Струмичката болница обезбеди модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за хируршки зафати


Струмичката болница обезбеди и започна со работа со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за потребите на одделот хирургија, информираа од оваа здравствена установа. Како што соопштија оттаму, со лапароскопска хирургија се овозможува полесен третман на пациентите со минимални инвазивни третмани, помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, полесно заздравување и пократок престој на […]

Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата


Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, како и цените на нафтата, додека цените на златото и пченицата паѓаат. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:10 часот порасна на 18.492,46 поени, лондонски FTSE 100 на 7.957,12 поени, францускиот CAC 40 на 8.225,07 поени, а московскиот MOEX на 3.308,14 поени. Вредноста на американскиот […]

Хаос со сметките за комуналии во Тетово – странската фирма направи низа грешки


Општина Тетово собирањето и депонирањето на комуналниот отпад, преку јавно приватно партнерство го додели на словенечката компанија ,,Заубермахер”, а при доаѓањето на првата сметка вода и комунален отпад, пред ЈКП Тетово се собраа револтирани граѓани, јави ТВ21. Тие се жалат дека сметките повеќекратно им се зголемиле, дека им стига сметка на повеќе членови од семејство, […]

Награда и признание за Азески од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип


Во знак на признание и благодарност за неговиот значаен придонес и соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески доби благодарница и награда од страна на Универзитетот. Оваа почесна награда му беше врачена од ректорот проф. д-р Дејан Мираковски по повод 27 март-патронат на УГД за 2024 година. Наградата […]

Ангеловска-Бежоска: Родовата еднаквост не само квантитативно, туку и квалитативно ќе го поттикне економскиот раст


Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Така, кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на активност е повеќе намалена кај жените отколку кај мажите, што е слично и со глобалните трендови. Според анализата на Светската банка, земјите во регионот од […]

Полетаа последните поштенски авиони во Германија, со 53 тони писма


  „Дојче пост“ ги суспендираше летовите за домашна испорака на писма по повеќе од 62 години. Последниот авион со домашна пошта рано утринава тргна од Берлин за Штутгарт. Непосредно пред тоа полетаа авиони од Хановер, Минхен и Штутгарт. Вкупно превезле 1,5 милиони писма со тежина од 53 тони. Авионите повеќе нема да се користат за […]

Средното училиште за ученици со оштетен слух „Партенија Зографски“ учествува во Еразмус-проект со партнери од Летонија и Естонија


Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски”-Скопје учествува во проект од образовната програма на ЕУ – Еразмус+ со партнери од две балтички земји – Државното техничко училиште од Рига, Летонија, кое е координатор на проектот, и колеџот „Тарту“ од Тарту во Естонија. ДУЦОР „Партенија Зографски“, единствено училиште во земјава за средно стручно образование […]

Уште два смртни случаи, а повеќе од 100 хоспитализирани во Јапонија по земање додатоци во исхраната


Уште два смртни случаи се поврзани со конзумирање на додатоци во исхраната направени од црвен квасец, соопшти денеска компанијата „Кобајаши“. Јапонското Министерство за здравство вчера соопшти дека смртта на две лица и повеќе од 100 хоспитализации во Јапонија се поврзани со конзумирање на диететски додатоци во исхраната од црвен квасен ориз од фармацевтската компанија „Кобајаши“, […]

„Кит-кат“ чоколатцата повлечени во Хрватска


Државниот инспекторат го повлече од пазарот производот вафли Нестле КИТ КАТ Мини поради присуство на минерални масла, извести Хрватската агенција за земјоделство и храна. Како што објаснуваат во соопштението, станува збор само за Nestle KIT KAT Mini 200 гр во кесичка (производ од вафли прелиен со млечно чоколадо), серија 40580734, со рок на употреба 01.2025 […]

