Лани имало 1,5 милиони работоспособни лица, 688.296 биле вработени


Во 2023 година вкупното работоспособно население во земјава изнесувало 1.515.107 лица од кои како активно население биле регистрирани 791.647 лица, при што 688.296 биле вработени, а 103.351 лице е регистрирано како невработено. Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на активност во овој период е 52,3, стапката на вработеност 45,4, додека стапката на невработеност […]

Вкупните кредити во февруари зголемени за 0,9 отсто во однос на претходниот месец, а за 6,5 отсто на годишна основа


Вкупните кредити, во февруари, се зголемија за 0,9 отсто споредено со со минатиот месец, поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 6,5 отсто којшто произлегува од зголеменото кредитирање на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“, информираат денеска од Народната банка.  […]

Просечната нето плата во јануари 39.542 денари, за една година се зголемила 16,5 отсто


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесува 39.542 денари и во однос на јануари лани е зголемена за 16,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27,8 […]

Грешката на Борисов: Мислеше дека со уцени ќе го порази Петков


  Бугарија повторно влегува во тешка политичка криза и на хоризонтот на предвремени парламентарни избори. Ова ќе биде дестабилизирачки фактор за функционирањето на институциите и економијата и ќе ги намали изгледите за рано членство во копнениот Шенген и во еврозоната. Затоа што властите досега не успеаја да се договорат за продолжување на ротациската влада и […]

На Меѓународниот ден на шумите средношколците садеа во паркот Гази Баба


По повод одбележување на 21 Март – Меѓународниот ден на шумите, Град Скопје во соработка со скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“ и градските средни училишта организира голема еко акција за пошумување на парк шумата Гази Баба. Во рамките на оваа еко акција, Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска заедно со 100 ученици засадија […]

Како постот влијае на телото? Тоа е и духовен и физички подвиг


Нашето тело подобро го поднесува недостатокот на храна отколку изобилството. Денес луѓето јадат многу храна од животинско потекло, богата со заситени масти, која со право може да се нарече нездрава бидејќи е еден од главните фактори на ризик за многу болести. Превенцијата на болести, кои често може да завршат фатално, вклучува и пост. Почитувањето на […]

Неколку сообраќајки низ државава, почина една жена, а прегазени се двајца пешаци


  Во повеќе сообраќајни незгоди вчера починала една жена, прегазени се двајца пешаци, а повредни се моторџии, возачи и сопатници. Во средата во 14.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул. „Методија Андонов Ченто “ и ул. „Маџари“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(81) од […]

Иранци со лажни пасоши од Бразил и Белгија слетале на аеродромот во Скопје


Во средата, во 11.30 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Ј.(47), Р.Г.А.(48) и еден малолетник, тројцата од Иран. При извршена гранична контрола и проверка било констатирано дека лицата на увид дале фалсификувани патни исправи од Белгија и Бразил, а поседувале и оштетени ирански патни исправи. Лицата биле предадени […]

Русите во Србија гласаа против Путин, сега може да бидат депортирани


  Неуспехот на Владимир Путин на изборите во Србија и активното учество на Русите на масовниот собир „Пладне против Путин“ во амбасадата во Белград наскоро може да добијат одговор од српските власти. Како што пишува Раша тудеј под контрола на Кремљ, повикувајќи се на извори блиски до српските власти, специјалните служби на републиката планираат големо […]

Цените на златото достигнаа рекорд: Се предвидува растот да продолжи и во иднина


Подемот на златото продолжува со цени кои достигнаа историски максимум во четвртокот – и има простор за понатамошни добивки бидејќи централните банки продолжуваат да купуваат злато во рекордни количини. Цените би можеле да се зголемат до 2.300 долари за унца во втората половина на 2024 година, особено во услови на очекувања дека американската централна банка […]

Џилиан Стирк од Канада ќе ги предводи набљудувачите на ОДИХР на изборите


Експертот за човекови права, поранешен заменик министер во Канада и амбасадор, Џилиан Стирк, ќе ја предводи мисијата на ОДИХР на претстојните претседателски и парламентарни избори во Македонија. Стирк веќе се сретнала со членовите на ДИК, но рече дека се уште е рано да дава оценка за делумните измени на Изборниот законик, што се случија две […]

