(Во живо) Затемнувањето на Сонцето што се гледа од Мексико до Канада


Затемнувањето на Сонцето, феноменот кога Месечината поминува меѓу Земјата и Сонцето, е атрактивен и релативно редок феномен кој привлекува внимание. Додека „обични“ затемнувања на Сонцето се случуваат неколку пати годишно, целосно затемнување на Сонцето се случува на секои 18 месеци, па и поретко. Денеска, понеделник, 8 април, ќе има целосно затемнување на Сонцето.

Како што наведува НАСА на својата веб-страница, целосното затемнување на Сонцето ќе започне над јужниот дел на Тихиот Океан. Првата локација во континентална Северна Америка која треба да ја доживее тоталитетот е пацифичкиот брег на Мексико. Затемнувањето потоа продолжува од Мексико, влегува во САД во Тексас, патува низ многу држави и влегува во Канада во близина на јужниот дел на Онтарио. 

 
Проследете го во живо: