Силјановска: Ние доаѓаме, ние сме вистинските Европејци!


  Повикувајќи се на Библијата во која, како што рече, Македонија се споменува на секоја страница, кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, вечерва на масовниот митинг пред зградата на владата ја најави главната поента на својата изборна кампања за претседател на државата – враќањето на изгубената гордост на граѓаните во Македонија.  „Гордоста не се […]

Агелер: Будно ќе ги следиме изборите, но и дали има мешање од странство


Северна Македонија е во Европа. Треба да биде во ЕУ. Заслужува целосна евроатлантска интеграција. Потребни и се поотворени пазари. ЕУ е светлата иднина на државава, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер, која се надева дека ова прашање ќе биде поставено за време на изборите.  Агелер во интервју за Клик Плус на ТВ 21 рече дека тие […]

Пожар кај Русиново се шири кон Безгашчево


Пожарот кој попладнето избувна во месноста Губенек, атар на село Русиново, продолжува да се шири кон месноста Безгашчево. Екипите на ТППЕ Берово и Национални шуми кои го гаснат пожарот напоменуваат дека ситуацијата е опасна поради ветерот кој го проширува обемот на опожарените предели. Во пожарот претходно командирот на единицата Сашко Руменовски, информираше дека е зафатена […]

(Во живо) Централен митинг на СДСМ во Прилеп


СДСМ со централен митинг во Прилеп вечерва ја почна кампањата за Претседателските избори.  Најавени се обраќања на кандидатот за претседател Стево Пендаровски и на лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.   

Во Центар: 46-годишна жена претепана од својата мајка


Денеска во 2.40 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена пријавила дека на 03.04.2024 околу 20.30 часот во домот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзината мајка В.П.(67), која употребила и тврд предмет, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ова се советите на Ворен Бафет за инвестирање со малку пари


Инвестирањето дури и мали пари може да доведе до значително богатство со текот на времето, а никој не го знае тоа подобро од Ворен Бафет, еден од најуспешните инвеститори на сите времиња. Со нето вредност од приближно 69 милијарди долари, инвестициските стратегии на Бафет се вредни за внимание. 1. Започнете рано Бафет ја нагласува важноста […]

Уапсени 22 лица во рамките на истрагата за злоупотреба на фондовите на ЕУ за помош во пандемијата


 Во акција на полициите на Италија, Австрија, Романија и Словачка денеска беа уапсени 22 лица во рамките на истрагата поради сомнеж дека „извлекле“ стотици милиони евра од фондовите за помош на Европската унија по пандемијата. Како што пренесуваат светските агенции, 600 милиони евра (650 милиони долари) биле дел од италијанскиот фонд по пандемијата, соопшти Европското […]

МНР: Возач на македонски туристички автобус загинал во сообраќајка во Италија, 12 патници се полесно повредени


Возач на автобус, македонски државјанин роден 1965, загинал денеска во сообраќајна несреќа во Италија, а 12 патници, исто така македонски државјани, се полесно повредени, соопшти Министерството за надворешни работи. МНР било информирано од нашата Амбасада во Рим дека на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија се случила сообраќајна несреќа во која  учествувал […]

ДЗР: Купени делови за гасификација си стојат – околу Скопе пат место гасовод


И по изминати 13 години, изградбата на магистралните гасоводи не е целосно завршена и дел од нив не се ставени во употреба, но, исто така отсуствува долгорочен план за развој на дистрибутивен систем на природен гас во државата, целосно самофинансирање на дејноста – пренос на природниот гас и реализацијата на идните активности за интерконекција со […]

ЕЦБ размислува за намалување на каматните стапки бидејќи инфлацијата забавува


Членот на Управниот совет на ЕЦБ и гувернер на Банката на Шпанија, Пабло Хернандез де Кос изјави дека Европската централна банка би можела да започне со намалување на каматните стапки во јуни по континуираното забавување на инфлацијата во еврозоната. „Од денес, најверојатното сценарио е јуни да го донесе првото намалување на стапките“, рече Де Кос. […]

Министерство за финансии: Постигнат привремен договор за воспоставување на Механизмот за реформи и раст