Огромна студија: Падот на наталитетот ќе предизвика невидени промени во светот


Населението на речиси секоја земја во светот ќе се намали до крајот на векот, покажа голема студија објавена во средата, сугерирајќи дека бумот на раѓања во земјите во развој и падот на наталитетот во богатите земји ќе поттикнат масивни социјални промени. Стапката на фертилитет или стапката на плодност кај половина од сите нации во светот […]

Фотографиите на Макрон како боксува ја изненадија Франција


  Објавувањето на официјалните фотографии на кои се гледа како Емануел Макрон удира во вреќа за бокс, наиде на мешавина од пофалби и вознемиреност во Франција. Фотографиите на францускиот претседател, објавени на Инстаграм во вторникот од неговиот официјален фотограф, Соазиг де ла Моасоние, се во црно-бела боја и го прикажуваат претседателот со стиснати заби и […]

Волстрит: Најавите на ФЕД ги катапултираа индексите до рекордни височини


Американските индекси достигнаа рекордно високо ниво откако ФЕД ги задржа стапките на највисоко ниво во последните 23 години и ги задржа очекувањата за три намалувања пред крајот на 2024 година. Широкиот индекс СиП се зголеми за 0,8 отсто и отиде над 5.200 поени за прв пат во историјата. Композитниот Насдак индекс скокна за 1,2 отсто, […]

Највисока плата во Црна Гора лани изнесувала 127.820 евра


Највисоката бруто месечна плата во Црна Гора минатата година изнесува 127.820 евра и му била исплатена на азербејџански државјанин вработен во секторот за изнајмување на недвижен имот, соопшти црногорскиот Завод за статистика Монстат. Неговиот приход е 129 пати повеќе од минатогодишната просечна бруто-плата во Црна Гора или дури 284 од минималната плата. Според податоците на […]

Турската воена индустрија го зголемила домашното производство од 20 на 80 отсто


Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја прави значителни чекори на полето на одбранбената индустрија, а процентот на домашното производство во оваа област е зголемен од 20 на 80 отсто, пренесуваат турските медиуми. -Ние (Турција) сме една од првите три земји во светот во технологијата на беспилотни летала, рече Едроган, обраќајќи […]

Поморски сили на Украина: Во Црното и Азовското Море нема руски бродови


Од утрово нема руски воени бродови во водите на Азовското и Црното Море, објавија на Фејсбук поморските сили на Украина. Во Средоземното Море, Русија чува два брода, вклучително и еден носач на крстаречки ракети „Калибар“ со вкупно салво до осум ракети. Портпаролот на украинската морнарица Дмитро Плетенчук рече дека Русија не може да си дозволи […]

Со пролетта стигнаа промените: Почна астролошката Нова година


Со првиот ден од владеењето на хороскопскиот знак Овен, пристигна астролошката Нова година. Иако сме навикнати да се потпираме на Грегоријанскиот календар и да го броиме 1 јануари како почеток на нов круг околу Сонцето, астролозите имаат различни правила и новата астролошка година ја бројат од 21 март. Погледнете што предвидуваат ѕвездите за вашиот хороскопски […]

Остранети знамињата на Албанија и ОНА од тетовското кале


Остранети се знамињата на Албанија и ОНА од црквата и манастирскиот двор на тетовското кале, кои вчера попладне биле забележани, а случајот веднаш e пријавен во СВР Тетово. „Вчера попладне во 17 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека непознати сторители на куполата од црквата “Свети Атанасиј” во истоимениот манастирски комплекс на […]

Шолц уште еднаш го поддржа отворањето на преговорите меѓу БиХ и ЕУ


Германскиот канцелар Олаф Шолц во своето обраќање во Бундестагот уште еднаш го поддржа отворањето на преговорите меѓу Босна и Херцеговина и Европската унија. Сепак, во пресрет на самитот на Советот на ЕУ, се уште има многу скептицизам. Во соопштението на германската влада по повод самитот на Советот на ЕУ в четврток и петок, германскиот канцелар […]