Шпанецот Фалкон им подлегна на повредите од несреќата на релито Дакар


Ријад – Една недела откако претрпе пад на релито Дакар, шпанскиот мотоциклист Карлес Фалкон (45) почина од здобиените повреди, објави денеска неговиот тим Твин Трејл Рејсинг. Фалкон доживеа несреќа во завршните километри на етапата од Ал Хенакијах до Ал Дувадими, на 8 јануари. На каталонскиот мотоциклист веднаш му беше пружена помош и итно се хеликоптер беше […]

Шпански министер: Прифаќањето на косовските пасоши не значи признавање на Косово


Министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија, Хозе Мануел Албарес, повтори дека прифаќањето на пасошите на Косово не значи признавање на независноиста, посочувајќи дека таквото тврдење е „подметнато“ од опозициската Шпанска народна партија (ПП). Во интервју за Перодико де Еспања, Хозе Мануел Албарес рече дека Шпанија не може да се преправа дека „Косово […]

Зошто е потешко да се слета на Месечината денес отколку пред 50 години?


Минатиот понеделник, по успешното лансирање, ракетата Вулкан Кентаур се одвои од вселенското летало Перегрин, кое требаше да слета на Месечината. Astrobotic Technology, компанијата која го разви лендерот Перегрин, објави помалку од 24 часа по неговото успешно лансирање дека се откажува од мисијата за слетување на Месечината. Компанијата соопшти дека имало критична загуба на погонско гориво […]

ЕУ предупредува на зголемување на инфлацијата поради нападите во Црвено Море


Брисел – Комесарот за економија на Европска Унија, Паоло Џентилони денеска предупреди дека насилството во Црвено Море, предизвикано од нападите на Хутите, може да ги зголеми цените на енергијата и да ја зголеми инфлацијата во ЕУ. – Знаеме дека ја започнуваме оваа година со слаб раст, со некои добри вести на пазарот на трудот, но […]

Шефот на дипломатијата на Албанија, Хасани, в среда во посета на Македонија


Министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, во рамки на неговата минирегионална турнеја, в среда ќе престојува во Северна Македонија. -Во Скопје тој ќе биде примен од министерот за надворешни работи Бујар Османи, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерите Артан Груби и Бојан Маричиќ. Министерот Хасани ќе оствари […]

Порталите рекордери по бројот на поплаки до Советот за етика во медиумите


Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска ги презентираше годишниот извештај за 2023, во однос на бројот на жалби за неетичко известување во медиумите. Податоците што ги презентираше претседателот на Комисијата за жалби при СЕММ, Мирче Адамчевски, покажуваат дека од вкупно примени 132 жалби, дури 110 се однесуваат на онлајн медиумите, за кои […]

Стојкоски на увид на изградбата на првиот Регионален центар за дечиња кои се лекувани од канцер


Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски денеска заедно со директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион, Јане Мицевски и членови на надзорот, денеска извршија увид во градежните работи на првиот Регионален центар за дечиња кои се лекувани од канцер, објект што се гради во село Кучково. Станува збор за центар кој е […]

Стартува „Рувики“, руската верзија на „Википедија“


Лансирана е „Рувики“, руската верзија на популарната онлајн енциклопедија Википедија, јавуваат руските медиуми. Русија соопшти дека сè уште нема планови да ја блокира Википедија – еден од ретките преживеани независни извори на информации во Русија, откако се интензивираше акцијата против содржината на интернет, по нападот на Москва врз Украина во февруари 2022 година. Руските судови, […]

Бројот на несреќи при работа останува висок, се работи на зголемување на свеста кај работниците и работодавците


Минатата година, на работно место загинале 17 лица, информираше денеска Весна Томовска, директорката на Државниот инспекторат за труд (ДИТ), на брифинг со новинарите. Таа кажа и дека имало 12 случаи на колективна повреда на работа. Бројот на несреќи при работа со смртни последици во 2023 е покачен во споредба со оној во 2022 година, кога […]

Почина Лев Рубинштајн, руски поет и критичар на Путин, шест дена откако беше удрен од автомобил


Рускиот поет Лев Рубинштајн (76), клучна фигура на советската андерграунд книжевна сцена и жесток критичар на претседателот Владимир Путин, почина шест дена откако беше удрен од автомобил во Москва, пренесе Би-Би-Си. Тој беше удрен од автомобил на 8 јануари, по што беше неколку дена во кома. Г-дин Рубенштајн беше познат по ко-основачот на концептуалистичкото движење. […]

