ДИК и ЗЕЛС за последните подготовки пред изборите – да обезбедат пристап за гласање


Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски имаше средба со претседателот на Државна изборна комисија, Александар Даштевски и со членови на ова тело, информираат денеска од ЗЕЛС. -На средбата иницирана на барање на ДИК, беше побарана соодветна техничка и логистичка поддршка од општините во процесот на спроведување на изборните активности. Општините се законски обврзани да обезбедат простор […]

ДУИ и „Вреди“ се договорија: Не влегуваат во влада ако нема уставни промени


  Арбен Таравари, претседателскиот кандидат на албанската опозиција, синоќа ги олади надежите на ВМРО-ДПМНЕ и повикот на Христијан Мицскоски за коалицирање, велејќи дека „Вреди“ и ДУИ имале џентлемнски договор да не влегуваат во влада која нема да ги направи уставните промени. Таравари тоа го кажа синоќа за време на дебатата со другиот претседателски кандидат, Бујар […]

Деца во Франција претепале ученичка пред училиште: „Се облекувала несоодветно за исламот“


Француските власти покренаа итна истрага откако тројца тинејџери претепаа 14-годишно девојче пред нејзиното училиште, по што таа падна во кома. Полицијата привела тројца малолетници за убиство во обид, меѓу кои и девојче од истото училиште со жртвата. Обвинителите подоцна изјавија дека 14-годишната Самара се разбудила од кома, но дека била сериозно повредена во нападот, кој […]

Со онлајн работилница со Илина Арсова започнува „РЕсет“ платформата за добросостојба на Реплек – приклучете се!


Вечерва со почеток од 19:00 часот започнува онлајн работилницата на која нашата истакната уметница и планинарка Илина Арсова ќе ги сподели своите животни навики и мотивациски тактики за здраво тело и дух, а присутните ќе можат директно да комуницираат со Арсова и да постават прашања или да споделат искуства и мислења. Арсова е позната по […]

Април 2024 најтежок за три хороскопски знака: Ретроградниот Меркур ќе ве научи што под итно треба да смените


Астрологијата открива кој треба да се подготви за тежок период во април 2024 година! Овој април, ретроградниот Меркур ќе ве натера да ги преиспитате начините на кои се обидувате да ги постигнете вашите цели. Ќе ве научи што итно треба да промените бидејќи Меркур во Овен симболизира разговор за сопственото его, вредности и се што […]

Гаши: Курти секогаш произведува високи тензии пред да направи отстапки кон Србија


Шефот на пратеничката група на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Арбен Гаши вели дека за време на владеењето на премиерот Албин Курти, кога е во прашање косовскиот север, населен со мнозинство Срби, „секогаш имало тензии пред да се направат отстапки“ кон Белград, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју за телевизијата Т7, […]

Во Косово денеска почнува пописот на населението, резултатите се очекуваат по три месеци


По повеќе од две години одлагање, во Косово денеска ќе започне пописот на населението, домаќинствата и становите/куќите, вклучително и на северот на земјата, населен со мнозинско српско население, во процес кој ќе трае шест недели, односно до 17 мај годинава, јави дописникот на МИА од Приштина. Во пописот ќе бидат ангажирани околу 3.500 попишувачи и […]

Бах – бесмртниот бог на хармонијата


Со религиозна музика со која тој може да инспирира вера кај неверниците, чувството за хармонија, го прави германскиот композитор заедничка референтна точка за сите класични композитори „Бесмртен бог на хармонијата“: така Бетовен, ни помалку ни повеќе, го нарекол Јохан Себастијан Бах. „Музиката му должи на Бах исто колку и религијата на нејзиниот основач“, забележа Шуман, […]

Клоп: Не одигравме најдобро против Шефилд, но ја заслуживме победата


Ливерпул се соочи со неочекувани тешкотии против аутсајдерите во Премиер лигата, Шефилд Јунајтед, но победи со 3:1 и се врати на врвот на табелата.  -Моравме да вложиме многу напор за да победиме, но тоа е нормално. Излеговме со правилен став, но на моменти не игравме најдобро што можевме. Видовме колку брзите додавања можат да го […]

