Хаити се распаѓа, нема храна, а нема ни кој да помогне


Животот на Сара Молин ја отсликува длабочината на проблемите на Хаити. Пред една година, овој 20-годишник бил студент по информатика и живеел во предградијата на главниот град Порт-о-Пренс. Сепак, неуспешната состојба во која Хаити брзо станува, ги пропадна повеќето млади луѓе. Месечните превирања и политичката нестабилност по атентатот во јули 2021 година на претседателот Џовенел […]

„Реплек“ ги презема ексклузивните права за маркетинг и дистрибуција на познатиот британски бренд „Хелт еид“ за Адрија регионот


„Реплек АД“ ги презема ексклузивните права за маркетинг и дистрибуција на познатиот британски бренд HealthAid Limited UK. Покрај за домашниот, ексклузивните права се однесуваат и за неколку други пазари, вклучувајќи ги Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска, Словенија и Црна Гора. Повеќе од 40 години, HealthAid Limited UK е премиум бренд на глобалниот пазар на […]

САД подготвија нацрт-резолуција на ОН со која се повикува на итен прекин на огнот во Газа


 Соединетите Американски Држави подготвија нацрт-резолуција за Советот за безбедност на ОН со која се повикува на „итен прекин на огнот поврзан со ослободување на заложниците“ во Појасот Газа, изјави државниот секретар Антони Блинкен. Дипломатот го објави ова за време на турнејата на Блискиот исток, во рами на која утре ќе го посети и Израел. Клучниот […]

Омаж на драмскиот автор Едвард Бонд на ФДУ во Скопје


На Факултетот за драмски уметности во Скопје на 21 март, со почеток во 19.30 часот, ќе се одржи омаж посветен на Едвард Бонд, еден од најзначајните драмски автори на нашето време. Тематски наслов на омажот е „Драмата е суштинска за нашата човечност“. На значењето и на различните аспекти на театарот на Бонд ќе се осврнат […]

Каде исчезнаа хуморот и сатирата во Македонија: Еве што напиша Иван Џепароски во новата книга 


„Никој не се смее сам. И за смеа се потребни двајца, ако не и повеќемина. Филозофот и нобеловец од областа на книжевноста Анри Луј Бергсон (Henri-Louis Bergson, 1859 – 1941) во своето дело „Смеата: есеј за значењето на комичното“ (Le Rire: essai sur la signification du comique, 1900) вели дека „не постои комично надвор од […]

Најстудено во Берово, најтопло во Дојран


Најстудено утрово е во Берово – 6 степени, -3 степени се измерени на Попова Шапка, Маврови Анови, Крива Паланка, Претор, Битола, -2 во Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија, Струмица, -1 во Охрид, Крушево, Прилеп, Штип, Велес, Куманово, 0 во Кавадарци, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, 2 во Гевгелија и 5 степени во Дојран. Управата за хидрометеоролошки […]

Грешка која возачите често ја прават: Може скапо да ве чини


Честите грешки на возачот може да го оштетат моторот. Возачите на бензин и дизел би можеле да го оштетат маслото во нивното возило без воопшто да се свесни за тоа. Често прават една грешка која може скапо да ги чини. За што се работи? Според механичарот Скори Килмер, би можеле да го скратите животниот век […]

Во Перу е пронајден фосил стар 16 милиони години


Научниците открија 16 милиони години стар фосилизиран череп на речен делфин кој некогаш пливал во водите на денешен Амазон, чиј најблизок жив роднина е јужноазискиот делфин од реката Ганг во Индија. Палеонтологот Родолфо Салас изјави дека черепот му припаѓа на најголемиот делфин за кој е познато дека живеел во водите на Јужна Америка, кој бил […]

Русија утрово го нападна Киев, пред тоа Харкив. Има мртви и ранети


Русија рано утринава изврши ракетен напад врз украинската престолнина Киев, во кој беа повредени осум лица, а беа оштетени станбени згради и индустриски објекти, изјави градоначалникот Виталиј Кличко. Тоа е првиот голем ракетен напад врз Киев во последните недели. Кличко во апликацијата за пораки Телеграм рече дека единиците за противвоздушна одбрана го одбиле нападот и […]

