Путин пристигна на руска територија на границата со две членки на НАТО


Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во планирана работна посета на Калининград, руска ексклава која се граничи со членките на НАТО, Полска и Литванија, објави денеска руската режимска државна агенција РИА.

РИА го цитираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој рече дека „милитаристичките изјави“ кои доаѓаат од балтичките земји претставуваат ризик за Калининград.

Тој нагласи дека намерата на посетата на Путин не била да се испрати порака до НАТО.