Патување низ времето е можно: Овие патници полетаа на 1 јануари, а слетаа на 31 декември


Летот на „Ал Нипон Ервејс“ од Токио до Лос Анџелес полета на 1 јануари 2024 година и слета на 31 декември 2023 година.

Имајќи ја предвид големата временска разлика меѓу овие два града, патниците кои биле на летот имаа можност да ја дочекаат Новата година во Токио, а потоа да се вратат на старата и повторно да го дочекаат први јануари на друг континент.

Станува збор за авион кој полетал од Токио во 01:06 часот на 1 јануари, а слетал во Лос Анџелес во 17:12 часот на 31 декември.

Flightradar24.com сподели информации за овој лет со опис: „Патувањето низ времето е можно“.

„Патниците на летот #NH106 полетаа од Токио во 2024 година и слетаа во Лос Анџелес во 2023 година“, додадоа тие со хаштагот „назад во иднината“.

Истото се случи и минатата година кога авион од јужнокорејски Сеул полета за Сан Франциско на 1 јануари.