Разбиена мрежа на фалсификатори на пари во Неапол. Банкнотите биле наречени Марадона и Пеле


Италијанската полиција денеска соопшти дека разбила мрежа на фалсификатори на пари во Неапол кои извезувале фалсификувани банкноти во Франција, Шпанија и Грција и дека уапсила неколку десетици лица, меѓу кои и тројца Французи.

Групата произвела „вкупно околу шест милиони евра“ во банкноти од 20, 50 и 100 евра, се вели во соопштението објавено по завршувањето на истрагата.

При полициската интервенција во седиштето на групата, запленети се околу 200.000 евра фалсификувани банкноти, а седум лица се уапсени, меѓу кои и тројца француски купувачи, кои штотуку го завршиле купувањето на фалсификувани евра и се подготвувале да се вратат во Франција. се вели во соопштението за печатот.

Седиштето на мрежата и печатницата на фалсификуваните банкноти се наоѓале во стан во Неапол во зона под контрола на мафијашкиот клан на кој фалсификаторите му плаќале за осигурување.

Групата работела по принцип на обична трговска дејност, со работно време секој ден од 9 до 17 часот, а во недела до 13 часот, информираат од полицијата.

Купувачите на фалсификувани банкноти можеа да го изберат и квалитетот на фалсификуваните.

Банкнотите од 50 евра го носат името „Марадона“, по аргентинската ѕвезда Диего Марадона кој играше за Наполи, или „Пеле“ по бразилската фудбалска ѕвезда.

Во рамките на оваа истрага, судот во Неапол издаде 63 потерници, од кои дел се приведени, а дел се во домашен притвор.