Клоп: Не одигравме најдобро против Шефилд, но ја заслуживме победата


Ливерпул се соочи со неочекувани тешкотии против аутсајдерите во Премиер лигата, Шефилд Јунајтед, но победи со 3:1 и се врати на врвот на табелата. 

-Моравме да вложиме многу напор за да победиме, но тоа е нормално. Излеговме со правилен став, но на моменти не игравме најдобро што можевме. Видовме колку брзите додавања можат да го променат текот на играта. По голот на Алексис Мекалистер ги контролиравме работите, а третиот гол беше величенствен, прокоментира тренерот на домашниот тим, Јирген Клоп.

Шефилд Јунајтед можеше да поведе уште во 20. секунда, но голманот на „црвените“ Квивин Келехер одлично одбрани.

-Гостите одиграа како што сакаа цели 90 минути. Беше тешко, но ја заслуживме победата, заклучи на крајот германскиот стручњак.