Браните Конско и Отиња, остварен деценискиот сон на многу граѓани


Деценискиот сон на штипјани за изградба на брана која ќе го реши проблемот со водноснабдувањето во градот станува реалност. Интензивно се работи на камено земјената брана која со висина од 33 метри која ќе формира вештачко езеро. Акумулациската вода пред сè, ќе биде наменета за водоснабдување со технолошка вода за потребите во Штип и интервентно […]

Дендиас: Го надгледуваме воздушниот простор на Северна Македонија и сме многу горди за тоа


Грција го надгледува воздушниот простор на Северна Македонија во рамките на „air policing“ мисијата на НАТО и сме многу горди за тоа. Спроведуваме „air policing“ и во други земји што немаат воздушни капацитети, истакна министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас за време на панел дискусијата на Делфи економскиот форум, на прашањето дали Грција или […]

Дури 14 општини сами си пропишале надлежност за автентично толкување – Уставен ќе расправа


 Уставниот суд поведе постапка за 14 предмети кои ги оформи по сопствена иницијатива, кои се однесуваат за работата на дел од општините. – Судот изрази сомнеж дека 14 општини без да имаат законско овластување си пропишале надлежност за автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат. Тоа би било можно доколку законодавецот им определи таква надлежност, […]

Жесток руски напад на енергетската инфраструктура на Украина


  Русија ја нападна Украина со 82 ракети и беспилотни летала во раните утрински часови во четвртокот, гаѓајќи ја енергетската инфраструктура во пет региони во земјата. Силите на рускиот претседател Владимир Путин истрелаа 10 проектили само врз Харков, град на истокот на Украина кој од неодамна го носи најголемиот товар од руските напади, објави Државната […]

Инфлацијата во Кина и натаму е ниска, во март изнесуваше 0,1 отсто на годишно ниво


Годишната стапка на инфлација во Кина се намали од февруарските 0,7 отсто на 0,1 отсто во март, објави денеска Националното биро за статистика на Кина. Пазарите очекуваа малку повисока мартовска инфлација во Кина од 0,4 отсто на годишно ниво. Цените на храната во Кина се намалија за 2,7 отсто на годишно ниво, додека цените на […]

Долготрајната инфлација е поголема закана за Велика Британија отколку за САД, тврди претставничка на Банката на Англија


 Опасноста од долготрајна инфлација е поголема во Велика Британија отколку во САД, рече денеска официјалната претставничка на Банката на Англија, Меган Грин во напис за „Фајненшл тајмс“. Според неа, пазарите сега очекуваат Банката на Англија да ги намали каматните стапки порано од американската централна банка, ФЕД. Главната причина за овие очекувања, според Грин, е изненадувачки […]

„Ван Хол“ доби нови сопственици


  Белгискиот производител на автобуси „Ван Хол“, кој се соочи со банкрот, ќе биде преземен од холандската ВДЛ и германскиот „Шмиц Каргобул“, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што јави белгиската државна фламанска телевизија ВРТ, ваквата одлука е донесена на синоќешниот состанок на стечајните управници на „Ван Хол“, на кој биле отфрлени останатите доставени […]

Пендаровски: Со изборот на Силјановска Мицкоски сака да биде и претседател и премиер


 Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Квадарци порача дека 24 април ќе биде клучен датум и дека токму во првиот круг потребна е масовна поддршка на концептот што ја води државата напред, кон интеграција во ЕУ. „Значи 24-ти, е клучниот датум, затоа што по длабоко мое уверување на 24-ти, од тие резултати многу ќе […]

Новата кампања на Стела Макартни ги покажува последиците од модната потрошувачка


Стела Макартни штотуку ја промовираше својата нова кампања за сезоната Лето 2024, прославувајќи ја најодржливата колекција на брендот досега. Имајќи го тоа на ум, кампањата не води во фабриката за рециклирање Veolia во Јужен Лондон, со цел да ја прикаже „убавината што може да се најде во отпад“, истовремено потсетувајќи нè на опасните ефекти од […]

