Генерален штрајк во Грција


Атина – Синдикатот на вработените во приватниот сектор во Грција, еден од двата најголеми синдикати во земјата, утрово започна со генерален 24-часовен штрајк во кој учествуваат и низа федерации, а за претпладнево е закажан и протест, јави дописничката на МИА од Атина. Од Синдикатот штрајкуваат против поскапувањата и бараат зголемување на платите и враќање на колективните […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 30л/м2) грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 17 април 2024 година, 108-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 258 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 50 минута, а ќе зајде во 19 часот и 17 минути. Денов трае 13 часа и 27 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Повторно возбудливи натпревари во Лигата на шампиони: ПСЖ и Борусија Дортмунд први полуфиналисти


Фудбалерите на ПСЖ и на Борусија Дортмунд обезбедија пласман во полуфиналето во Лигата на шампиони, откако вечерва во возбудливи реванш четвртфинални натпревари триумфираа над Барселона со 4-1 и над Атлетико Мадрид со 4-2 и со тоа ги анулираа поразите од 2-3 и 1-2 од првите пресметки пред една недела. ПСЖ на гостувањето во Барселона ја […]

Силјановска бараше кривично да се гонат потписниците од Преспа, а сега зборува за НАТО, изјави Пендаровски


  Стево Пендаровски вечерва за време на собирот во Велес рече дека некои од политичките противници порано зборуваа против Преспанскиот договор, а сега се гордеат што сме членка на НАТО, благодарение на тој договор. „Делумно е манипулација на нашите граѓани и потценување на нивната интелегенција, а делумно е зошто не знаат што зборуваат сега, што […]

Мицкоски повторно го нападна Пендаровски


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска на митингот во Валандово ги повтори старите обвинувања за Стево Пендаровски дека во изминативе пет години како претседател не се среќавал ниту со земјоделци, ниту со пензионери, ниту со млади луѓе. А во исто време на собирите ја напаѓал кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател Гордана Силјановска-Давкова. „Тоа е Стево Пендаровски, […]

ЕВН ќе биде универзален снабдувач со струја


  Владата на денешната седница ја донесе одлуката за избор на универзален снабдувач со електрична енергија. За најповолна понуда во соодветната постапка е избрана понудата доставена од групата понудувачи ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје – носител и ЕВН Македонија АД Скопје – член на групата, соопшти прес-службата на Владата. За носител на набавката е избран […]

МВР треба да достави извештај до Владата за апсењето на новинарот Фуркан Салиу


  Бруталното апсење на новинарот Фуркан Салиу за време на еден натпревар од Третата македонска лига денеска се најде и на седницата на Владата. Таа, на предлог на премиерот Талат Џафери, го задожи Министерството за внатрешни работи да достави комплетна информација што сѐ се случуваше и зошто дојде до апсењето на Салиу, а подоцна и […]

Лагард: ЕЦБ наскоро ќе ги намали каматните стапки, нафтата е најголемиот ризик во моментов


Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард во вторникот рече дека централната банка е решена да ги намали каматните стапки на краток рок, под претпоставка да нема големи шокови. Лагард рече дека ЕЦБ ќе ги следи цените на нафтата „многу внимателно“ во услови на зголемени стравувања од прелевање од конфликтот на Блискиот Исток. Сепак, по […]

24 април и 8 мај ќе бидат неработни за сите граѓани, одлучи Владата


  По нејаснотиите и недоразбирањата дали деновите на гласањето, 24 април и 8 мај, да бидат задолжителни неработни денови само за вработените во јавната администрација, Владата денеска донесе одлука тоа да важи за сите граѓани на Македонија. Одлуката е донесена заради непречено спроведување на изборите за претседател на Републиката и изборите за пратеници. Овие два […]

Саудиска Арабија и ОАЕ, наводно, го одбиле барањето на САД за користење на нивниот воздушен простор при ирански напад


  Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, според Волстрит журнал, го одбиле барањето на САД да го користат нивниот воздушен простор за пресретнување ирански ракети, иако споделувале разузнавачки информации. Додека Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати интензивно соработуваа со САД во обезбедувањето разузнавачки информации што беа од витално значење за успехот на мерките за противвоздушна […]

