Волстрит: Најавите на ФЕД ги катапултираа индексите до рекордни височини


Американските индекси достигнаа рекордно високо ниво откако ФЕД ги задржа стапките на највисоко ниво во последните 23 години и ги задржа очекувањата за три намалувања пред крајот на 2024 година.

Широкиот индекс СиП се зголеми за 0,8 отсто и отиде над 5.200 поени за прв пат во историјата. Композитниот Насдак индекс скокна за 1,2 отсто, додека Дау Џонс индастријал авериџ додаде 400 поени, или 1 отсто, достигнувајќи рекордно високо ниво.

ФЕД ги остави стапките непроменети, но соопшти дека планира да ги намали три пати до крајот на годината, потврдувајќи ја претходната прогноза од декември. Во оваа насока, централната банка посочи дека и се потребни повеќе докази дека инфлацијата се намалува пред да почне да со намалувањата.

„Одборот не очекува дека е соодветно да се намали целниот опсег додека не добие поголема доверба дека инфлацијата одржливо се движи кон 2 отсто“, соопшти централната банка.

Пред состанокот, некои инвеститори стравуваа дека неодамнешниот наплив на жешки извештаи за инфлацијата потенцијално ќе резултира со уште помали намалувања отколку што очекуваа пазарите.

„Имавме некои скокови во инфлацијата оваа година, но Џером Пауел воопшто не трепна“, рече Дејвид Расел, глобален шеф за пазарна стратегија во „Трејд стејшн“.

„На инвеститорите им олесни кога видоа дека три намалувања остануваат на табелата, поддржувајќи ги пазарите и апетитот за ризик“.

Финансиските акции пораснаа по одлуката на ФЕД за надежите дека овогодинешното намалување на каматните стапки ќе го одржи растот на економијата. Американ експрес додаде 2,8 отсто, додека СПДР СиП Риџанал банкинг ЕТФ доби речиси 3,4 проценти.

Акциите на големите технолошки компании одговорни за неодамнешното рели на пазарот се зголемија бидејќи инвеститорите се обложуваат дека секторот ќе добие најмногу од пониските стапки. „Алфабет“, „Амазон“, „Мајкрософт“ и „Нвидиа“ се зголемија околу 1 отсто, додека „Мета“ за 1,9 отсто. Неодамнешните пазарни заостанувања на „Епл“ и на „Тесла“ напредуваа за 1,5 отсто и 2,5 отсто, соодветно.

„Чипотл Мексикан грил“ доби 3,5 отсто по објавувањето на поделба на акциите во вторникот. „Парамаунт глобал“ скокна за 11,8 отсто по извештаите дека „Аполо Глобал менаџмент“ понудил 11 милијарди долари за своето филмско и ТВ студио, пренесува регионалниот бизнис портал СЕЕбиз.