ДИК треба да ги потврди претседателските кандидатури


Државната изборна комисија (ДИК) се очекува денеска да одржи седница на која треба да ги потврди кандидатурите на седуммината претседателски кандидати за изборите на 24 април. Кандидатури поднесоа Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска – Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Максим Димитриевски од ЗНАМ, Билјана Ванковска поддржана од Левица, Бујар Османи […]

Дела од колекцијата на МСУ во Националната галерија во Прага


Дела од колекцијата на Музејот на современата уметност – Скопје, денеска ќе бидат претставени во Националната галерија во Прага. Изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје”, првично беше прикажана минатата година во Кунстхале, Виена. Во изменета верзија, изложбата е проширена со дела од колекцијата на МСУ од чехословачки уметници и од […]

САД почнаа да ги евакуираат своите граѓани од Хаити со хеликоптер


Вашингтон – Американскиот Стејт департмент соопшти дека во врска со ескалацијата на насилството на Хаити, американските хеликоптери вчера започнале со чартер летови за евакуација на американските граѓани од главниот град Порт-о-Пренс, при што првиот лет превезувал повеќе од 15 луѓе во Доминиканската Република, објавија британските медиуми. Според портпаролот на Стејт департментот, хеликоптерите ќе овозможат евакуација […]

Васил Хаџиманов Бенд ќе го претстават новиот студиски албум „Кејф“ во МНТ


Во фоајето на Македонски народен театар денеска од 12 часот ќе се одржи прес-конференција на Васил Хаџиманов Бенд за новиот студиски албум со наслов „Кејф“. Албумот „Keyf“ е осми студиски албум на бендот и објавен е во дигитален и CD формат од страна на хрватската издавачка куќа Croatia Records.  Содржи девет песни продуцирани од Васил […]

ОБСЕ /ОДИХР ќе ги претстави активностите за изборите во државава


Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) денеска  ќе ги претстави планираните активности за претстојните претседателски и парламентарни избори во државава. Улогата на набљудувачката мисија на ОДИХР на изборите и нејзините планирани активности на прес-конференција ќе ги презентира Џилијан Штирк, шеф на мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР. 

Дводневен Самит на ЕУ – главни теми Украина, Блискиот Исток, проширувањето и безбедноста


Брисел – Поддршката за Украина во справување со руската воена агресија, ситуацијата на Блискиот Исток, проширувањето на Унијата, безбедност, одбрана и надворешните односи на ЕУ, прашањата поврзани со миграцијата и земјоделството, како и рамката за социо-економските политики на блокот за 2024 година, ќе бидат главни теми на дводневниот Самит на Европската Унија што ќе се […]

Прогласување на добитниците на „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ во МАНУ


Во Скопје, Струга и Струмица, со повеќе настани денеска се одбележува Светскиот ден на поезијата. Во рамки на настаните ќе бидат одбележани и 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин и на 80 години од објавувањето на „Песни“ од Ацо Шопов – првата книга на македонски јазик во слободна Македонија. Од денеска […]

Без струја делови од Чучер Сандево, Петровец и Аеродром


Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска без струја ќе бидат повеќе места во Општина Чучер Сандево, Петровец и Аеродром. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје, без електрична енергија во Чучер Сандево од 9 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од селата Кучевиште, Мирковци, Побожје, Бродец, Танушевци, […]

Ќе се избира член на Советот на јавни обвинители


Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија денеска ќе спроведе избори за член на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, со изборно место број 5.  Како што информираат од Советот, гласачкото место се затвора во 16 часот. – Комисијата која ги спроведува изборите во ЈОРСМ […]

Сончево со студено утро


Времето денеска изутрина ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени Целзиусови. И во Скопје наутро […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 21 март 2024 година, 81-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 285 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 35 минути, а ќе зајде во 17 часот и 47 минути. Денов трае 12 часа и 12 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]