До крајот на неделава променливо време со повремен дожд


Во следните денови времето ќе биде променливо облачно, до крајот на работната седмица со повремени врнежи од дожд. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утре локални врнежи ќе има попладне и ќе бидат проследени со ретки грмежи. Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на планините врнежите […]

Нема да ви мириса домот ако додадете една состојка додека пржите кромид


Додадете сода бикарбона додека пржите или пржите кромид и ќе спречите непријатни мириси. Кромидот е храна која често се додава во јадењата. Ниту едно варено јадење, подготовка на месо или салата не може да се замисли без кромид. Луѓето често го јадат сиров. Сепак, иако овој зеленчук му дава на јадењето посебен вкус и препознатлива […]

Патниците избраа: Еве кој аеродром е најлош, а кој најдобар


Аеродромот Шарлроа, позната дестинација за нискобуџетните авиокомпании поради близината до Брисел, е најлошиот аеродром во светот според патниците, објави порталот Бизнис фајнансинг, пренесе Хина. Иако овој аеродром, официјално наречен Брисел Југ Шарлроа (Bruxelles South Charleroi), е оддалечен 50 километри или 45 минути возење со автобус од европската престолнина, тој има лоша репутација меѓу деловните патници […]

Сѐ повеќе луѓе се качуваат на Фуџи. Јапонија воведува такса за регистрација за најпопуларната рута


  Планинарите кои сакаат да стигнат до врвот на јапонската планина Фуџи преку најпопуларната рута ќе мора да платат 13 долари по лице од јули, а бројот на планинарите ќе биде ограничен за да се намали гужвата и да се подобри нивната безбедност, изјави денеска регионален официјален претставник. Искачувањето на највисоката планина во Јапонија, која […]

Макрон: На ​​Европа ѝ треба стратешко будење поради Русија


Францускиот претседател Емануел Макрон пред денешната посета на Прага апелираше дека на Европа и е потребно стратешко будење бидејќи „Русија игра со времето“ и рече дека ништо не е исклучено во дебатата за тоа што може да се направи за да и се помогне на Украина. -Како одговор на прашањето што ме прашаа за испраќање […]

Украина потопи уште еден руски брод кај Крим. Русија загуби веќе 20 бродови


  На копното чекор по чекор освојува територија во Украина, но во Црното Море Русија губи еден брод под друг. Ноќта меѓу 4 и 5 март, специјалните сили на Главната разузнавачка управа (ГУР) на Министерството за одбрана на Украина го уништија најновиот патролен брод на руската Црноморска флота, корветата „Сергеј Котов“. Во нападот биле користени […]

„Поточиња“ на 13 и 14 април во Филхармонија


На 13 и 14 април во Македонска Филхармонија ПОТОЧИЊА по 21. пат ќе потечат и ќе донесат многу радост и насмевки на детските лица. Се најавуваат нови детски хитови и голема забава, а со игра и песна низ фестивалската приказна децата ќе ги води актерот Мартин Јорданоски во маската на популарниот водител Поки. Билетите се […]

Вкупно 44 македонски компании покажале интерес да работат со тендери на НАТО


  Рамноправност во нудењето на производи и услуги за потребите на Алијансата, зголемено учество на НАТО пазарот и здружувањето на способностите на индустријата од сите земји се дел од препораките на НАТО – Индустрискиот ден што се одржува во Скопје, а на кој учествуваат високи претставници на двете агенции на Алијансата, НАТО Агенцијата за поддршка […]

Синдикат на полицијата: Одговорноста за пасошите да не падне на грбот на работникот


Синдикатот на полицијата повикува да се најдат одговорните за проблемот со новите пасоши, но тоа да не биде на грбот на вработените во полицијата. – Наметнатата состојба со личните документи на граѓаните се уште претставува проблем за вработените во МВР. Очигледно некој се води кон тоа дека нашите колеги се одговорни за тоа. Или некој […]

Поројните дождови во Пелагонија поплавија ниви и излеаја канали


  Поројните дождови кои од синоќа врнеа во Пелагонскиот регион ги излеаја каналите и ги поплавија нивите во пониските делови на Пелагониската рамница.  Според УХМР најмногу дожд изминатото деноноќие наврнаа во Битола 43 литри на м2, Крушево  38, Прилеп 35 литри.  Жители на селата Долно Српци и Вашарејца се жалат дека по поројниот дожд им […]

