Словенецот одлета на првото место – Ланишек славеше во Гармиш


Словенецот Анже Ланишек ја постигна шестата победа во кариерата, откако во Гармиш го освои првото место на турнејата „Четири скокалници“. Ланишек победи со 295,8 поени и беше пред Јапонецот Риои Кобајаши (292,6) и Андреас Велингер (291,4). Во Гармишпартенкирхен се одржа втората станица од турата „Четири ски скокалници“ на традиционалниот прв ден од новата година. Ланишек […]

Уапсен петтиот осомничен за планирање напад на катедралата во Келн


Германските власти денеска објавија дека уапсиле уште еден осомничен во врска со наводната закана за напад на познатата катедрала во Келн за време на празниците, со што вкупниот број на приведени во врска со случајот се искачи на пет. Најновиот осомничен, 41-годишен Германец со турско потекло, беше приведен во синоќа во западниот град Бохум во […]

Во Сплит едната близначка се роди во старата, а другата во новаата година


За време на новогодишната ноќ во болницата во Сплит се родија близначки, едното во старата, а другото во новата година. Првото девојче родено во Клиничкиот болнички центар во Сплит пристигна минута пред полноќ, а нејзината сестра минута подоцна. „Вечерва имаше навистина необична ситуација, кога близначките се родија како во песната на Џибони – на полноќ, […]

Државјаните на Косово од денеска патуваат без визи во ЕУ


Приштина – Безвизен режим за државјаните на Косово стапи во сила од денеска и им овозможува тие да патуваат во ЕУ без потреба од издавање виза за период на престој до три месеци. Новиот режим беше активиран на полноќ, со што Косово стана последната од шесте земји од Западен Балкан на кои им беше одобрено укинување […]

Годината традиционално почна со Новогодишниот концерт во Виена- спој на музика, балет и гламур


Виена– Виенската филхармонија во салата „Музикферајн“  (дом на Виенската филхармонија) го одржа својот традиционален новогодишен концерт на 1 јануари, со бројни гости од целиот свет во салата, а се пренесуваше во над 90 земји пред милионски аудиториум . Со овој омилен празничен настан за светската публика диригираше  славниот германски диригент Кристијан Тилеман. Тилеман ужива особено блиско […]

Еве на која берза беше најдобро да се инвестира минатата година


Минатата недела на светските берзи се тргуваше мирно, бидејќи немаше вести кои битно би се одразиле на пазарите, а цените на акциите благо пораснаа со што се консолидираа добивките во текот на целата година. На Волстрит, Индексот Дау Џонс минатата недела зајакна за 0,8 отсто, на 37.689 поени, додека S&P 500 порасна за 0,3 отсто, […]

Почина новинарот и дипломат Махи Несими


Утрово во Тетово почина Махи Несими, истакнат новинар, публицист, политички аналитичар, политичар, амбасадор, добитник на државната награда „11 Октомври“. Дипломирал Политички науки на Универзитетот во Загреб, но првата негова љубов беше новинарството. Несими беше долгогодишен новинар, својата кариера ја градеше во весникот Фљака, кaде беше и уредник. По осамостојувањето на Македонија се вклучи и во […]

Големи немири во Холандија. Маскирани лица ја нападнаа полицијата, стотици беа уапсени…


Холандската полиција денеска соопшти дека повеќе од 200 лица биле уапсени на новогодишната ноќ за време на немирите ширум земјата, во кои беа повредени десетици полицајци. Полицијата во неколку градови била нападната со огномети и камења, во, како што изјави полицискиот портпарол, ноќ на сериозни инциденти и „неприфатливо“ насилство, пишува Ројтерс. Полицијата во Ротердам соопшти […]

Aвтобус со туристи од БиХ се преврте кај Венеција, повредени 10 луѓе


 Десет лица се полесно повредени кога автобус со туристи од Босна и Херцеговина се превртел во италијанското место Сан Дона ди Пијаве, недалеку од Венеција. Според порталот Кликс, во моментот на несреќата во автобусот имало 79 лица, меѓу кои и двајца возачи. Пожарникарите ги извлекле сите патници, а им помогнал медицинскиот персонал кој пристигнал со […]

Се зголеми патарината за тунелот Караванки


  Со новата година се зголеми и патарината за користење на патниот тунел Караванки. За  возилата со максимална дозволена тежина од 3,5 тони минувањето е поскапо за 40 центи и изнесува 8,20 евра (6,72 евра без ДДВ), јави СТА. Исто така, за возила од патарина класа R1 (возила чија максимална дозволена тежина не надминува 3,5 […]