„Патот на престапникот“ – премиера на документарецот за македонските затвори


Македонскиот документарен филм „Патот на престапникот“ кој во изминативе две години се снимаше во КПД „Идризово“, КПУ затвор „Скопје“ и Малолетничкиот затвор „Охрид“, ќе биде премиерно прикажан пред македонската публика на 2 април во Кинотека, во 18 часот. Времетраење на филмот е 31 минута, а влезот е бесплатен. Со доза на суровост, без светла и […]

Во чест на Мирко Попов ја славиме македонската музика: Промоција на винил издание – поп култура


  Утревечер, на 29 март, во 19 часот во Eдукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари – ПОП КУЛТУРА. Ова исклучително винил издание се реализира во рамки на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ. Компилацијата претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската поп музичка […]

Трет ден потрага по малата Данка во Србија – полицијата ја смени тактиката


Трет ден од потрагата по малата Данка, двегодишното девојче кое исчезна во вторникот околу 13 часот и 45 минути во приградската населба Бањско Поље, во близина на градот Бор, во источна централна Србија. Данка во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони и маслинесто зелена јакна. Мајката раскажала како Данка исчезнала од дворот на семејната куќа […]

Моќниот астро феномен доаѓа во април 2024! Започнува ново поглавје за сите хороскопски знаци


Астрологијата открива како календарот на полна месечина во април 2024 година ќе го промени животот на хороскопските знаци! Полната месечина ќе се случи на 23 април 2024 година. Својата најсветла точка ја достигнува околу 19:49 часот. Оваа полна месечина уште се нарекува и розова месечина, а го симболизира почетокот на пролетта и женската енергија. Астрологијата […]

Почнува пријавувањето за 20. издание на Виз Ер Скопски Маратон


Пријавувањето за 20. јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон почнува утрово во 9 часот и ќе трае до 20 септември до 23:59 часот. Право на учество имаат сите македонски и странски државјани.  – Трката има ограничен број на учесници и пријавувањето може да се затвори, доколку се пополни предвидениот број на бројот на учесници, […]

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами


 Русинот Андреј Медведев и Италијанецот Јаник Синер ја сочинуваат првата полуфинална двојка на тенискиот Мастерс во Мајами, САД. Ова е епилогот по првите два четвртфинални меча на кои Медведев го совлада чешкиот тенисер Николас Јари со 2:0, додека Синер беше поуспешен од Томас Махач (Чешка) исто така со 2:0. Другите двајца полуфиналисти ќе бидат познати […]

Хантер Бајден бара отфрлање на обвиненијата за затајување данок, за кои тврди дека се политички мотивирани


Адвокатите на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, побараа да се отфрлат обвиненијата против него за федерално затајување данок како дел од политички мотивираното гонење. Ејб Ловел, главниот бранител на Хантер Бајден, истакна дека ова не е обичен случај, тврдејќи дека има неправилности во начинот на кој бил покренат и истражен, што федералните […]

Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис


Рокфорд – Четири лица се убиени, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен маж е уапсен. Полицијата, исто така, соопшти дека некои од жртвите биле избодени со нож, но во нападот не било употребено огнено оружје, пренесуваaт локалните медиуми. Убиени се 15-годишно девојче, 63-годишна жена, 49-годишен маж и 22-годишен млад […]

Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав, на дневен ред Декларација за годишнината на НАТО


Собранието денеска ќе ја започне последната нова седница во овој парламентарен состав. На предложениот дневен ред за 149. седница се тринаесет точки. По оваа седница закажани се и продолженија на 131-та, 135-та, 138-та, 145-та и 103-та седница. Во рамки на новата 149. седница пратениците треба да ги разгледаат Предлог на декларација за одбележување на четвртата […]

Прва регионална конференција на сметководители и овластени сметководители


Во организација на Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) денеска во Скопје ќе се одржи регионалната конференција: „Сметководството во регионот – трендови, предизвици, стандарди и перспективи“. Ова е прва конференција од ваков формат што се одржува во нашата земја. На конференцијата, која ќе се одвива под мотото „Во бројките веруваме (In numbers we trust)”, […]