ТИРЗ потпиша договор со турски „Шахтерм“ за инвестиција од 100 милиони евра, ќе вработи 1.000 лица


  Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, и генералниот менаџер на компанијата „Шахтерм“, Фарук Шахин, потпишаа договор за реализација на новата турска инвестиција во Македонија. Со договорот кој го потпишаа во Бурса, се предвидува закуп на земјиште во ТИРЗ Скопје 2 со површина од над 20.000 м2 и изградба на објект со површина од над 13.000 […]

Одложено судењето против струшкиот градоначалник Мерко за набавката на луксузен автомобил


Во Основниот суд во Струга денеска почна судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „ауди А6“, вреден 67 илјади евра. По барање на одбраната за целосен увид во списите, судијката Надица Митреска ја одложи главната расправа за 3 јуни годинава. На денешното рочиште не присуствуваше ниту обвинетиот, ниту неговиот полномошник, […]

Неочекувано добрите резултати на Алфабет и Мајкрософт го поттикнаа растот на европските берзи


На европските берзи во петокот наутро цените на акциите пораснаа, најмногу во технолошкиот сектор бидејќи инвеститорите беа охрабрени од подобрите од очекуваните деловни резултати на Алфабет и Мајкрософт. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,5 отсто во 9:30 часот, така што е на пат да добие 1,2 отсто оваа недела. Истовремено, лондонскиот […]

Празнични неработни денови – почна распустот за сите


Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) соопштува дека: 1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. 03 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. 06 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден […]

Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“


Атина – Двајца странски државјани, членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“, во средата биле уапсени во Атина, а се товарат за две кражби на златарници во центарот на градот, јави дописничката на МИА од Атина. Неофицијално станува збор за српски државјани, а за кражбите го користеле методот „рифифи“, односно во златарниците и продавниците за накит […]

МАСИТ: Компаниите од ИКТ секторот треба да имаат стратегии и механизми за заштита на интелектуалните права


Поради брзото напредување на технологијата и глобализацијата, заштитата на правата од индустриска сопственост станува сè повеќе предизвикувачка. Затоа, компаниите во ИКТ секторот треба да имаат стратегии и механизми за заштита на своите интелектуални права, вклучувајќи ги патентите, заштитните знаци, авторските права и други форми на заштита, порачува Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) […]

„Љубовни дуети“ – концерт на солисти од хорот при НОБ


Вечерва во Фоаје на Национална опера и балет, во 20 часот, ќе се одржи концертот на солисти од хорот при Националната Опера и Балет насловен „Љубовни Дуети“. Програма:   1. Ф.Лехар, дует на Хана и Данило од операта “Веселата вдовица” – Мила Николовска и Бобан Рајчиноски 2. Г.Доницети, дует на Адина и Неморино од операта […]

Поскапувањето на осигурувањето од автомобилска одговорност ќе го „чешла“ и Комисијата за заштита на конкуренцијата


Министерството за финансии (МФ) во врска со донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност, денеска ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница со цел да ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки. Притоа, како што информира, заклучи, в […]

Столе Попов добитник на годинашниот „Златен објектив“ на Кинотека


 Столе Попов, режисер, сценарист, продуцент и автор, е добитник на годинашниот „Златен објектив“, традиционално признание што го доделува Кинотеката на Северна Македонија по повод нејзиниот роденден. Попов, како што наведува Кинотека, ја задолжи националната кинематографија не само со својот наградуван филмски опус, туку и со својот педагошки и менаџерски ангажман на полето на филмската уметност […]

Народна банка: Мерките и политиките на НБ овозможија стабилен девизен курс и справување со инфлацијата


  Советот на Народната банка, на редовната седница одржана на 25 април 2024 година, го усвои Годишниот извештај на Народната банка за 2023 година, во кој се наведува дека мерките и политиките на Народната банка спроведени минатата година, овозможија успешно одржување на стабилноста на девизниот курс и справување со инфлацијата, којашто од највисокото ниво од 19,8% во октомври […]

Лога: До кога Мицкоски ќе ги дефинира политичките чекори на Таравари?


