Загина повозрасен велосипедист во Скопје


Во сообраќајна несреќа, вчера попладне, загина 68-годишен скопјанец. – На 10.04.2024 во 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје, товарно возило „мерцедес атего“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(41) од Скопје, удрило во велосипед управуван од А.Т.(68) од Скопје. На местото на несреќата од здобиените повреди починал А.Т., […]

Наместо замрзнати цени, да се обезбедат подобро платени работни места, порачува Светска банка


Замрзнувањето на цените на храната се краткорочна, а не структурна мерка која може да се користи на долг рок. Со неа само привремено, вештачки, одржувате некое ценовно ниво кое не ги отсликува реалните производни трошоци и реалните текови во економијата, порачаа денеска експертите од Светска банка. Според нив, наместо замрзнување на цените, треба да се […]

Улични живи статуи и музика во понеделник во центарот на Скопје


Идниот понеделник, 15 април со почеток од 18.30 часот на улица Македонија во центарот на Скопје по повод Светскиот ден на уметноста ќе се постават неколку актови со улични живи статуи, каде што истите ќе ја раскажат својата улична приказна, отсликана во само една смрзната слика. Музички настап ќе има Емил Ејупи квартет. Настанот е […]

Над 2.200 граѓани побарале ИД број за работа во рамки на Отворен Балкан


Од Стопанската комора на Србија (ПКС) соопштија дека до 2 април годинава 2.239 граѓани побарале ИД број на Отворен Балкан за слободен пристап до пазарот на трудот на Србија, Северна Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Белград. Во текот на минатата година до 26 март годинава, постапувајќи според Законот за вработување на странци, […]

Акустичен концерт на „Ареа“ во Филхармонија на 19 и 20 април


Акустичен концерт ќе одржи рок-групата „Ареа“ на 19 и 20 април во Филхармонија во Скопје. Членовите на групата најавуваат акустична музичка магија, каде што ќе се слушнат сите хитови направени во текот на нивната 30-годишна музичка кариера. Вакви два концерти „Ареа“ одржа и во 2010 година во Универзалната сала. Ружица Милошеска Брчиоска, пејачка во бендот, […]

Овие 16 работи се забранети во Северна Кореја


Северна Кореја е вечна мистерија, бидејќи малку луѓе останале во оваа земја која важи за многу „затворена“. Светот се повеќе е заинтересиран за оваа затворена земја. Нејзиниот лидер и влада постојано се обидуваат да го заштитат својот народ од надворешни влијанија – на пример, со забрана на одредени фризури и облека. Сето ова само го […]

Каролина со концерт во Велес на 27 април


Во склоп на концертите по повод ,,Први Март” во Македонија, поп-ѕвездата Каролина Гочева – Корубин ќе одржи ексклузивен концерт на 27 април во Велес, во Народниот театар ,,Јордан Х.К. Џинот”. После распродадените концерти во март во Скопје, Гевгелија, Струмица и Крива Паланка и претстојните концерти овој викенд во Куманово и Охрид, Каролина доаѓа во Велес […]

По најавата за протест на приватните специјализанти, МЗ на Влада ќе ги разгледува нивните барања


Министерството за здравство секогаш ќе се залага за подобрување на условите за работа на сите здравствени работници, вклучително и на приватните специјализанти кои се важни во здравствениот систем.   Ве информираме дека по средбата со нив, е изготвен извештај и доставен на Влада, кадешто на некоја од седниците ќе дојде на разгледување со цел да […]

Дефект на компресорите ги затворил хируршите сали на два дена – не колапс на Клинички


Министерството за здравство (МЗ) преку соопштение попладнево информира дека поради дефект на еден од компресорите, во тек на два дена бил одложен елективниот програм, а не итните случаи за операција на пациенти. Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар, потенцира Министерството. – Се работи за дефект на еден од компресорите, поради што […]

Османи од Градскиот парк претстави план за позелена и побезбедна Македонија


Кандидатот за претседател на Европскиот фронт, Бујар Османи, вети дека доколку биде избран за прв човек на државата, ќе работи на трансформација на Северна Македонија во зелена држава која ќе се грижи за животната средина. На денешната прес-конференција во Градскиот парк во Скопје, Османи истакна дека ќе формира одбор за валидација, односно ветинг и нема […]

Ќе се подига нивото на изучување на македонскиот јазик во Будимпешта – Владимир Мартиновски го посети Лекторатот


Проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на 8 и 9 април беше во работна посета на Факултетот за хуманистика при Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта. Деканот Мартиновски беше гостин на Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта, што го води Златко Панзов и имаше можност лично да се запознае со Лекторатот, […]

Виетнамска милијардерка осудена на смрт, со измама украла 44 милијарди долари


  Виетнамската бизнисменка и милијардерка Труонг Ми Лан (67) е осудена на смрт во четвртокот за време на најголемото судење кое земјата го видела, за измамата во која „заработила“ 44 милијарди долари, јавува Би-Би-Си. Тоа беше едно од најспектакуларните судења што доликуваше на една од најголемите банкарски измами – речиси 3.000 луѓе беа повикани да […]

Драмски театар со „Падот на Масада“ гостува на фестивалот РУТА во Подгорица


Со претставата „Падот на Масада“ на Дејан Пројковски, Драмски театар Скопје гостува на фестивалот РУТА. Во Подгорица од 8 до 13 април во организација на Градско позориште Подгорица се одржува црногорското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА. Ансамблот на Драмски театар вечерва во 20 часот ќе ја игра претставата на сцената „Будо Томовиќ“ каде неделава […]

Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2023 година и промоција на „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова


Свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2023 година и промоцијата на победничкиот роман – „Риба во(н) мрежа“ од авторката Јована Матевска Атанасова ќе се одржат на 16 април (вторник), во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман ќе се обрати жирито во состав: Николина Андова Шопова, […]

Свршеницата на Џеф Безос со смел изглед во Белата куќа, еве што избра за државната вечера


Вашингтон–  Свршеницата на Џеф Безос (60), новинарката и филантроп Лорен Санчез (54), воодушеви со темноцрвен фустан со корсет и длабоко деколте за време на заедничката посета на Белата куќа. Санчез и Безос беа меѓу многуте ѕвезди поканети на гала државната вечера во чест на јапонскиот премиер Фуми Кишидо и неговата сопруга Јуко. Фустанот „Расарио“ на […]

ВМРО-ДПМНЕ сака да ја искористи Силјановска за свои цели, вели Љупчо Балкоски


  „ВМРО-Народна партија остана доследна и секогаш ја промовира идејата за ЕУ, дека тоа е патот по кој Македонија треба да се движи. Тоа беше пред 25-30 години, така е и сега, затоа што опцијата што ја нуди Европската унија е добра за Македонија. ВМРО-НП ја продолжува таа идеја“, изјави Љупчо Балкоски, пратеник од ВМРО-НП, […]

Синдикат на МАНУ: Наместо да биде знаменосец на вредностите, МАНУ практикува недемократски методи


Синдикалната организација при МАНУ продолжува со поставување таргетирани прашања кон Академијата, откако претходно го повика раководството да одговори на три прашања поврзани со предлог-законот на МАНУ кој не беше донесен во Собранието, а со тоа и платите на вработените останаа неусогласени со платите на вработените во сите установи во јавниот сектор. -Колку повеќе се тактизира […]

„Макпетрол“ ќе овозможи работилници против врсничко насилство и за учениците од Струга


Општествено одговорната кампања преку која „Макпетрол“ придонесува во решавање на проблемот со булингот се проширува и во Општина Струга. Учениците кои посетуваат настава во основните училишта ќе учествуваат во работилници овозможени од компанијата во рамки на „Крени глас против врсничко насилство“. Предводени од психолог со долгогодишно искуство од областа, овие едукативни средби на младите им […]

Украинската Рада изгласа зголемување на бројот на војници во армијата


По неколкумесечни одложувања  украинската Врховна Рада (парламент) денеска гласаше за Законот за регулирање на начинот на регрутирање на граѓаните, откако за него во постапката на донесување беа поднесени илјадници амандмани со кои се сакаше ублажување на содржината на оригиналниот нацрт текст, што од самиот старт на расправата  не беше добро прифатен. Законот воведува голем број […]

Светска банка: Инвестициите во инфраструктурата ќе го поттикнат растот годинава


Најнизок економски раст минатата година меѓу земјите од Западен Балкан, зголемен буџетски дефицит и инфлација која што има тренд на намалување – ова е сликата за нашата земја во најновиот 21. редовен извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан наречен Заживување на растот. Ваквите економски перформанси, според Светска банка, се должат на влошените […]