МВР треба да достави извештај до Владата за апсењето на новинарот Фуркан Салиу


Апсењето на Фуркан Салиу

 

Бруталното апсење на новинарот Фуркан Салиу за време на еден натпревар од Третата македонска лига денеска се најде и на седницата на Владата. Таа, на предлог на премиерот Талат Џафери, го задожи Министерството за внатрешни работи да достави комплетна информација што сѐ се случуваше и зошто дојде до апсењето на Салиу, а подоцна и до поднесување кривична пријава за него до обвинителството од страна на МВР.

Според соопштението од седницата на Владата имало барање од Советот на Европа државните институции да дадат одговор за овие случувања.

Апсењето на Фуркан Салиу предизвика лавина реакции од новинарските здруженија, но и од пошироката јавност.