Синер прв полуфиналист на турнирот во Мајами


Италијанецот Јаник Синер е првиот полуфиналист на турнирот во Мајами откако лесно во четвртфиналето се справи Томаш Махач од Чешка.

Синер со оваа победа ја продолжи одличната форма, па поради тоа е еден од главните фаворити. Против Махач лесно ја оправда фаворитската улога и славеше со 2:0 во сетови.

Во првиот сет му дозволи четири гема на чешкиот тенисер (6:4), додека во вториот само два (6:2).

Противник на Синер во полуфиналето ќе му биде подобриот од мечот помеѓу Медведев и Јари.