Нападнати татко и син, жени и други тепачки во Скопско


Полицискиот билтен изобилува со пријави за напади, што што жртви биле татко и син, жени, а се тепале и пред угостителски објекти.

Имено, во четвртокот, во 22.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.З.(24) од с.Глумово, скопско и С.Ј.(56) од Скопје, а бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Истиот ден, во 20.40 часот во СВР Скопје М.А.(21) од с.Марино-скопско пријавил дека во селото, по претходна расправија, тој и неговиот татко М.А. биле физички нападнати од Г.Д. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 07.04 часот, пак, во СВР Скопје, Г.М.(54) пријавила дека околу 06.50 часот на подрачјето на Кисела Вода, била физички нападната од Д.К.(74), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Во 12.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 12.30 часот во продажен објект во Скопје, Г.В. (49) од Скопје, вработена во објектот, била физички нападната од Г.А.(52) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во средата вечерта, во 23.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Јурумлери, скопско, пред угостителски објект, по претходни недоразбирања, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.К.(35) од Скопје и Г.И.(51) од с.Булачани, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.