Ковачевски: Со нас нема да има апсење на новинари


  ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски немаат визија за иднината на Македонија, тоа е факт, но деновиве покажаа дека сакаат да не вратат назад, покажаа злоупотреби на медиуми, апсење новинари, фалсификување анкети, злоупотреба на државни институции, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска на митинг на кандидатот за претседател на државата Стево Пендаровски попладнево во Кисела […]

Османи: Влегов во претседателската трка за да победам


Кандидатот на коалицијата „Европски фронт“ за претседател на државата, Бујар Османи, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, вели дека неговото кандидирање не е поврзано со одржувањето на парламентарните избори две недели по првиот круг од претседателските. „Мислам дека тоа е малку потценување и за нас кои се натпреваруваме, бидејќи со идејата – Албанец […]

Протести во Грузија поради новиот предлог-закон за странски агенти


  Грузиската владејачка партија Грузиски сон денеска поднесе предлог-закон до Парламентот, кој бара од медиумите и невладините организации да се регистрираат дека се под странско влијание доколку 20 отсто од финансирањето им е од странство. Поради предлог-законот опозицијата повикува на масовни протести. Предлог-законот е идентичен со тој што партијата Грузиски сон веќе го поднесе пред […]

Германците, запрепастени од криминалот меѓу странците, сакаат да ја ограничат имиграцијата


Во Германија, во понеделникот, откако во јавноста протекоа податоците за стапката на криминал меѓу странското население, која значително се зголеми во последната година, повторно беше отворена дебатата за потребата од ограничување на миграцијата. „Овој многу негативен развој покажува колку е напната ситуацијата со интеграцијата на странците и затоа итно ни е потребна годишна горна граница […]

Шпанскиот Врховен суд го повика Пуџдемон да сведочи во истрагата за „тероризам“


Врховниот суд на Шпанија денеска го повика пребегнатиот поранешен претседател на регионалната влада на Каталонија, Карлес Пуџдемон, да биде сведок на одбраната во случајот за наводен тероризам за време на протестите поврзани со неуспешниот референдум за независност на Каталонија во 2017 година. Пуџдемон и членот на каталонскиот регионален Парламент, Рубен Вагенсберг, се поканети доброволно да […]

ЗНМ бара одговори од МВР по кои стандарди е апсен новинарот Фуркан Салиу


  Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ќе поднесат формална претставка до Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи (МВР), за апсењето на новинарот Фуркан Салиу. Во претставката се истакнуваат повредите на правата на новинарот во три главни точки: 1.Непрофесионално […]

Анчелоти пред јубилејниот 200 натпревар во ЛШ: Тоа е големо достигнување


Најтрофејниот тренер во историјата на Лигата на шампиони (ЛШ), Карло Анчелоти, утре по јубилеен 200 пат ќе седи на клупата на натпревар во елитното европско клупско натпревање, кога Реал Мадрид ќе го пречека актуелниот шампион Манчестер сити во првиот четвртфинален натпревар. Анчелоти е тренер со најмногу трофеи во ЛШ (четири) и најмногу победи (114), а […]

Шпанија ќе ги укине „златните визи“ за странските инвеститори


Премиерот на Шпанија, Педро Санчез денеска најави суспендирање на програмата за така наречените златни визи, кои се издаваат на граѓани на земји надвор од Европска Унија, кои инвестирале значителни средства во недвижен имот во земјава. Програмата предвидува дека странците кои ќе инвестираат најмалку 500.000 евра на пазарот на недвижности во Шпанија ќе добијат право на […]

Слаѓана Милошевиќ погребана покрај својот татко, еве кој од поп-ѕвездите се простија во Белград


Српската авангардна уметница и пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ беше погребана денеска, 8 април, во белградско Лешче во кругот на нејзините најблиски пријатели и членови на семејството. Дадо Топиќ одржа емотивен говор со кој се прости од својата пријателка и соработничка со која во 80-години ја снимија култната песна „Принцеза“, пишува Телеграф.рс. Еден необичен детал покрај ковчегот […]

МФ: Приходите во Буџетот во првиот квартал повисоки од лани и во рамки на планираното


Министерството за финансии соопшти дека во првиот квартал од годинава се реализирани приходи во износ од 69,4 милијарди денари што е за 4,8 проценти повеќе во споредба со тој период лани и 22,4 проценти од планираното со Буџетот за годинава. Расходите се реализирани на ниво од 83,9 милијарди денари што е 24,4 проценти од планираното […]

