Концерт „Татковина“ во Филхармонија


Филхармонијата вечер ќе одржи концерт насловен „Татковина“ под диригентство на Сашо Татарчевски, на кој ќе настапи виолинистот Бојан Илкоски. На програмата ќе бидат изведени виртуозниот Концерт за виолина и оркестар бр.1 од Николо Паганини (1782-1840) и Симфонија бр. 4 во де-мол, оп.120 од Роберт Шуман (1810-1856) Дирирентот  Татарчевски дипломирал и магистрирал на Факултетот за музичка […]

„Лебдење“ на ДЛУМ во рамки на изложбата на Скопскиот моден викенд 2024


Во ТЦ Ист гејт денеска од 18 часот ќе биде отворена изложба на Скопскиот моден викенд 2024. На покана на организаторите, Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) ќе се претстави со изложба насловена „Лебдење” (Floating) со автори кои работат на текстил во ликовен контекст. Како што соопшти ДЛУМ, на изложбата ќе учествуваат: Јана Манева-Чупоска, […]

Променливо облачно со повремен дожд, грмежи и ветер


Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, локално поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (60 km/h) од југозападен правец, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 28 март 2024 година, 88-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 278 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 23 минути, а ќе зајде во 17 часот и 55 минути. Денов трае 12 часа и 32 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее […]

Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара


Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. – Се врши претрес на одредена локација. Имаме осомничени луѓе за убиството, има одредени материјални траги кои не водат до овие осомничени. Две лица се приведени и се надевам дека во најкратко можно […]

Рикер: Bез оглед на исходот, Македонија нема да има подобар пријател од САД


НАТО обезбедува безбедност и стабилност, а ЕУ може да обезбеди просперитет. Иднината на земјата е во Унијата. Процесот е тежок и фрустрирачки, понекогаш може да биде и разочарувачки, сте го поминале сето тоа, но јасно е дека тоа е најдобриот исход, порача поранешниот американски амбасадор во Скопје Филип Рикер во интервју за Сител. –  Вие […]

Синер прв полуфиналист на турнирот во Мајами


Италијанецот Јаник Синер е првиот полуфиналист на турнирот во Мајами откако лесно во четвртфиналето се справи Томаш Махач од Чешка. Синер со оваа победа ја продолжи одличната форма, па поради тоа е еден од главните фаворити. Против Махач лесно ја оправда фаворитската улога и славеше со 2:0 во сетови. Во првиот сет му дозволи четири гема на чешкиот тенисер […]

Албанските иселеници минатата година дома испратиле 930 милиони евра или 100 милиони повеќе од претходната


Минатата година албанските иселеници, на своите најблиски во татковината, им испратиле 930 милиони евра, што е за околу 100 милиони евра повеќе споредено со претходната година, објави Централна банка на Албанија. Овој износ е највисок од 2008 година, од кога Банката почна да ги објавува податоците. -Значителниот раст на дознаките кај нас започна од пандемијата […]

Шеф на чешката разузнавачка служба: Безбедносната ситуација во Европа е најлоша од Втората светска војна


 Сегашната ситуација во Европа е најлоша од Втората светска војна, изјави шефот на чешката разузнавачка служба Михал Куделка. Јавниот радиодифузер Радио Прага Интернационал јави дека шефот на службата за безбедност и информирање на Чешката Република на состанокот на претседателот Петр Павел му рекол дека рускиот експанзионизам и можното враќање на екстремистички терористички групи како ИСИС […]

Шолц најави нова динамика во евроинтеграцијата на Западен Балкан, без попречувања од билатерални спорови


– Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека силно се залага за забрзување на процесот за влез на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, но дека сите што се надеваат на членство во ЕУ мора да бидат свесни дека тоа не е геополитичка одлука, туку процес кој е поврзан со конкретни реформски чекори. Тој […]

