Со мешавина од две состојки исполирајте ја пеглата да блесне


Како да знаете дека треба да ја исчистите пеглата? Едноставно! Доколку забележите дека нејзината површина е леплива на допир, треба веднаш да реагирате. Може да се случи и да задоцните малку, што ќе ве предупредат дамките кои ќе останат на алиштата кога ќе почнете да ги пеглате.

Средината е некаде помеѓу – ако ткаенината почне да се набира под пеглата и пеглата не оди мазно по површината, време е да ја исчистите.

Се разбира, можете да користите со специјализирани средства за чистење, а дозволено е и триење на пеглата со крпа натопена во сапун за садови. Прво добро исцедете го, а по чистењето избришете ја површината со чиста крпа.

Сепак, едноставната мешавина од кујнски состојки е многу ефикасна.

Потребно ви е:
– две лажици алкохолен оцет
– две лажици сол
– микро крпа

Во тенџере измешајте ги оцетот и солта и загрејте ја смесата на средна топлина. Не дозволувајте да зоврие.
Тенџерето со смесата за чистење тргнете го од оган. Облечете гумени ракавици и употребете го аголот на крпата за да зграпчите дел по дел од смесата и нежно исчистете ја површината на пеглата. На крајот, избришете ја со чиста крпа, прво влажно, а потоа исушете