Предмет од вселената пробил покрив и два ката во куќа на Флорида. НАСА: Знаеме за што се работи


Мистериозен објект што падна „од небо“ на дом на Флорида на 8 март всушност е парче вселенски отпад, објави НАСА. Вселенската агенција навела дека се работи за цилиндрично парче метал, тешко 0,7 килограми, долго 10 сантиметри и широко 4 сантиметри. Заклучено е дека се работи за парче отпад што е фрлено од Меѓународната вселенска станица […]

Партијата на Македонците во Србија вели дека Бујар Османи ја злоупотребува функцијата


  По контроверзното коспонзорство на Македонија на резолуцијата за геноцидот во Сребреница реагираше Партијата на Македонците во Србија, велејќи дека министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја злоупотребил неговата функција во техничката влада. „Изјавата на Османи не засега и нас Македонските во Србија. Тоа е класична злупотреба на функцијата која е изведба Османи (сега член […]

Видео обраќање на Заев: Ако се грижите за Македонија, гласајте за СДСМ и Пендаровски


  Ако се грижите за сопствената македонска земја, ако си го сакате својот народ, ако верувате во европскиот пат на Македонија, ако не сте подготвени да се предадете и откажете од иднината, СДСМ и коалицијата за европска иднина се единствениот избор, бројот 1 е секогаш пред сите, како  што е ЕДЕН и единствен нашиот завет […]

Борел: Да не дозволиме „да се игра шах“ на Блискиот Исток


 Шефовите на дипломатии на ЕУ заземаа цврст став со барање до сите страни на Блискиот Исток да покажат воздржаност по последните случувања од изминатиот викенд и да не дозволат регионот да западне во тотална војна, изјави високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел по денешното вонредно заседание на Советот за надворешни […]

Пожарот во историската зграда во Копенхаген ставен под контрола


Големиот пожар што ја зафати историската зграда на Старата берза во Копенхаген, една од неговите најстари и најпознати згради, е ставен под контрола, соопшти шефот на противпожарната бригада на данскиот главен град. Се уште не е утврдена причината за пожарот, кој ненадејно избувна денеска претпладне. За гаснење на пожарот беа ангажирани 135 пожарникари и други […]

Стејт департмент: Блинкен разговараше со Ганц, САД повикаа на „што е можно повеќе смиреност“


 Американскиот државен секретар Антони Блинкен вчера разговараше со министерот во израелскиот воен кабинет Бени Ганц во врска со тековните тензии меѓу Израел и Иран, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер. Блинкен ја повтори американската поддршка за безбедноста на Израел заедно со желбата на Вашингтон да не види регионална ескалација, вели Милер. Администрацијата на американскиот […]

Американската морнарица потрошила муниција во вредност од една милијарда долари за да спречи напади на Блискиот Исток


Американската морнарица потрошила речиси една милијарда долари на муниција за да спречи „над 130 директни напади“ врз американските воени и трговски бродови на Блискиот Исток во изминатите шест месеци, изјави денеска секретарот на американската морнарица. Секретарот на американската морнарица Карлос Дел Торо ги повика пратениците да го усвојат дополнителниот пакет за национална безбедност за надополнување […]

Априлскиот снег пристигна во БиХ


Како што најавија претходно метеоролозите, снегот пристигна во Босна и Херцеговина, а меѓу првите побелеа Босански Нови, Босанска Костајница и Босанска Крупа. Граѓаните известуваат дека снег почнал да паѓа и на Бихаќ. Во текот на ноќта се очекува зголемување на интензитетот на врнежите, а во наредните денови температурите ќе се спуштат под 10 Целзиусови степени. […]

Братислава против членството на Украина во НАТО


Словачка ќе биде против приемот на Украина во НАТО, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо. – Украина може да каже: Сакаме да влеземе во НАТО. Тоа ќе биде нивна одлука. Ние велиме дека нема да ги ратификуваме документите за пристапување на Украина во Алијансата во парламентот, бидејќи на Словачка и треба неутрална Украина, рече Фицо на […]