Концертите на Тејлор Свифт ја „скараа“ Југоисточна Азија


Сингапур – Договорот на американската поп-пејачка Тејлор Свифт со организаторите на нејзините концерти во Сингапур, каде што таа ќе има шест настапи во рамките на нејзината светска турнеја, прерасна во политичко прашање во Југоисточна Азија. Имено, Сингапур е единствената земја во овој дел од светот каде што Свифт ќе настапи, а соседните земји тоа го […]

Слабите административни капацитети го попречуваат спроведувањето на целите за одржлив развој


Поради одредени слабости во структурата на управување, процедурите, административните капацитети, комуникацијата и информирањето, финансирањето и системот за мониторинг, институциите и органите на Северна Македонија делумно се подготвени за спроведување на Целите на одржлив развој до 2030 година. Ова се наведува во ревизијата на успешност  на тема „Подготвеноста на Република Северна Македонија за имплементација на Целите за одржлив […]

Со мешавина од две состојки исполирајте ја пеглата да блесне


Како да знаете дека треба да ја исчистите пеглата? Едноставно! Доколку забележите дека нејзината површина е леплива на допир, треба веднаш да реагирате. Може да се случи и да задоцните малку, што ќе ве предупредат дамките кои ќе останат на алиштата кога ќе почнете да ги пеглате. Средината е некаде помеѓу – ако ткаенината почне […]

Нов претседателски кандидат денеска почна да собира 10.000 потписи


Гоце Ристов вчера до ДИК ја доставил својата иницијатива за собирање на потписи. Тој е 14-тиот кандидат кој ќе се обиде да стигне до бројката од 10.000. На последниот пресек, заклучно со вчерашниот ден може да се види дека тој нема собрано ниту еден потпис. „Денес, до Државната Изборна комисија е доставена Иницијатива за собирање […]

Од Шопов до Андриќ – „Антолог“ со нови наслови од книжевна класика по повод 25 години постоење


Издавачката куќа „Антолог“ соопшти дека во чест на одбележување на 25 години од нивното постоење, целата година ќе биде во знакот на класичните дела од светската и од домашната литература, а во март ќе бидат објавени неколку наслови од епохални автори кои извршија формативно влијание на своите книжевни следбеници. Од „Антолог“ потенцираат дека првата книга […]

Мократа кошула на Дарси од „Гордост и предрасуди“ оди на аукција


Милиони гледачи ширум светот беа воодушевени од Колин Фирт како господин Дарси, излегувајќи од езеро облечен во мокра кошула во адаптацијата на Би-Би-Си на хит филмот „Гордост и предрасуди“ од 1995 година. Сега истата кошула се продава и може да достигне цена од 10.000 фунти. Тоа е еден од повеќе од 60-те костими од филмот […]

ЕУ воведува забрана за продажба на стоки произведени со принудна работа и експлоатација


Советот на ЕУ и Европскиот парламент рано изутринава се договорија околу текстот на регулативата со која на пазарот на Унијата ќе се забрани продажба на стоки произведен со принудна работа и со експлоатација на работници.   Според белгискиот вицепремиер и министер за економија и вработување Пјер-Ив Дермањ, со усвојувањето на оваа регулатива ЕУ сака да […]

Вокалната работилница на Биља Крстиќ – „Бистрик“ овој четврток концертно во Куманово


Биља Крстиќ и десет исклучителни женски вокали овој четврток (07 март 2024 во 19 часот) во Занаетчиски дом во Куманово ќе одржат целовечерен концерт. Концертот е во чест на отворањето на канцеларијата на српскиот културно-информативен центар СПОНА во Куманово. Канцеларијата на СПОНА во Скопје го прослави своето полнолетство на крајот на минатата година. Во пресрет на отворањето на канцеларијата во Куманово, СПОНА организира концерт на […]

Аортата е препознаена како посебен човечки орган


Аортата, главната и најголемата крвна артерија, која носи крв од срцето до остатокот од телото, доби посебна чест во медицинскиот свет – таа е препознаена како посебен човечки орган. „Тоа е голем чекор“, рече Мартин Черни од Универзитетската болница во Фрајбург во Германија. „Препознавањето на аортата како орган ја става на исто ниво со другите […]

Изборен штаб на Пендаровски: Силјановска е албанофоб и антиевропски политичар


ВМРО-ДПМНЕ е партија која што функцијата претседател на државата ја деградира и смета дека истата може да ја извршува единствено нечиј партиски послушник“, реагираа денес од изборниот штаб на претседателот Стево Пендаровски.  Според нив, тоа е причината што и на овие избори наместо со професионална, натпартиска личност како што најавуваше, ВМРО-ДПМНЕ излегува со докажан партиски […]