Кавадарци меѓу првите општини со фотонапонски панели на јавните општински објекти


Општина Кавадарци е една од првите општини  во државата, која во 2022 година постави фотонапонски панели на сите јавни општински објекти со вкупна инсталирана моќ од 19,2 киловати на час. За ова попладнево информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев

Во Кавадарци за првпат се реализира ваков иновативен проект со кој се придонесе кон заштита на животната средина, подобрување на квалитетот на животот на граѓаните бидејќи овие фотонапонски системи работат на користење на обновливи извори на енергија.
 
Кавадарци уште еднаш, со ова покажа дека со домаќинско работење и со незначителни средства сепак, произлезе бенефит кој што го користат граѓаните на Општина Кавадарци.