Во ЕУ е постигнат привремен договор помеѓу Претседателството на Советот на ЕУ и претставниците на Европскиот парламент за регулативата за воспоставување на Механизмот за реформи и раст за Западен Балкан, кој е дел од Планот за раст на Западен Балкан на Европската унија. Како што информираат од Министерство за финансии, механизмот има за цел забрзување […]

„Поштата е брза, само споро стигнува“ – скулптура на полжав поставена пред Поштата во Скопје


Пред Поштата во Скопје денеска беше поставена скулптура на полжав, како дел од герила акцијата насловена „Поштата е брза, само споро стигнува“ на Центарот за современи уметности. Организаторите посочуваат дека со ваквата акција, сакаат да го потенцираат проблемот со брзината на испорачување на пратките. На поставената фигура, дополнително пишува „Поддршка на синдикатот на вработените во […]

Форбс: Сите млади милијардери во светот го наследиле богатството


Сите светски милијардери помлади од 30 години го наследиле своето богатство, а првиот бран на „големиот трансфер на богатство“ би требало да се случи во следните две децении кога повеќе од 1.000 богати луѓе ќе префрлат повеќе од 5,2 билиони долари на своите наследници, покажа истражувањето на магазинот Форбс. Денес има повеќе милијардери од кога […]

„Време“: Данка е мртва, а теророт на „новинарите“ и нивните „извори од истрагата“ трае


  Данка е мртва, но ниту тоа не ги спречува таблоидите. Меѓу нас има луѓе кои газат дете и го фрлаат во депонија, но и полицајци кои им се јавуваат на пријатели од таблоидите и „новинари“ кои објавуваат гласини, како да озборуваат ново момче на старлета. Секогаш жедни за тираж, акции, кликови и пари. Данка […]

Надал ги пропушта турнирите во Барселона, Монте Карло и Мадрид


Мадрид – Шпанскиот тенисер Рафаел Надал поради проблеми со грбот ќе отсуствува околу шест недели, пренесува денеска весникот Диарио Спорт. Според изворот, голема е веројатноста Надал да ги пропушти турнирите во Монте Карло, Барселона и Мадрид. Оваа сезона, 37-годишниот Шпанец настапи на турнирот во Бризбејн, каде во четвртфиналето загуби одавстралискиот тенисер Џордан Томпсон. Надал притоа го […]

(Фото галерија) Почна претседателската кампања, само на Ванковска ќе биде „сиромашна“


  Од утрово Скопје е во знак на претседателската кампања. Низ главните градски улици осамнаа рекламни паноа на речиси сите претседателски кандидати, а видливи се и неформалните пи ар активности. Само кандидатката на Левица, Билјана Ванковска, утрово на прес-конференција најави дека кампањата ќе и биде скромна и сиромашна, исто како народот во државата. „Ние немавме […]

Максим Димитриевски ја почна кампањата со „Манифест за Македонија“


  Со програма под наслов „Манифест за Македонија“ и со слоганот „Максимум за Македонија“ претседателскиот кандидат Максим Димитриевски кампањата на претседателски избори ја почна од Крушево. „Мојата програма се базира на пет стратешки начела и пет приорити со кои ќе се зафатам во првите 200 дена. Моите пет начела се: единствени во надворешната политика, глас […]

Министерот за внатрешни работи ги соопшти деталите за убиството на малата Данка


По претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој објави дека Данка (2) е убиена, попладнево и министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ имаше вонредно ображање, во кое ги објасни деталите за смртта на Данка. Министерот го опиша текот на настаните Гашиќ рече дека мајката на Данка со децата дошла дома во Бањско Поле во 13.10 часот. […]

Кинотека е дел од проектот „ФилмЕД“ за спроведување филмска едукација


Кинотека на Северна Македонија соопшти дека оваа година е дел од проектот „ФилмЕД“, чија што цел е да развива и имплементира тренинг програми за наставници и едукатори, кои ќе стекнат знаење и пракса за спроведување на филмска едукација во наставни цели. „ФилмЕД“ (FilmED) почна со работа и на првиот партнерски состанок кој се одржа на […]