Променливо облачно, од недела слаб снег на планините и пониски температури


Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време, повеќе сончеви периоди ќе има во западните делови, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен, а по должина на Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Во недела облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб снег на планините и на некои од повисоките места. Температурите ќе бидат во опаѓање.