Шведскиот премиер се согласи на средба со Орбан околу НАТО


  Шведскиот премиер Улф Кристерсон се согласи во четвртокот да се сретне со Виктор Орбан во Будимпешта, намалувајќи ја дипломатската тензија поради недостатокот на напредок на Унгарија во ратификувањето на шведското членство во НАТО. „Се согласувам со вас дека поинтензивен политички дијалог меѓу нашите земји би бил корисен“, напиша тој во писмото објавено од шведскиот […]

Путин пристигна на руска територија на границата со две членки на НАТО


Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во планирана работна посета на Калининград, руска ексклава која се граничи со членките на НАТО, Полска и Литванија, објави денеска руската режимска државна агенција РИА. РИА го цитираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој рече дека „милитаристичките изјави“ кои доаѓаат од балтичките земји претставуваат ризик за Калининград. Тој нагласи дека […]

Доделени наградите на среќните добитници од наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција“ со Mastercard картичките на Комерцијална банка


Комерцијална банка им ги додели наградите на среќните добитници од наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција“ со Mastercard картичките. Главната награда во вредност од 1.000.000 денари на среќната добитничка Славица З. од Скопје ѝ ја врачи д-р Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, […]

Ковачевски лично ја однесе оставката во Собранието


  Нестандардно за македонски прилики, премиерот Димитар Ковачевски претпладнево лично ја достави својата оставка во Собранието. Со тој негов чекор во оставка е целата Влада до изборот на техничката влада во недела на 28 јануари.  Премиерот Ковачевски имаше куса изјава за медиумите пред Собранието во која рече дека државата и за време на техничкиот премиер […]

Пресуда за Ласкарци – за возачот 14 години, за сопственикот на „Дурмо турс“ четири


  Пет години по ужасната несреќа кај скопското село Ласкарци процесот за одговорноста зошто се случи оваа трагедија денеска резултираше со судски пресуди, а најголема казна од 14 години доби возачот на автобусот Маноил Трифуновски. На затворски казни беа осудени и сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, како и вработените во […]

Камерон: Незамисливи се размерите на страдање во Газа


 Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон му порача на својот израелски колега Бенјамин Нетанјаху дека повеќе камиони со помош мора да влезат во Газа и дека е потребен итен хуманитарен прекин на огнот за да им се помогне на оние кои се заробени во „очајна ситуација“. Камерон, кој е во посета на Блискиот Исток […]

Повторно хаос во албанскиот Парламент, пленарната седница траеше само 12 минути


Денешната пленарната седница на албанскиот Парламент мина во услови на тензии и хаос создаден од опозициските демократски пратеници приврзаници на Сали Бериша. Пратеници од крилото “Обнова на ДП” како и изминатите три месеци ја блокираа собраниската говорница, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Убијци на плурализмот“, „Убијци на демократијата“, свиреа со свирчиња, но денеска ги немаше […]

Пендаровски на средба со косовската претседателка Османи


Претседателот на државата Стево Пендаровски во рамки на работната посета на Република Косово, денеска во Приштина остварил средба со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу, соопштија од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија. На средбата, било изразено задоволство од нивото на билатералните односи меѓу двете држави кои се пријателски, динамични и засновани на меѓусебно […]

Министерот Шаќири и амбасадорката Агелер потпишаа продолжување на Фулбрајт програма за академска размена


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија Анџела Агелер денеска потпишаа меморандум за продолжување на имплементацијата на Фулбрајт програмата за академска размена. „Двете страни ја согледуваме корисноста од Фулбрајт. Размената на знаења и искуства е секогаш добредојдена и за САД како водечка земја во светот во […]

Демократите на Бајден го плашат народот и дома и во Македонија, вели Трајко Славески


  Без оглед на јавните внимателни и навидум мирни изјави дека ги „слушнале пораките на Џемс О’Брајан“ во ракодството на ВМРО-ДПМНЕ очигледно се вгнездил одреден немир по изјавите на американскиот дипломат кои како да се од дремтот на Ричард Холбрук – директни и без ракавици. Па тоа го поттикна високиот вмровски раководител, Трајко Славески, јавно […]

Тесла: Очекуваме остар пад на интересот за електричните автомобили


Американскиот производител на електрични автомобили Тесла објави скок во приходите во 2023 година благодарение на намалените цени, предупредувајќи дека очекува побарувачката нагло да забави во 2024 година. Тесла ги намали цените неколку пати минатата година за да ја одржи побарувачката, што се одрази со скок на продажбата од 40 отсто и продадени 1,8 милиони автомобили. […]

Паролата „помалку јади“ не е решение: Овие три намирници колку повеќе ги јадете толку подобро


Празниците завршија, богатите трпези се зад нас, а проблемите со вишокот килограми се уште се присутни. Главниот проблем во сето ова е како да ослабете здраво? Нутриционист откри три намирници од кои треба да јадете повеќе за да ослабете во новата година. Лорен Хуберт (30) од Лос Анџелес се залага за јадење оброци богати со […]

Општина Тетово воведува автобуски превоз до Попова Шапка


Општина Тетово воведува автобуски превоз за граѓаните до Попова Шапка за време на деновите од викендите, со цел граѓаните да можат полесно да патуваат до овој туристички центар. Најавуаат дека ќе почне овој викенд, а повратен билет за едно лице ќе чини 200 денари. -Општина Тетово ги известува сите граѓани и туристи кои сакаат да […]

Променливо облачно, од недела слаб снег на планините и пониски температури


Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време, повеќе сончеви периоди ќе има во западните делови, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен, а по должина на Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Во недела облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб снег […]

Пронајдени се црните кутии на авионот кој се урна во Белгородската област


На местото на падот на рускиот транспортен авион „Ил-76“ во Белгород, кој на размена превезувал 65 украински затвореници се пронајдени црни кутии, а тие се во добра состојба, изјави претставник на локалната брза помош, јавуваат руските медиуми. Откриени се и двете црни кутии – уред за снимање параметри на летот и диктафон, рекол претставникот, истакнувајќи […]

Кичево е загадено – стапуваат на сила мерки за заштита


Амбиенталниот воздух во Кичево е загаден последните денови, поради што Министерството за животна средина и просторно планирање реши да ги активира мерките за заштита на населението.  Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерното место каде има појава на надминување на праг на алармирање. Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за […]

“Kажу да време лечи све” – ова е последната отпеана песна на Тоше (видео)


“Kажу да време лечи све” е последната отпеана песна на прерано починатата мега -ѕвезда која се чинеше дека можеби никогаш нема  да го здогледа светлото на денот. Но со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка. Затоа токму баш сега, во овој момент, по […]

JO го повлече обвинителниот акт во случајот „Тревник“ за Латас и неговите браќа


  Јавното обвинителство го повлече обвинителниот акт во случајот „Тревник“ во кој беа обвинети Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан Павловиќ. Од Апелацискиот суд Скопје информираат дека на расправата по жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје одржана на 23 јануари, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, во завршниот збор го повлекол […]

Во АД ЕСМ продолжена важноста на колективниот договор


Првите луѓе на АД ЕСМ заедно со генералниот директор Васко Стефанов и претседателот на Синдикатот на АД ЕСМ, Јове Смилевски, потпишаа Спогодба за продолжување на важноста на колективниот договор што беше потпишан во Август 2023 година. Од АД ЕСМ соопштија дека нивните вработени со нивната посветеност и максимални напори се најважната алка во синџирот на […]