Серија силни земјотреси ја погоди Јапонија


  Јапонија го отфрли предупредувањето за цунами од највисоко ниво, издадено по серијата големи земјотреси во понеделникот, но им порача на жителите на крајбрежните области да не се враќаат во своите домови бидејќи сè уште може да дојдат смртоносни бранови. Земјотресите, од кои најголемиот беше со јачина од 7,6 степени, предизвикаа пожар и урнаа згради […]

Еден човек загина во земјотресот во Јапонија, тлото постојано се тресе


Откако утрово се случи силен земјотрес од 7,6 степени во Јапонија, избувна голем пожар, цунами бранови до 2 метра стигнаа до брегот, а еден човек загина. Според светските агенции најмалку 30 згради и куќи се урнати, а под нив има заробено луѓе. Властите повикаа на евакуација, затоа што предвидувањата се дека во следните два до […]

Патување низ времето е можно: Овие патници полетаа на 1 јануари, а слетаа на 31 декември


Летот на „Ал Нипон Ервејс“ од Токио до Лос Анџелес полета на 1 јануари 2024 година и слета на 31 декември 2023 година. Имајќи ја предвид големата временска разлика меѓу овие два града, патниците кои биле на летот имаа можност да ја дочекаат Новата година во Токио, а потоа да се вратат на старата и […]

За Путин Украина не е непријател, но ги убива Украинците


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека непријателот на Русија не е Украина, туку „западните елити“ кои ја поддржуваат. Според него, Украина е „само алатка во рацете на колективниот Запад што ја користи за да се бори против Русија“, пренесува РТ. На прашањето за поддршката на Западот за Украина, рускиот претседател рече дека елитите на […]

Семејство од Босански Нови изврши колективно самоубиство: Пиеле ракија и оставиле проштални писма


Тричлено семејство од Босански Нови изврши колективно самоубиство во саботата навечер, водено од тага поради смртта на нивната внука или ќерка која боледувала од леукемија. Трагедијата се случила во селото Добрљин кај Нови Град (Босански Нови), каде полицијата во семеен дом пронашла безживотни тела на две жени и еден маж со тешки повреди. Утврдено е […]

Петардите на Дрин Ахмети стигнале во Јавното обвинителство


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за пронајдените пиротехнички средства во возилото на Дрин Ахмети, (внук од брат на Али Ахмети и косопственик на трговскиот центар Соравија), денеска изјави дека се преземени сите потребни активности од полициски аспект и оти понатаму Јавното обвинителство треба да оцени како ќе постапува со овој случај. Полицајци го сопреле […]

Медицинска сестра во САД на пациентите им инјектирала обична вода починале 10 луѓе


„Американ ен-би-си 5 њус“ јави дека  неколку пациенти во локалната болница во Медфорд, Орегон починале под чудни околности и дека е во тек полициска истрага. Според нивните извори, 9 или 10 пациенти починале како последица на инфекција предизвикана од грешка на медицинската сестра, која наместо лек им инјектирала обична вода од чешма. Сите ја добиле […]

Избоден 20-годишник на новогодишната ноќ во Скопје


За време на новогодишната ноќ имало три физички напади во Скопје, а едно лице со повреди од нож е хоспитализирано на Клиника. Се работи за 20-годишник, кој во моментов е во стабилна здравствена состојба. Во Ургентниот центар биле извршени 103 прегледи од кои три по сообраќајни незгоди. 

Утре локални врнежи, дожд и за викендот


Утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде нула, а максималната 14 степени, информира УХМР. До крајот на работната недела времето ќе се стабилизира, но ќе има појава на магла по котлините со променлив интензитет. УХМР најавува влажен бран со врнежи, претежно од дожд, за време не викендот. 

Кристијан Тилеман по новогодишниот концерт во Виена го чека престижна функција, еве која


Кристијан Тилеман ја презема диригентската палка како директор на Државната опера во Берлин од стариот ривал. Германскиот диригент (64) ќе ја преземе палката од светски познатиот маестро и пијанист Даниел Баренбоим како генерален музички директор на Државната опера во Берлин. Во потег што го шокираше светот на класичната музика, Баренбоим (80) поднесе оставка од функцијата […]