Кичево е загадено – стапуваат на сила мерки за заштита


Амбиенталниот воздух во Кичево е загаден последните денови, поради што Министерството за животна средина и просторно планирање реши да ги активира мерките за заштита на населението. 

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерното место каде има појава на надминување на праг на алармирање.

Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерното место во Кичево.