Кулеба: Уморен сум од убедување на Западот дека треба да донесе силни и конкретни одлуки


Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, изјави дека е „уморен од тоа секогаш да мора да ги убедува западните сојузници дека треба да донесат брзи, конкретни и силни одлуки“ за да ја поддржат неговата земја во војната против Русија. -Слушам зборови на солидарност. Меѓутоа, сега мора да се донесат силни и конкретни одлуки за зајакнување […]

Катица и Боки 13 не треба да му дадат 1,5 милиони евра – според Апелација Камчев не е оштетен


Бизнисменот Орце Камчев, по пресудата за ,,Рекет” во граѓанска постапка ги тужеше Катица Јанева и Бојан Јовановски и од нив бараше да му исплатат 1,5 милиони евра, колку што наводно имало во фамозната торба Луј Витон. Апелација пак пресуди во корист на Јанева и Боки 13, пресекувајќи дека Камчев во случајот немал својство на оштетен. […]

Европска иднина и заложби за сите граѓани – ветувања од претседателските кандидати на стартот на кампањата


Предизборната кампања за Претседателските избори денеска продолжува со презентација на програмите на кандидатите на митинзи, дебати и средби со граѓани. На првиот ден од кампањата кандидатите изнесоа заложби за европска иднина на државата, со ветувања за функционални институциите со делегирање на професионални кадри, сите со реторика дека ќе бидат претседател на сите граѓани, како и […]

Директори на најголеми германски компании ќе го придружуваат Шолц за време на неговата посета на Кина


Берлин – Директори на некои од најголемите германски компании ќе го придружуваат германскиот канцелар Олаф Шолц за време на неговата посета на Кина кон крајот на месецов, јавија светските агенции. Ова се толкува како знак за континуираната зависност на Германија од производството во азиската земја и покрај обидите постепено да се оддалечи. Меѓу врвните менаџери […]

Проекции на филмови од кинематографиите на земјите од Вишеградската група


Од денеска до 13 април во Кинотеката ќе бидат прикажани четири филма во рамки на циклусот „Вишеградска група В4 филмски вечери“ посветен на кинематографиите на Чешка,  Полска,  Словачка и Унгарија како дел од Вишеградската група.  Циклусот ќе почне вечер во 20 часот со проекција на чешката комедија од 2007 „Празни шишиња“ во режија на Зденек […]

Одбележување на Светскиот ден на здравјето под мотото „Мое здравје, мое право“


Македонското лекарско друштво (МЛД) и Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје денеска организираат свеченост по повод Светскиот ден на здравјето – 7 Април, што се одбележува под мотото „Мое здравје, мое право“.  На свеченоста најавени се обраќања на претседателот на МЛД д-р Горан Димитров, министерот за здравство Илир Демири и на специјалната претставничка […]

Сончево со мала локална облачност, максималните температури од 20 до 28 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 5 април 2024 година, 96-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 270 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 9 минути, а ќе зајде во 19 часот и 14 минути. Денов трае 12 часа и 54 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина ќе изгрее во […]

Ванковска: Ќе бидам претседател на сите, сиромашни, обесправени, дискриминирани


Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска, кампањата за претседател, под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“, ја почна од Струмица. Таа од вечерашниот митинг порача дека себе си се дефинира како можен претседател на сите граѓани, бидејќи така пишува во Уставот и би била претседател на сите сиромашни, сите обесправени, сите дискриминирани, а такви, […]

Западен Балкан добива шест милијарди евра од ЕУ


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави политичкиот договор што денеска го постигнаа Европскиот парламент и Советот на ЕУ за Инструментот за реформи и раст на Западен Балкан, во износ од шест милијарди евра и потенцираше дека проширувањето на Унијата е геостратешки приоритет. „Сакаме побрзо да го доближиме Западен Балкан до Унијата, […]

Пендаровски од Прилеп: Можам сите да ве погледам во очи, се што кажав исполнив


Кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски на вечерашниот митинг рече дека во Прилеп се чувствува како на домашен терен. -Во Прилеп се чувствувам како дома бидејќи прилепчани на претседателските избори и пред 10 години, кога победата ми беше украдена и пред пет години кога станав претседател, а и на овие претседателски избори […]