Обликот на војната се промени


Втората светска војна заврши пред речиси 80 години, но нејзиното наследство во дефинирањето на стратешката визија за војната опстојува до ден-денес. Без оглед на извонредниот напредок во полето на авијацијата, ракетната технологија и вселенските средства, на пример, концептот на победа останува непроменет: да се уништи непријателот и да се заземе или ослободи територија. А сепак, […]

Јакимовски се иззема од одговорност за зградата кај Воена болница – сите министерства дале дозвола


Откако  „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“ и Левица најавија протест за зградта кај Воената болница во Скопје, градоначалникот на Карпош Стевче јакимовски, со соопштение појаснува дека сите надлежни министерства дале дозвола за овој објект, а тој не е одговорен, затоа што надлежниста за одлуките ја пренесол на раководителите на Секоторот за урбанизам.  […]

Подигнаа превртен камион за помалку од една минута. Еве како (видео)


Превртени камиони можеби не се гледаат секој ден, но сепак има специјализирани алатки кои се користат кога ќе се случи ваква сообраќајна несреќа. Превртениот камион обично треба прво да се врати на тркалата за да се олесни санирањето на последиците, а во овој процес професионалците користат воздушни перничиња што овозможуваат камионот постепено да се спушта […]

Од понеделник штрајк во ФЗО, ќе се работат само неопходните предмети


Вработените во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување од понеделник ќе стапат во штрајк. Од Синдикалната организација на Синдикатот на УПОЗ при Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) информираат дека ќе се извршуваат само неопходните работни задачи како пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице и лекување во […]

Шефицата на ММФ предупреди на ризикот од прекумерни отстапки за земјоделците


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, ги предупреди владите на земјите од ЕУ дека, без оглед на повеќенеделните масовни протести низ Европа, не треба премногу финансиски да им излегуваат во пресрет на земјоделците. – Од човечка гледна точка, ги разбирам нивните проблеми и знам дека не е лесно да се работи нивната работа, изјави […]

Реконструкција на улицата од последна „5-ка“ до гробиштата во Ѓорче Петров


Општина Ѓорче Петров соопшти дека во изминатите две години речиси целосно е урбанизирана улицата „Радушка“, која е една од најстарите улици во општината. Во насока на целосно заокружување на нејзина репарација, градоначалникот Александар Стојкоски денеска извршил увид во нова серија градежни работи, или реконструкција на патот од последна „5 “ до гробишта во должина од […]

Училиштата од Општина Бутел ќе бидат дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“


Скопската Општина Бутел се приклучува на „Крени глас против врсничко насилство“, општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Учениците од основните училишта „Ацо Шопов“, „Гоце Делчев“, „Живко Брајковски”, „Климент Охридски“, „Лиман Каба“, „Панајот Гиновски“ и „Петар Здравкоски-Пенко“ во следниот период ќе учествуваат во работилници предводени од психолог, а преку кои ќе се здобијат со најразлични знаења поврзани […]

Рецепт за Алфредо тестенини – едни од највкусните


Тестенините Алфредо се совршено кремасти поради сочниот бел сос, а многу лесно се подготвуваат. Тестенините Алфредо се едни од најпопуларните во целиот свет, а се подготвуваат од едноставни состојки кои се достапни за секого. Во неговиот вкус сите уживаат, бидејќи содржи бело месо, таљатели, но и препознатлив бел сос кој се состои од крем за […]

Реновирана внатрешноста на детската градинка „Калинка“ во Аеродром


Детската градинка „Калинка“ во населбата Стар Аеродром е реновирана и  опремена со нов и функционален мебел, нов ламинат, плочки и нови врати, а извршено е и молерисување на целиот објект. Посета на градинката и увид во реализираните активности, вчера изврши и градоначалникот Тимчо Муцунски, кој истакна дека овој вид на инвестиции во инфраструктура и објекти […]

Против сезонски грип вакцинирани повеќе од 61.000 граѓани


Министерството за здравство информира дека од ноември лани до сега над 61.000 граѓани се вакцинирани против сезонски грип.   Со бесплатна вакцинација против ова заболување се опфатени следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица […]

