Во МАНУ отворање на изложбата „Три генерации Ташковски“


Во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Три генерации Ташковски“.

Поздравен говор на отворањето ќе има претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, а изложбата ќе ја отвори академик Газанфер Бајрам.