Бугарија ќе распредели 70 милиони лева од приходите на „Лукоил“ на ранливите групи


Руската компаниија „Лукоил“ наскоро треба да уплати близу 70 милиони лева во бугарскиот државен буџет. Тие пари ќе значат старт на државните програми за компензирање на транспортните трошоци на населението, односно овие пари ќе се распределат меѓу семејства со деца од ранливите групи, пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Всушност, станува збор за разликата во цената меѓу руската […]

Полска ќе престане да произведува електрична енергија од јаглен


Полска планира да одреди краен датум за исклучување на јагленот од производството на енергија, изјави денеска државниот секретар за клима Уршула Зиелинска, сигнализирајќи пресврт во енергетската политика. Изборите во октомври ставија крај на осумгодишното владеење на полската партија Право и правда (ПиС), а новата влада на премиерот Доналд Туск се повеќе се залага за заштита […]

Двајца малолетници се повредени со остар предмет во тепачка


Тепачка меѓу неколку лица во скопско Рашче вчера пред полноќ.  Како што информираше МВР, вчера во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Рашче, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Б.(18) од с.Рашче од една страна и тројца малолетници и М.Х.(18), од друга страна. Во пресметката Е.Б. со […]

Рана елиминација на Осака на Австралија Опен


 Француската тенисерка Каролин Гарсија се пласираше денеска во второто коло на Австралија Опен, откако ја совлада Јапонката Наоми Осака со 6-4, 7-6. Осака, која е четирикратна грен – слем шампионка, се врати на теренот на почетокот на оваа година на турнирот во Бризбејн, шест месеци по породувањето. Во Бризбејн беше поразена во второто коло, а […]

Турција го прескокна Давос поради ставот на организаторот на форумот за конфликтот Хамас-Израел


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара Турција да не учествува на Светскиот економски форум во Давос поради „произраелската позиција“ на неговите организатори во однос на конфликтот во Појасот Газа. Ова го објави агенцијата Блумберг, повикувајќи се на свои извори. Според изворите, на форумот требало да присуствува турскиот министер за финансии Мехмет Шимшек, но Ердоган не […]

Малите фирми недоволно видливи, Комората формира Центар за нивна поддршка


Малите фирми кои вработуваат скоро 70 отсто од работната сила во земјава се несериозно артикулирани во домашната економија и недоволно гласни. Ако сакаат да станат конкурентни и да играт позначајна улога, мора постојано да се надградуваат, да растат, да го зголемуваат бројот на услугите и да оставруваат поголем профит. Тие се поттикнувачи на воведување иновативни […]

Грковска разговараше со поранешниот холандски фудбалер Сидорф за важноста на спортот


  Вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа онлајн средба со Кларенс Сидорф, глобален амбасадор на УЕФА за диверзитет. Сидорф е меѓу најуспешните фудбалери во холандската историја и еден од шесте луѓе во светот, кои Нелсон Мандела ги избра како „шампиони на наследството“. Двајцата соговорници се согласија дека споделуваат заедничка визија и заложби насочени […]

Нема законски утврден минимален износ за регресот за годишен одмор


Директорката на Државен инспекторат за труд, Весна Томовска на денешниот брифинг со новинарите рече дека досега од медиумите не примила поплака во врска со исплатата на регресот за годишен одмор, а првата пријава според која постапиле е од националниот сервис. Томовска посочи дека во делот на претставките кои ги добиваат за годишен регрес, веќе има намалување […]

„Почеток“ – нов концерт на оркестарот на Филхармонија


Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи првиот концерт во вториот дел од концертната сезона „80 години – Љубов!“. На концертот насловен „Почеток“ како солист ќе настапи македонскиот кларинетист Здравко Ангелов, а диригент е маестро Алфонсо Скарано од Италија. На програмата се симфониска поема „Ноќ на голото брдо“ и суитата „Слики од изложба“ од […]

Битолските печалбари со бугарски пасоши се вратија во Европа без да извадат нов со „Северна“


  БИТОЛА – На студот надвор и во долги редици битолчани чекаат да извадат пасош со новото име на државата. Сликата од пред Нова година се прелева и во новата година, па бидејќи во еден ред се чека и за аплицирање на пасоши и други лични документи, како и за подигање на патните исправи гужвата […]