Идеите на Гордана и Билјана


Со невидена леснотија деновиве, во изборната кампања за претседател на државата, изложени сме на агресивните тврдења од  кандидатките за претседател дека Македонија ја изгубила гордоста, а македонската нација го изгубила достоинството. И бидејќи сме земја која ја изгубила гордоста и нација што го изгубила достоинството, тие од своите огромни билборди и од телевизиските екрани ни […]

ЦУК: Десет пожари на отворено во изминатото деноноќие


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 10 пожари на отворено во последното деноноќие, од коишто утрово еден е се уште активен. Активен е пожарот во Општина Дебар помеѓу селата Бомово и Коњаре, каде што горат „костењари“ и ниска вегетација. Регионалниот ЦУК (РЦУК) Охрид известува дека интервенирале со едно ПП возило и […]

Трамп: Не би било соодветно да ја посетам Украина кога не сум на функција


По поканата упатена што украинскиот претседател Володомир Зеленски му ја упати на Доналд Трамп, републиканскиот претседателски кандидат смета дека сега кога не е на функција, не би било соодветно да ја посети Украина.  Во интервју за медиумската куќа „Аксел Спрингер“, Зеленски во вторникот го покани Трамп да ја посети Украина, наведувајќи дека тоа ќе биде […]

Интер Мајами на Меси елиминиран од Купот на шампионите во КОНКАКАФ


Интер Мајами рано утрово загуби од Монтереј во реваншот од четвртфиналето на Купот на шампионите КОНКАКАФ со 3:1. Средбата се одржа на стадионот „ББВА Банкомер“ во Монтереј. Напаѓачот на домашната екипа Брендон Васкез го отвори резултатот во 31. минута. Неговиот гол беше единствен во првото полувреме. Веднаш по паузата, тимот од Мексико постигна уште два […]

11 април во историјата – Наполеон абдицираше и беше испратен во егзил на островот Елба


  На 11 април 1814 година, Наполеон Бонапарта, императорот на Франција и еден од најголемите воени лидери во историјата, абдицира од тронот и, со Договорот од Фонтенбло, е протеран на медитеранскиот остров Елба. Идниот император е роден во Ајачио, Корзика, на 15 август 1769 година. Откако посетуваше воено училиште, тој се бореше за време на […]

Барселона славеше во Париз, но за Чави фаворит сѐ уште е ПСЖ


Тренерот на Барселона, Чави повторно му ја препушти фаворитската улога на ПСЖ во четвртфиналната пресметка од Лигата на шампионите и покрај синоќешната победа на гостувањето во Париз со 3:2. – Многу сум горд на мојот тим. Сепак мислам дека ПСЖ е веројатно и понатаму фаворит. Ова е неверојатен тим, а ние денеска успеавме да ја […]

Зеленски: Путин ќе направи се за да ги интензивира нападите врз Украина и да не скрши


Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ќе направи се што може за да ги интензивира нападите врз Украина оваа година и да се обиде да ја скрши земјата. -Наместо тоа, Украина ја зголемува својата способност да го уништи окупаторот, рече Зеленски во редовното вечерно видео обраќање до сонародниците, пренесен од […]

Бајден „размислува“ да го прекине гонењето на Џулијан Асанж


Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека го разгледува барањето на Австралија, САД да се откажат од гонењето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој објави серија доверливи американски документи. – Го разгледуваме тоа, му одговори американскиот претседател на новинар кој се интересираше дали има одговор на барањето на Австралија да се прекине кривичното гонење […]

Нов руски напад во регионот Одеса, загинаа четири лица, меѓу кои и десетгодишно девојче


 Четири лица, меѓу кои и десетгодишно девојче, се убиени во синоќешниот руски ракетен напад врз регионот Одеса, додека седум лица се повредени, изјави регионалниот гувернер Олех Кипер. Кипер, преку каналот Телеграм, соопшти дека едно повредено лице е во тешка состојба откако му ги ампутирале нозете. Екипите за итна помош се излезени на терен, а „лекарите […]

