Милиони луѓе на американскиот континент со овации го следеа затемнувањето на Сонцето


 Милиони луѓе вчера го гледаа реткото целосно затемнување на сонцето, кој привремено го затемни денот од Мексико до Канада пред САД. Луѓето со овации го следеа преносот во живо на НАСА кој се емитуваше од повеќе локации долж патеката на затемнувањето. Настанот почна на пацифичкиот брег на Мексико во 20:07 часот по средноевропско време. Мексиканскиот […]

Самостојна изложба на слика од Ратко Панчевски во КИЦ во Скопје


Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер ќе биде отворена самостојна изложба на слики од Ратко Панчевски. Со оваа изложба Панчевски го одбележува јубилејот 50 години ликовно творештво. Ратко Панчевски е роден во 1954 година. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје. Паралено со студиите учи сликарство кај проф. Љубомир Белогаски и Владимир Георгиевски. Работи како проектант […]

Со проекција на „Жена-Убиец / Фониса“ во Кинотека завршува Фестивалот на грчки филм


Со проекција на анимираниот краткометражен филм „Поглед од балконот“ на Арис Капланидис и на филмот  „Жена-Убиец / Фониса“ на Ева Натена во Кинотеката во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде затворено четвртото издание на Фестивалот на грчки филм. Повеќенаградениот филм „Жена-Убиец / Фониса “, кој е овогодишен успех во Грција, се базира на истоименото […]

Претставување и разговор со писателката и сценаристка Дора Шустиќ


Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје вечерва во 19, 30 часот ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателката и сценаристка од Хрватска, Дора Шустиќ. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски. На настанот ќе биде претставен нејзиниот роман „Пци“, за кој таа беше финалист за најзначајната награда за роман […]

Македонски железници одбележуваат 151 година од основањето


Железници на Република Северна Македонија денеска одбележуваат 151 година од основањето, односно кога на 9 април 1873 е пуштена македонската делница на трансбалканската линија Виена – Солун.  На настанот, што ќе се одржи денеска во Кино салата кај Железничко – патничката станица во Скопје, како што е најавено ќе се обрати директорот на Македонски железници […]

Седница на Уставен суд, ќе се разгледуваат 14 предмети што Судот ги оформил по сопствена иницијатива


Уставниот суд денеска ќе ја одржи 12. седница со  дневен ред на којшто се предвидени 14 иницијативи за оценување на законитоста и уставноста за предмети што Судот ги отворил по сопствена иницијатива. Станува збор за предмети во коишто, како што соопштуваат од Судот, се оспорени одредби од повеќе општини, а се однесуваат на автентично толкување на општините […]

Сончево и топло, температури до 28 степени


Претежно сончево и топло ќе биде денеска со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната од 22 до 28 степени. Во Скопје слично време со минимална температура до 6 и максимална до 28 степени. Периодот на сончево и топло време се очекува да продолжи и […]

Камерон пред посетата на Вашингтон ќе се сретне со Трамп во Флорида


Шефот на британската дипломатија, Дејвид Камерон, ќе се сретне со републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на Флорида на почетокот на неговата дводневна посета на Вашингтон, објави Лондон. -Посетата на Вашингтон, денеска и утре, ќе следи по средбата на министерот со поранешниот претседател Доналд Трамп на Флорида, изјави портпаролот на британското министерство за надворешни работи. „Вообичаено […]

Европските партии ќе потпишат Кодекс на однесување за Евроизборите


Европските политички партии денеска во Брисел ќе потпишат Кодекс на однесување за изборите за членови во Европарламентот закажани за јуни годинава, на церемонија чиј домаќин ќе биде потпретседателката на Еврокомисијата за вредности и транспарентност Вера Јоурова. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со ставањето потпис на Кодексот европските партиски групации се обврзуваат дека […]

Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан на комисиска расправа во ЕП


Комисиите за надворешни работи и за буџет на Европскиот парламент денеска на заедничка седница треба да ја разгледаат и да се изјаснат за Предлог-регулативата за воспоставување на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Предлог-регулативата за создавање на Механизмот е ставена на дневниот ред на заедничката […]

Путин конфискуваше еден од најголемите земјоделски холдинзи во Русија


  Кремљ продолжува да ги конфискува големите претпријатија на руската економија со последователна национализација или префрлање под контрола на бизнисмени блиски до властите. Во понеделникот, на 8 април, рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за префрлање на имотот на компанијата „Агротера“, една од првите 15 најголеми земјопоседници во земјата, под државна контрола. Според декретот, 100% […]

Силјановска – аутсајдер во сопствената кампања или жртва на лидерската величина на Мицкоски?