Честитка од министерката Костадиновска-Стојчевска за Светскиот ден на театарот


На Светскиот ден на театарот, чест ми е да ви се обратам на сите и со вас да споделам дека театарот е непроценлив дел од нашето културно наследство и игра клучна улога во обликувањето на општеството. Вашата сцена е моќна за да ги изразите нашите заеднички перспективи, да иницирате дијалог и да поттикнете емпатија. Вие […]

Кавадарци меѓу првите општини со фотонапонски панели на јавните општински објекти


Општина Кавадарци е една од првите општини  во државата, која во 2022 година постави фотонапонски панели на сите јавни општински објекти со вкупна инсталирана моќ од 19,2 киловати на час. За ова попладнево информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев Во Кавадарци за првпат се реализира ваков иновативен проект со кој се придонесе кон заштита […]

Тинејџер во Германија ги заклал родителите и братот, тешко ја повредил сестра си


Деветнаесетгодишник со нож ги убил братот и родителите и тешко си ја повредил сестрата во Хохентенген на германско-швајцарската граница, соопшти државното правобранителство во сојузната покраина Баден-Виртемберг. 19-годишникот со нож ги убил родителите на возраст од 58 и 61 година, а потоа и 34-годишниот брат. Сестрата, чија возраст не е објавена, била повредена и со хеликоптер […]

Скокнаа цените на аранжманите во Грција – ова се „first minute“ понудите на туристички агенции


Со почетокот на новата туристичка сезона, македонските туристи се соочуваат со значително зголемување на цените на патувањата во Грција; пишува „Денар“. Според последните извештаи, цените на аранжманите за омилените дестинации на нашите туристи оваа година се зголемени и до 20 проценти. Експертите тврдат дека ова зголемување е резултат на воведувањето на нова такса во Грција, […]

Шест години затвор за членка на групата „Пуси Рајот“


Судот во Москва денеска ја осуди членката на руската опозициска група „Пуси Рајот“ и поранешна општинска пратеничка, Луција Штејн на шест години затвор, соопшти судот. Штајн беше прогласена за виновна за ширење „лажни воени вести“ во врска со објава од март 2022 година на мрежата „Х“ во која таа ги обвини руските војници заробени од […]

Кулеба: Северна Македонија е добар пријател на Украина, направи многу да ни помогне


Северна Македонија е добар пријател на Украина и направи многу за да ни помогне, рече украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, одговарајќи на новинарско прашање на онлајн брифинг со странски медиуми, пренесува Гласот на Америка. – Направивте многу во последните три години. Во споредба со вашите можности, вие навистина направивте многу за да ни […]

Демири и д-р Димитров: Продолжување на работниот однос на докторите кои имаат навршено 64 години


Министерот за здравство д-р Илир Демири денеска оствари средба со претседателот на Македонското лекарско друштво проф. д-р Горан Димитров на којашто разговараа за продолжување на работниот однос на докторите кои имаат навршено 64 години и кои учествуваат во едукација на младите кадри на сите медицински факултети во земјава. Со оваа иницијатива и прифаќањето на оваа […]

Охриѓанец дал аванс од 25.000 денари, но не добил услуги од градежна фирма


Вчера во 16.00 часот во СВР Охрид, 40-годишен маж од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице, управител на градежна фирма, за сума од 25.000 денари, извести МВР. „Според пријавеното, тие се договориле лицето да му изврши градежни работи за што тој му ги дал парите како аванс. Како што е пријавено, лицето ниту […]

Пет лица ќе одговараат за обид за убиство откако избодеа човек на Бит Пазар


Пет лица кривично ќе се гонат за инцидентот што се случи на Бит Пазар во кој беше прободено едно лице.  СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Е.(31) и Х.Е.(49), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ и против И.Е.(28), Б.Е.(23) и Ј.Б.(21) поради постоење основи на сомнение […]

Објавен конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови за учебната 2024/2025 година


Министерството за образование и наука денеска објави Конкурс за прием (сместување и исхрана) на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година. Според конкурсот објавен на веб-страницата на МОН, во 18 ученички домови низ државата слободни се вкупно 2500 места. Од нив, 824 се во пет ученички домови во Скопје. Во ученичкиот […]