Жално е како еден Албанец и еден поранешен партиски лидер, поранешен претседателски кандидат, се движи токму според прирачникот на ВМРО, порача преку соопштение министерот за правда и член на Алијансата за Албанците на Зијадин Села, Кренар Лога.   -Благодарение на Бога, на пратениците, членовите и нејзините активисти, боите на Алијансата за Албанците не беа допрени  […]

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма


Иновативната формулација на „Алкалоид“ АД за лекот со додадена вредност „Омепразол“ во течна форма, готов за употреба, прва од ваков тип во светски рамки, е прогласена за „Патент на годината за 2023“ од Државниот завод за индустриска сопственост, во рамките на пригодното одбележување на Светскиот ден на интелектуалната сопственост – 26 април. Меѓународната патентна пријава […]

Автори и илустратори за деца од Турција, гости на „Литера 2024“


  Гизем Ѓозде Учар и Угур Алтун, современи автори и илустратори за деца од Турција, ќе бидат гости на претстојното 6. издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“. Фестивалот ќе се одржи од 15 до 18 мај, во МКЦ. Гизем Ѓозде Учар, авторка и илустраторка, има впечатлива кариера и влијателно присуство […]

Пожар зад Универзална сала (видео)


Пожар избувна предмалку во куќа на улицата „Костурски херои“, зад Универзалната сала. На терен се две противпожарни возила и две цистерни на противпожарната бригада и едно возило на Итната помош. Засега не е познато дали има повредени.  Во тек е интервенција на екипите, а повеќе детали очекуваме наскоро. Пожар зад Универзална сала pic.twitter.com/zx0ffS9O5O — Oliver […]

„Дивље јагоде“ со сингл го најавува новиот албум под капата на „Кроација Рекордс“


Divlje jagode, легендарниот бенд со огромно влијание на регионалната музичка сцена, штотуку го објави својот петти и последен сингл пред објавувањето на нивниот долгоочекуван тринаесетти студиски албум. „Ukrala je svjetlost istoka“ е класична hard / heavy песна која истовремено изобилува со мелодија, што го потврдува препознатливиот рок-стил на бендот. Овој сингл е само мал вовед […]

До крајот на годината ќе почне доградбата на ООУ „Блаже Конески“ со пари од државниот Буџет


Градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и директорката на основното училиште „Блаже Конески“ утрово на работен состанок ја утврдија динамиката по која до крајот на оваа школска година треба да започне реконструкцијата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“. „Станува збор за важен инфраструктурен проект, онаков каков што заслужуваат граѓаните […]

И Општина Центар со видео-надзор ќе ја штити урбаната опрема – не кршете ги клупите!


Советот на Општина Центар на 35. Седница на советот го прифати предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски во општина Центар да се постави видео надзор. Станува збор за видео надзор поради обезбедување заштита на имотoт и имотните права на општината односно Заштита на урбаната опрема (автобуски постојки, опрема во функција на туристички и културни и спортски […]

Млади од ИТ секторот од Куманово, Суботица и Никшиќ разменија идеи за развој на компаниите


Млади од ИТ секторот од Куманово, Суботица и Никшиќ, претставници од општините и граѓански здруженија учествуваа на регионален панел и обука за развивање на ИКТ и претприемачки вештини во Суботица, информираа денеска од Граѓански Центар „Активум“ од Куманово. Минатата недела во Суботица се одржа регионален тематски панел „Вработувањето на младите е на дневен ред – […]

Ноќеска од пукнато парно се поплавила Токсикологија – Клиниката не е осигурана од штети


Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории на третиот кат, но водата се слевала и надолу, се до подрумот, пишува „Слободен печат“, а информацијата им е потврдена од три извори. Токму на ваква хаварија предупредија вработени од Клиниката […]

Лани имало 2.250 посериозни повреди при работа, 17 завршиле трагично


Во организација на МТСП и Меѓународната организација на труд со конференција на тема: „Климатските промени и безбедноста и здравјето при работа„ го одбележавме 28 април – Светскиот ден на безбедност и здравје при работа. Сведоци сме на очигледни глобални климатски промени кои се случуваат насекаде на планетата. Резултат на тоа се сè почестите временски и […]