Рецепт за Алфредо тестенини – едни од највкусните


Тестенините Алфредо се совршено кремасти поради сочниот бел сос, а многу лесно се подготвуваат.

Тестенините Алфредо се едни од најпопуларните во целиот свет, а се подготвуваат од едноставни состојки кои се достапни за секого. Во неговиот вкус сите уживаат, бидејќи содржи бело месо, таљатели, но и препознатлив бел сос кој се состои од крем за готвење, млеко и путер. Лесно е за подготовка, а ние ви го пренесуваме најдобриот рецепт.

Состојки:

• 200 гр таљатели
• 2 пилешки филети
• 1/2 кромид
• 6 печурки
• 1,5 шолји крем за готвење
• 1/2 чаша млеко
• 1/4 шолја полутврдо кашлавал
• 1 чешне лук
• 1 лажица путер

Подготовка:

Чекор 1
Посолете го месото
За тестенините Алфредо, посолете го и забиберете го месото, па пропржете го во тава. Можете да го валкате во брашно.

Чекор 2
Исечете го месото на ленти
Кога ќе се излади исечете го на подебели ленти. Извадете го месото од тавата, истурете уште малку маслиново масло и додадете го путерот.

Чекор 3
Додадете кромид, печурки и лук
Кога путерот ќе се растопи додадете го исечканиот кромид, а кога ќе омекне додадете ги и сечканите печурки. На крајот, додадете го мелениот лук и пржете уште 30 секунди.

Чекор 4
Истурете го кремот за готвење
Прелијте го кремот за готвење со млекото. Добро измешајте. Во меѓувреме, гответе таљатели. Во сосот додадете го ренданото полутврдиот кашлавач, па варете на средна температура додека не зоврие. Додадете ги таљателите и убаво измешајте, а одозгора послужете го месото.