Историска џамија во Солун повторно ги отвори вратите по еден век


Околу стотина муслимани вчера го прославија Рамазан Бајрам – крајот на Рамазан, во историска џамија која беше отворена за прв пат по 102 години во грчкиот град Солун, каде досега немаше јавни џамии. Адел Џобран (20), бегалец од Јемен, кој студира во Солун и работи во ресторан, изјави дека во тој град живее четири години […]

Убедлива победа на опозицијата на изборите во Јужна Кореја


Либералните опозициски партии во Јужна Кореја извојуваа убедлива победа на вчерашните парламентарни избори, нанесувајќи му удар на претседателот Јун Сук Јеол и неговата конзервативна партија, иако не добија двотретинско мнозинство во парламентот. Според првичните резултати на Националната изборна комисија, Демократската партија освои 170 од 300 мандати во новото свикување на парламентот. Исто така, се очекува […]

Светска банка ќе презентира извештај за Западен Балкан „Заживување на растот“


 Светска банка денеска организира презентација на 25-то издание од серијата на извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија), насловен „Заживување на растот“. Извештајот ќе го претстават Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Сања Маџаревиќ-Шујстер, виш економист, […]

Сончево и топло до 29 степени


 Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).  Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер […]

Со програмата „Паралели“ почнува 20. Танц-фест Скопје 2024


Со изведба на програмата „Паралели“ во Националната опера и балет вечер во 20 часот почнува јубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал Танц-фест Скопје 2024. Фествалското  мото е „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“. Програмата „Паралели“ ја означува соработката на фестивалот и Националната опера и балет и опфаќа три современи […]

Во МАНУ отворање на изложбата „Три генерации Ташковски“


Во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Три генерации Ташковски“. Поздравен говор на отворањето ќе има претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, а изложбата ќе ја отвори академик Газанфер Бајрам.  

Промоција на книга со бајки „Си беше еднаш“’


Новата книга за деца, со најубавите бајки на сите времиња, „Си беше еднаш“, ќе биде промовирана вечер со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. На настанот ќе учествуваат уредничката Оливера Ќорвезироска, која ги направи изборот и адаптацијата на бајките, илустраторката Наталија Лукомска и книжевната теоретичарка и професорка Калина Малеска, која ќе биде […]

Шумските пожари лани уништиле над 500.000 хектари земјиште во ЕУ


Во шумски пожари во ЕУ во текот на минатата година изгореа 504.002 хектари површина, се наведува во Извештајот за шумските пожари во Европа, на Блискиот Исток и во Северна Африка во 2023 година на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во Извештајот се нагласува дека пожарите биле […]

Вреди да се прочита: Гордана Силјановска – „Како што ветерот вечерва е прекрасен, така ги чувствувам вашите мисли, вашите емоции“


  За време на вечерашниот митинг на опозицијата во Струмица получасовно обраќање имаше кандидатка за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Пред неа се обрати носителот на изборната листа во Четворката, Александар Николоски, а по неа, како главен говорник со 25-минутен говор беше Христијан Мицкоски. Еве што одвои штабот на нејзината кампања за информирање на јавноста. […]

Волстрит: Остар пад на берзанските индекси по лошите податоци за инфлацијата


Американските индекси драстично паднаа во средата по полошите од очекуваните податоци за инфлацијата во март, што веројатно ќе го пролонгира намалувањето на каматните стапки од страна на Федералните резерви што инвеститорите го очекуваа. Чувството на инвеститорите дополнително ослабе по објавувањето на записникот од состанокот на ФЕД во март, што ја одразува загриженоста на официјалните лица […]

Џек Ма се јави, акциите на „Алибаба“ полетаа


Основачот на „Алибаба“ (Alibaba), Џек Ма, во средата ја пофали реорганизацијата и пресвртот на компанијата во текот на бурната изминатава година. Тоа беше втора голема јавна изјава на милијардерот пред вработените за само неколку месеци. Минатата година, „Алибаба“ претрпе историски ремонт и големи промени во управувањето во обид да го врати кинескиот технолошки гигант во […]