Сто години борба на ИЈЗ со закани како Ковид-19 и дезинформации околу вакцини


Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска свечено го одбележа неговото 100-годишно постоење. Меѓу другото, беа спомнати и заканите како Ковид-19 и дезинформациите околу безбедноста на вакцините. На настанот во Скопје беше промовирана и монографијата со наслов „100 години – Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, 1924-2024 година – чувар на јавното здравје“. Директорот, […]

Рударскиот гигант Англо Американ ја отфрли понудата на БХП од 39 милијарди долари


Рударскиот гигант Англо Американ во петокот ја отфрли понудата за преземање од конкурентската групација БХП, велејќи дека понудата „значително ја потценува“ компанијата и нејзините идни перспективи. Австралиската БХП во четвртокот објави дека направила понуда за преземање на сите акции, со која помалата компанија ја проценува на 31,1 милијарди фунти (38,9 милијарди долари). Со преземањето ќе […]

ЕП ќе отвори канцеларија во Западен Балкан за подобро да го контролира проширувањето на ЕУ


 Европскиот парламент планира да отвори нова канцеларија во Западен Балкан со цел да се подобри контролата врз процесот на проширување, објави порталот „Еурактив“ (Euractiv). Во документот усвоен на пленарната седница на ЕП во Стразбур оваа недела се наведува дека отворање нова канцеларија на Западен Балкан е со цел да се понуди поголема поддршка на патот […]

НЛБ Банка со нето добивка од 678 милиони денари во првиот квартал


НЛБ Банка успешно го заврши првиот квартал од годината со нето добивка од 678 милиони денари, соопшти банката. Во периодот 01.01.2024 до 31.03.2024 година, Банката продолжи да испорачува кредитна поддршка за населението и бизнис секторот, зголемувајќи го пласманот на вкупните кредити и обезбедувајќи раст од 7,0 отст во овој сегмент, споредено со истиот период претходната […]

Се одбележуваат 32 години од воведувањето на денарот


На 26 април пред 32 години беше воведен денарот како национална валута и беше воспоставена институционална рамка на монетарниот систем, односно Народната банка започна да функционира како самостојна централна банка.  – Овој датум е значаен во нашата историја, бидејќи со монетарната самостојност се заокружи целовитоста на процесот на формирањето на нашата држава! Во изминатите 32 […]

Порака од Атина: Спроведувањето на Преспа е услов за патот кон ЕУ


  Договорот од Преспа претставува условеност за претпристапниот процес на Северна Македонија во Европската унија, посочи министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис од грчкиот Парламент одговарајќи на пратеничко прашање на пратеничката на Нова левица Сиа Анагностопулу за „владината стратегија на Западен Балкан“, јави дописничката на МИА од Атина. Пратеничката од Нова левица, која […]

Касами вели: Веќе се знае дека „Вреди“ ќе биде дел од наредната влада


  Претседателот на Беса, која е дел од албанската опозициска коалиција „Вреди“, Билал Касами денеска на настан во Тетово изјави дека, како што веќе е најавено, нивната коалиција ќе биде дел од наредната влада. Посочува дека во таа влада, па дури и со ВМРО-ДПМНЕ, полесно ќе се изгласат уставните измени. „Ќе има европска влада, влада […]

Маричиќ: СДСМ ќе се спротивстави на националистичкиот и популистички виор


  Ги прифаќаме резултатите какви што се и ги разбираме како многу сериозна порака за ставот на граѓаните кон СДСМ. И порано како партија сме биле пред слични предизвици и секогаш сме наоѓале сила да се консолидираме. На 8 мај, СДСМ силно ќе се спротивстави на националистичкиот и популистички виор што и се заканува на […]

Египет испраќа делегација во Израел за да се обиде да постигне договор за примирје


 Египет испраќа делегација на високо ниво во Израел со надеж дека ќе постигне договор за прекин на огнот со Хамас во Газа, истовремено предупредувајќи дека евентуалната нова израелска офанзива врз јужниот град Рафа на границата со Египет може да има катастрофални последици за регионалната стабилност, изјавија денеска двајца официјални претставници. Претходно денеска, либанската милитантна група […]

Електричната енергија од обновливи извори учествува со 56 отсто во вкупната германска потрошувачка


Електричната енергија произведена од обновливи извори, според прелиминарните пресметки на Центарот за истражување на соларна енергија и водород Баден-Виртемберг (ZSV) и здружението за комунални услуги BDEV, учествуваше со околу 56 отсто од вкупната потрошувачка на електрична енергија во Германија во првиот квартал од 2024 година. Германските електрани кои користат обновливи извори на енергија произвеле околу […]

Кој е подобар: Хрватскиот „Рафал Ф3-Р“ или српскиот „Миг-29СМ“?