Болните од мултипла склероза два месеци без терапијата која им го продолжува животот


Болните од мултипла склероза два месеци се без неопходната терапија која ја спречува прогресијата на оваа сериозна болест. Секој ден се молат да ги добијат потребните лекови кои им го продолжуваат животот. Стравуваат дека состојбата драстично ќе им се влоши ако не го добијат, а во меѓувреме државата си игра топло ладно и не може […]

Работилници за уметничка терапија „Длабинско цртање“ во Јуроп Хаус во Скопје, Струмица и Битола


Како дел од неодамна отворената мултимедијална изложба во резиденцијата на ЕУ посветена на состојбите со менталното здравје, насловена како „Одејќи по тенки линии“, мрежата на Јуроп Хаус во Северна Македонија минатата недела организираше две работилници и една интерактивна презентација на српскиот уметник Горан Стојчетовиќ за неговата уникатна техника за уметничка терапија наречена „Длабинско цртање“. Станува збор за техника во која оние […]

Костадиновска-Стојчевска: Охриѓани имаат богата културна програма и книги достапни за сите генерации


Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во Охрид во Библиотеката „Григор Прличев“ на промоцијата на проектот „Книгата поблиску до старите лица“, рече дека Министерството за култура инвестира во проекти што ја прават културата достапна за сите. „Охридската библиотека како институција на културата има исклучително значење за културниот развој на охриѓани. Затоа вложуваме во библиотечната дејност, во чии рамки за Охридската библиотека, […]

Од 1 јуни бесплатен градски превоз во Загреб за постарите од 65 години


Од 1 јуни, право на бесплатен јавен превоз ќе имаат граѓаните кои живеат во Загреб, а кои имаат 65 години и повеќе, соопштија од Градот. Со оглед на тоа што има речиси 160.000 мажи и жени од Загреб кои го остваруваат ова право, ЗЕТ овозможи преоден период во кој е можно бесплатно користење на транспортната […]

Османи ќе бара влада на национален спас


Влада на национален спас, е најновата идеја на ДУИ во пресрет на изборите. Доколку победи, нивниот претседателски кандидат Бујар Османи најавува дека ќе ги свика партиските лидери на средба по која сите би влегле во заедничка влада со цел да се спроведат уставните измени. Албанската опозиција идејата ја отфрли веднаш. Дилемата е дали тоа ќе […]

Тошковски до новинарот Салиу: „Лажете господине Фуркан“


  Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и вчера приведениот новинар Фуркан Салиу, денеска се соочија за време на изјава на министерот. „Според службените белешки двете службени лица велат дека има физички напад, а од снимките кои јас ги видов во најмала мера има спречување на службено лице во вршење на службена должност, има напад […]

Таравари: Шест месеци се добар период за да поминат уставните измени


Има еден договор меѓу нас, „Вреди“ и ДУИ, не потпишан, туку џентлменски, од пред повеќе месеци, дека европската интеграција би била приоритет за државата. Остануваме на тоа, но временски не можам да кажам „пред да се формира владата“, туку дека ние сме најголемата гаранција за идната влада дека ќе продолжи по европскиот пат, онака како […]

Жителите на Ибица живеат во автомобили и шатори поради високите цени на киријата


Цезар Небрера е еден од мештаните на Ибица кои живеат во своите автомобили бидејќи поради зголемените цени на киријата не може да си дозволи соодветен дом. Небрера е принуден да живее во својата зелена Kia, која ја паркирал под дрво до главниот пат недалеку од градот Ибица. „Ми недостигаат основните работи кои го прават животот […]

Инфлацијата пак забрзува, во март беше четири отсто на годишно ниво


Инфлацијата во земјава, мерена преку трошоцина на живот повторно зема замав во март годинава, покажуваат официјалните статистички податоци, објавени денеска. Така, на годишно ниво инфлацијата, односно трошоците на животот во март годинава, во однос на март лани, бележат раст од 4,0 отсто, а цените на мало од 3,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Инфлацијата […]

Османи сака да го претвори Охридскиот договор во политичко движење


Кандидатот за претседател Бујар Османи сака како иден претседател да ги обедини различните политички и етнички наративи и да биде активен адвокат на правата на граѓаните во борба против било која форма на дискриминација. На јавната дебата по повод одбележување на 8-ми април, Меѓународниот ден на Ромите, Османи истакна дека целта на Европскиот Фронт е […]