобрија реформите на претседателот Хавиер Милеи. Демонстрантите велат дека мерките ќе им наштетат на милиони Аргентинци бидејќи предвидуваат кратења на буџетот и социјалните бенефиции. […]

Бостон на чекор од триумф во НБА финалето


Бостон Селтикс го победи Далас Маверикс со 106:99 (30:31 20:20 35:19 21:29) во натпревар од финалето на НБА, а со успехот „Келтите“ сега водат со 3:0. Тоа значи дека Бостон речиси сигурно ќе ја освои титулата во НБА оваа сезона, бидејќи ниту еден тим во историјата на асоцијацијата не успеал да се опорави од негативата […]

Холандската групација ВДЛ го презема „Ван Хол“ во Македонија


Холандската групација ВДЛ (VDL Groep) презема дел од фламанскиот производител на автобуси „Ван Хол“ (Van Hool), објави ВДЛ на својата интернет страница. Како што појаснуваат од ВДЛ, семејната индустриска компанија со седиште во Ајндховен, Холандија презема делови од банкротираниот „Ван Хол“ во Белгија. ВДЛ го презема и производствениот погон на „Ван Хол“ во Северна Македонија. […]

На средбата на Г-7 Велика Британија ќе објави помош од 310 милиони долари за Украина


Британскиот премиер Риши Сунак на состанокот на Г-7 ќе објави помош за Украина во вредност од околу 242 милиони фунти (309,69 милиони долари). Средствата се наменети за задоволување на најитните потреби на источноевропската земја во области како што се хуманитарните и енергетските. Ова го соопшти кабинетот на британскиот премиер. „Мораме да бидеме одлучни и креативни […]

Промоција на „Шестарот на времето“ од Никола Маџиров


Со проекција на видеа, поетско читање и музички настап вечер ќе биде промовирана поетската книга „Шестарот на времето“ од Никола Маџиров. Стихозбирката, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, го обединува целокупното поетско творештво на Маџиров, еден од најпознатите и најпреведуваните македонски поети во светот. Поетско-музичкиот настан „Никола Маџиров […]

Традиционален концерт на Македонската филхармонија под наслов „Звукот на идната генерација“


Македонската филхармонија вечер ќе го реализира традиционалниот концерт под наслов „Звукот на идната генерација“, на кој настапуваат студентите од државните факултети за музика. Под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски, заедно со оркестарот ќе настапат младите таленти: Емилија Богоевска – виола, Јана Каевска – флејта, Дарко Кулевски – хармоника, Александра Кировска – гитара, Ивана Здравкова […]

Изложба „Циклус 19 II“ на академската уметница Христина Зафировска


 Ликовната изложба „Циклус 19 II“ на академската уметница Христина Зафировска вечер ќе биде отворена во Културниот центар „Кочо Рацин“ во Кичево. Изложбата е дел од програмата за одбележување на патрониот празник на Центарот. Зафировска преку своите дела на апстрактен и сликовит начин го прикажува реалното и невидливото со голо око, поттикната од промените на животниот […]

Интензивирање на економската соработка во фокусот на состанокот во Солун на бизнис делегации од Северна Македонија и Грција


Околу 30 бизниси од Северна Македонија предводени од Стопанската комора и 15-20 бизниси од Грција ќе присуствуваат на денешната средба во Трговско-индустриската комора на Солун (ЕВЕТ), со цел да се разгледаат можностите за проширување, продлабочување и зајакнување на економската соработка меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕВЕТ соопштија дека ќе бидат […]

Тепачка во италијанскиот Парламент поради закон за автономија на региони


Опозициски пратеник мораше да биде изнесен со количка од италијанскиот Парламент синоќа по расправија и тепачка за време на дебатата за поголема регионална автономија. Леонардо Доно од популистичкото Движење пет ѕвезди бил турнат и соборен на подот од други пратеници во хаотични сцени во Долниот дом на парламентот, објавија италијанските медиуми. Дебатата беше за законот […]

Министрите за одбрана на НАТО ќе разговараат за нуклеарно прилагодување


Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО на состанок што ќе се одржи денеска и утре во Брисел ќе разговараат за прилагодувањето на нуклеарните капацитети на сегашната безбедносна средина. – Во рамки на министерскиот состанок ќе се состане групата за нуклеарно планирање, на која сојузниците ќе разговараат за тековното прилагодување на нуклеарните капацитети на сегашната […]

Собраниска седница за избор на потпретседатели и за основање работни тела


Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи третата седница. На дневен ред на оваа седница е Предлог-одлуката за утврдување на бројот на потпретседатели на Собранието, а пред пратениците е и Предлог-одлуката за основање постојани работни тела. Седницата е закажана за 14 часот.

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради одржување министерски состанок во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Самит на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, денеска и утре СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за […]

Без струја денеска делови од повеќе скопски општини


Без електрична енергија денеска ќе бидат корисници од општините Кисела Вода, Центар, Чаир, Карпош, Аеродром и Чучер Сандево. Во периодот од 08.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Мишевска“ и „Бранко Заревски“, како и дел од корисниците од улицата „Китка“ лоцирани до раскрсницата со улицата „Ратко Митровиќ“ во општина […]

Самит на шефови на држави и влади и министерски состанок на ПСЈИЕ во Скопје


Самит на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Состанок на министрите за надворешни работи на Процесот, ќе се одржи денеска во Скопје како завршна активност во рамки на македонското претседавање со Процесот под мотото „Премостување на поделбите, градење доверба“. На Самитот, своето учество го потврдиле […]