  Кандидатката за претседател, Гордана Силјановска-Давкова, сѐ повеќе е гостин на сопствената изборна кампања, што ѝ ја води и на која се фотографира без усул лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Освен што станува збор за класична партиска злоупотреба на нејзината кампања за да се билда рејтинг за парламентарните избори – нешто што треба да го […]

Германија: Милијарда евра годишно за велосипедска инфраструктура


Германија мора посилно да ја поддржи одржливата мобилност, вклучително и издвојување на една милијарда евра годишно за велосипедска инфраструктура, процени асоцијацијата на транспортни здруженија. „Потребни се еднакви предуслови за сите транспортни средства на улиците“, пишува во документот што здруженијата го презентираа во понеделникот во Берлин. Велосипедската инфраструктура, посочуваат, треба да биде поатрактивна и побезбедна. Синдикатот […]

Разбиена мрежа на фалсификатори на пари во Неапол. Банкнотите биле наречени Марадона и Пеле


Италијанската полиција денеска соопшти дека разбила мрежа на фалсификатори на пари во Неапол кои извезувале фалсификувани банкноти во Франција, Шпанија и Грција и дека уапсила неколку десетици лица, меѓу кои и тројца Французи. Групата произвела „вкупно околу шест милиони евра“ во банкноти од 20, 50 и 100 евра, се вели во соопштението објавено по завршувањето […]

(Во живо) Затемнувањето на Сонцето што се гледа од Мексико до Канада


Затемнувањето на Сонцето, феноменот кога Месечината поминува меѓу Земјата и Сонцето, е атрактивен и релативно редок феномен кој привлекува внимание. Додека „обични“ затемнувања на Сонцето се случуваат неколку пати годишно, целосно затемнување на Сонцето се случува на секои 18 месеци, па и поретко. Денеска, понеделник, 8 април, ќе има целосно затемнување на Сонцето. Како што […]

Нетанјаху: Постои датум за инвазија врз Рафа. САД: Не сме информирани


 Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека „постои датум“ за воена инвазија врз градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа. Тој во денешната видеопорака истакна дека операцијата во Рафа е од суштинско значење за победата на Израел во војната со Хамас. – Тоа ќе се случи. Постои датум, истакна Нетанјаху, не откривајќи детали. […]

Мицкоски му се закани и на Пендаровски дека „ќе одговара“


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред граѓаните на општина Демир Хисар порача дека СДСМ станала “ измеќар на ДУИ“, а Ахмети од вилаетот во Зајас управува со Македонија како некој блискоисточен шеик. Тој наедно му се закани на Пендаровски и на функционери од СДСМ дека ќе одговараат, како последна од многуте закани што ги упатува […]

Франција има воен радар кој сите очајно го посакуваат: Фаќа сè, од птици до ракети


Еден од најпродаваните производи на француската воена индустрија е радарот за воздушен надзор Ground Master (GM). Фабриката, во сопственост на Талес и лоцирана во малото гратче Лимур, на околу 50 километри јужно од Париз, се обидува да го удвои своето производство, но се соочува со низа проблеми кои вообичаено го мачат европскиот одбранбен сектор. „Со […]

Пендаровски: Во ВМРО-ДПМНЕ чесноста е исклучок, а криминалот е правило


На митинг со граѓаните на општина Кисела Вода претседателскиот кандидат Стево Пендаровски порача дека е убеден дека по двојните избори ќе постои политичка структура составена од луѓе кои знаат дека Македонија мора да биде дел од Европа за да биде просперитетна. „Македонските граѓани ја препознаваат вистинската опција за прогрес на сите нас кои живееме во […]

Ванковска најавува граѓански устав, ако стане претседател


Доколку на претседателските избори победи кандидатката на Левица, Билјана Ванковска, Македонија би имала нов, граѓански устав, чии столбови ќе бидат АСНОМ и резултатите од  референдумот од 1991 година. Ова може да се заклучи од презентирањето на дел од нејзината програма во телевизиско интервју на Телма. Според Ванковска, Македонија е шампион по менување на Уставот и […]