Ќучук: Со изборот на Џафери за премиер Македонија е пример за регионот


Напредокот на државата во евроинтегративните процеси и внатрешно-политичката состојба пред претстојните парламентарни и претседателски избори. Ова биле темите за кои денеска во Владата разговарале техничкиот премиер Талат Џафери и бугарскиот европратеник од редовите на либералите, Илхан Ќучук, кој е известувач за Македонија во Европскиот парламент. „Претседателот на Владата Џафери, истакна дека членството во Европската Унија […]

Костовски: ВМРО-ДПМНЕ има проблем бидејќи му верува на Мицкоски


„Состојбата со ДПМНЕ е чудна. Сега се главните поддржувачи на кандидатот на БЕСА, знаејќи дека нивниот капацитет е нула. Оставени се сами на себе, сите побегнаа. Мицкоски се скара со секој што можеше да се скара. Ги залажува членовите во партијата дека ќе победи. Пушта некои лажни анкети за кои сите се свесни дека нема […]

Речиси половина во државниот БДП е од Скопскиот регион


Скопскиот регион со 44.9% имал најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Северна Македонија во 2022 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Пелагонскиот регион во БДП на државата учествува со 10.0%, Југозападниот со 8.8%, Југоисточниот со 8.7%, Источниот со 8.0%, Полошкиот со 7.5%, Вадарскиот со 7.3%, а најмало е учеството на Североисточниот регион […]

Џафери пречекан со Илирида и Чемерија – вистина или монтажа?


Повеќе медиуми денес објавија дека новиот технички премиер Талат Џафери бил пречекан во неговото родно село Форино со извици „Илирида“, Чемерија“  и „Косово“. Тоа беше дополнето со видео на кое се слушаа скандирањата, но по неколку прегледи впечатокот е дека веројатно станува збор за фабрикувана лажна снимка за да се предизвика негативна реакција.   На таа […]

Стечајна постапка отворена за ,,Еуроникел индустри” во Кавадарци


Стечајна постапка е отворена за ,,Еуроникел индустри” денеска  во Основен суд Кавадарци.  За стечаен управник е назначен Ацо Петров од Скопје. Со судското рочиште раководеше стечајниот судија Елизабета Петковска.  Ова беше одлучено на денешното рочиште на кое се испитуваше постоењето на услови за отварање на стечајна постапка, на кое присуствуваше МИА.  Стечајниот предмет беше поведен […]

Со украден „мерцедес“ од Германија сакале да влезат на ГП „Долно Блаце“


На 01.02.2024 во 17.00 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(22) од Република Албанија и В.С.(21) од Сојузна Република Германија. При извршена гранична контрола и проверка било констатирано дека возилото „мерцедес“ со германски национални ознаки, кое го управувал А.М., а сопатничка била В.С., евидирало во базата на Интерпол како […]

Бугарија ја отфрли идејата за создавање „туристички мини-шенген“ со Грција и Романија


Отстранувањето на контролите на копнените граници меѓу Бугарија, Грција и Романија би било спротивно на законодавството на ЕУ и немаме намера да започнуваме официјални дискусии за ваквата нелегална идеја, изјави бугарскиот премиер Николај Денков во врска со предлогот на четворица европратеници од трите земји за создавање „Мини-шенген зона“ од ова лето со цел да се […]

Додик: Беќировиќ не може да зборува во името на цела БиХ


Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека еден член на Претседателството на БиХ, избран од една од трите конститутивни нации, не може да зборува во име на цела Босна и Херцеговина ако тоа не е договорено во тричленото Претседателство.  Додик наведе дека дека во Босна и Херцеговина нема државна политика за ниту едно […]

Македонските граѓани со стар пасош по 12 февруари ќе се враќаат дома само – со пропусници од амбасадите


Македонските граѓани што имаат непроменети пасоши ќе можат да патуваат во странство до 12 февруари, е старата вест која ги бранува страстите во државата овие денови. Новата е дека ако отпатуваат на 12 февруари и сакаат да се вратат на 13-ти, ќе немаат важечка патна исправа и ќе мораат да бараат помош од нашите амбасади […]

Во Мароко се уапсени 30 лица осомничени за трговија со бебиња


Полицијата во Мароко уапси 30 лица осомничени за трговија со бебиња и уцена поради стекнување профит во Фез, град на северот на земјата. Меѓу осомничените уапсени има 18 агенти за обезбедување, лекар, две медицински сестри, здравствени работници, како и посредници, рече извор од безбедносните сили за мароканска новинска агенција. Тој извор не го прецизираше бројот […]