Полетаа последните поштенски авиони во Германија, со 53 тони писма


 

„Дојче пост“ ги суспендираше летовите за домашна испорака на писма по повеќе од 62 години. Последниот авион со домашна пошта рано утринава тргна од Берлин за Штутгарт.

Непосредно пред тоа полетаа авиони од Хановер, Минхен и Штутгарт. Вкупно превезле 1,5 милиони писма со тежина од 53 тони.

Авионите повеќе нема да се користат за доставување писма бидејќи поштата сака да ги намали трошоците и јаглеродот.

Писмоносните авиони првпат полетаа во 1961 година.

Германската пошта со децении се потпираше на летовите бидејќи со закон беше обврзана да испорача најмалку 80 отсто од поштата следниот работен ден, но владејачката коалиција предводена од канцеларот Олаф Шолц го промени Законот за поштенски пораки и ги продолжи роковите за испорака.

Писмоносачите првпат полетаа во септември 1961 година, а врвот беше во 1996 година, кога во 45 ноќни летови во просек беа транспортирани 430 тони писма.