„Лебдење“ на ДЛУМ во рамки на изложбата на Скопскиот моден викенд 2024


Во ТЦ Ист гејт денеска од 18 часот ќе биде отворена изложба на Скопскиот моден викенд 2024.

На покана на организаторите, Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) ќе се претстави со изложба насловена „Лебдење” (Floating) со автори кои работат на текстил во ликовен контекст.

Како што соопшти ДЛУМ, на изложбата ќе учествуваат: Јана Манева-Чупоска, Ана Ивановска, Јана Јакимовска, Страхил Петровски, Гордана Вренцоска, Марјана Којсточиновска Узунчева, и Маја Кировска.