  Споредувањето на борбените авиони е честа тема, честопати неблагодарна, но има примери во кои е повеќе од очигледно дека едниот борбен авион е супериорен во однос на другиот. Имајќи го ова на ум, почнавме да ги анализираме многуте карактеристики на хрватските „Рафал Ф3-Р“ и српските борбени авиони „МиГ-29См“. Еве ги критериуми за да видиме […]

Конзервативното здружение поднесе нова жалба против сопругата на шпанскиот премиер


Жалбата е поднесена до судот во Мадрид, од каде јавниот обвинител, кој кралот го именуваше во 2022 година на предлог на владата на Санчез, побара во четвртокот да се запре истрагата на 49-годишната Бегоње Гомез, врз основа на претставката поднесена против неа од синдикатот на почетокот на овој месец. Таа е осомничена дека давала препораки […]

Србија од 2020 година привлекла 15,9 милијарди евра странски инвестиции


Од 2020 година Србија кумулативно привлече 15,9 милијарди евра директни странски инвестиции, изјави денеска српскиот министер за финансии Синиша Мали на средба со инвеститори од САД, јави Бета. „Не правиме разлика меѓу домашни и странски инвеститори. Се надевам дека во Србија ќе најдете проекти и можности кои ќе ве интересираат да инвестирате“, им порача Мали […]

Нападнати татко и син, жени и други тепачки во Скопско


Полицискиот билтен изобилува со пријави за напади, што што жртви биле татко и син, жени, а се тепале и пред угостителски објекти. Имено, во четвртокот, во 22.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.З.(24) од с.Глумово, скопско и С.Ј.(56) од […]

Каде оди Америка – што ако еден ден таа влезе во Белата куќа


Вашингтон- Американската реалити ѕвезда Ким Кардашијан разговараше со американската потпретседателка Камала Харис за реформите во кривичното право на тркалезна маса организирана од Белата куќа, пренесува АП. Агенцијата наведува дека на тркалезната маса одржана во четвртокот биле истакнати напорите на американската администрација кога станува збор за реформите во кривичното право. Белата куќа на тркалезната маса покани […]

Малолетник силувал малолетничка во Струмичко


Во четвртокот,  во Полициската станица Струмица, во присуство на родител, бил повикан малолетник од струмичко село, кој се сомничи дека истиот ден извршил обљуба врз малолетничка од струмичко. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за негово расчистување.

Сенката на „Мултигруп“ на претседателските избори во Македонија


  Бугарскиот медиум  „Фактор“ ја анализира средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со Николај Валканов, поранешниот  потпретседател на „Мултигруп“, отворајќи дилема дали таа е резултат на хибридната војна на Русија и на Србија, кои сакаат нашата опозициска партија да дојдат на власт. Во текстот стои: „По првиот круг од претседателските избори во северна Македонија […]

Пендаровски и Силјановска денеска речиси во исто време ќе водат кампања во Крушево


  Двајцата ривали во вториот круг на претседателските избори денеска се во Крушево од каде го почнуваат вториот дел од кампањата. Според најавата од штабот на Стево Пендаровски тој денеска од 18 часот ќе има средба со граѓани во градскиот парк во Крушево. Крушево е една од двете општини каде што тој доби повеќе гласови […]

Во Велика Британија се тестира персонализирана mRNA вакцина против меланом


Првата персонализирана mRNK вакцина против меланом, која може да спречи и рак на белите дробови, мочниот меур и бубрезите, се тестира врз пациенти во Велика Британија. Таа вакцина функционира така што го поттикнува телото да ги бара и уништува клетките на ракот за да спречи враќање на смртоносната болест, а може да се прилагоди на […]

ЕУ одвои 13,79 милиони евра за прекуграничен одржлив развој во Северна Македонија и Албанија


Преземајќи значаен чекор за целите за пристапување кон Европската унија, Северна Македонија и Албанија денеска заедно ја започнаа Програмата за прекугранична соработка ИПА 3 во Корча.   Како што информираат од Министерството за локална самоуправа, Програмата финансирана од ЕУ со буџет од 13,79 милиони евра, ја потенцира ангажираноста на двете земји да се усогласат со […]