Фридом хаус: Надежите од соборувањето на Груевски допрва треба да се остварат


  „Циклични хибриди“, е групата во која е ставена Македонија во најновиот извештај на Фридом хаус „Нации во транзиција 2024″. Според оценката, таа е меѓу земјите во кои редовните промени во владејачката елита не носат значајни структурни промени и каде ривалските партии, во кои доминираат личностите или личните определби на нивните лидери, постојано ги политизираат […]

Зендаја на насловниците на американскиот и на британскиот Вог – гламурозна и полетна


Мрдни се, Бијонсе. Потргни се, Тејлор Свифт. Последната славна личност на која и е доделена ретката чест на две симултани насловни на Вог е Зендаја, со што се зацврсти нејзиниот статус на најбараната ѕвезда во моментов. Тоа е привилегија што им ја даваат на многу малкумина: ја имаше Адел во 2021 година – беше елегантна […]

(Видео) Напуштен град – изградбата чинеше 100 милијарди


Концептот за еколошки град со текот на годините станува се поприсутен, но еден таков мегаград со години се смета за град на духови. Мегаградот наречен Форест сити требаше да биде голема кинеска инвестиција кога првпат беше откриен, но со години е празен. Крајбрежниот град во Малезија, чија изградба чинеше 100 милијарди долари, е дизајниран да […]

Приватни специјализанти најавија генерален штрајк од понеделник


Приватни специјализанти најавија генерален штрајк од понеделник. Во денешното соопштение наведуваат дека и покрај одржаниот протест на приватни специјализанти на 27 март и остварената средба со министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, на 2 април, сѐ уште не биле исполнети нивните барања. – На средбата со министерот за здравство, од негова страна ни […]

Десетгодишници во Аеродром палат оган во парковите


Жители на Аеродром се запрепастени од непромисленоста на децата и од немањето реакција од родителите и околните жители. Имено, вчера, на празничен неработен ден, група деца на возраст од десетина години, се собрале во паркчето меѓу зградите и на палета ставиле суви дрва, па ги запалиле. Од фотографиите споделени на Фејсбук се гледа дека палетата […]

Бугарската уметница Надја Розева со прва изложба на медална скулптура во Чифте амам


На 11 април 2024 година, четврток, во 19, 30 часот, во Чифте амам ќе биде отворена изложба на уметнички медали и други дела на Надја Розева. Медалните скулптури се создадени помеѓу 2003-2024 година. Ова е прва изложба од ваков вид во нашата земја и ќе го насочи вниманието на јавноста кон интригантниот жанр на уметничкиот […]

Што се подготвува за секој хороскопски знак оваа пролет?


Астролозите најавија групирање на планети во знакот Бик, што може да донесе бројни промени на секој хороскопски знак. Погледнете што ве очекува оваа пролет. Астролозите најавуваат дека во април 2024 година ќе има собир на планети во знакот Бик. Ваков настан не се случил одамна, а на секој знак му носи промени. Овен Во вашиот […]

Французинка е пронајдена мртва во италијанска црква – барала опседнaти места


Италијанската полиција соопшти дека 22-годишната Французинка чие крваво тело беше пронајдено во напуштена црква во долината Аоста викендот, барала опседнати места со духови. Девојката им ги кажала плановите на членовите на семејството пред да го напушти селото во близина на Лион каде што живеела. Полицијата верува дека жртвата можеби се обидела да направи некој вид […]

Норвешки регион сака денот да трае 26 часа


Најсеверниот регион на Норвешка побара од Европската комисија дозвола да воспостави временска зона со 26-часовен ден. Планот, промовиран од локален градоначалник во Арктичкиот круг во близина на руската граница, има за цел да ги зајакне локалните вредности, да го продолжи времето за семејството и да привлече нови жители во регионот. Сепак, деталите од планот се […]

Поранешниот потпретседател на Еквадор се обидел да се самоубие во затвор


Поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас, бил хоспитализиран на почетокот на неделава откако се обидел да изврши самоубиство во затворот со максимална безбедност во Гвајакил, соопшти на Х поранешниот претседател на земјата Рафаел Кореа. Информацијата ја потврди и адвокатката на Глас – Соња Вера. Таа додаде дека моментално притворениот поранешен потпретседател прогласил штрајк со глад. […]