Дел од општина Центар без струја


Без струја денеска од 8:30 до 10:30 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улицата „Загрепска“ и црквата „Св. Јован Крстител“ во општина Центар.  Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради планирани прекини на електрична енергија во електродистрибутивната мрежа.

Променливо облачно, магла и повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, долж Повардарието и по одделни котлини со појава на магла. Попладне во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен до југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, […]

Имаме капацитет сами да го изградиме Чебрен, потребен е закон, вели Константин Димитров


Здружението на инженери ќе покрене иницијатива да се донесе закон со којшто ќе почне да се гради Чебрен со македонски сили, најави вечерва Константин Димитров, кој е дел од ова Здружение.  Димитров за централниот дневник на телевизија „Сител“ изјави дека имаме капацитет сами да го изградиме Чебрен и дека ова е проект којшто треба да […]

Истражување на Кембриџ: Половина од тинејџерите се чувствуваат зависни од социјалните мрежи


Речиси половина од тинејџерите се чувствуваат како да се зависни од социјалните мрежи, според анализата на Универзитетот во Кембриџ. Раните наоди од студијата, спроведена на универзитетот, беа опишани како „зачудувачки“, а истражувачите велат дека односот на некои луѓе со социјалните медиуми може да биде „сличен на бихејвиоралната зависност“. Тимот од Кембриџ ги анализира податоците од […]

Маск: Нашиот најголем проблем е колапсот на човечката популација


Елон Маск на својот профил на социјалната мрежа Х напиша дека најголемиот проблем за човештвото е колапсот на нашата популација. Милијардерот сподели објава во која ги прегледува „црните записи“ за падот на природниот прираст во 2023 година: • Рекордно ниската стапка на наталитет во Јужна Кореја ќе продолжи да опаѓа, предупредува владина студија. (Јужна Кореја […]

3 јануари во историјата – Мартин Лутер беше прогласен за еретик


  На 3 јануари 1521 година, папата Лав X ja издава папската була Decet Romanum Pontificem, кој го екскомуницира Мартин Лутер од Католичката црква. Мартин Лутер, главниот катализатор на протестантизмот, беше професор по библиско толкување на Универзитетот во Витенберг во Германија кога ги подготви своите 95 тези со кои ја осудува Католичката црква за нејзината […]

Јанша осуден на условна казна затвор поради навреда на новинари


Врховниот суд на Словенија денеска ја одби жалбата на адвокатот на претседателот на Словенечката демократска партија (СДС) и поранешен премиер на таа земја, Јанез Јанша, против пресудата на Основниот суд, со која тој е прогласен за виновен за навреда на новинарите Еугенија Карл и Мојца Шетниќ Пашек и го осуди на условна затворска казна. Две […]

Украинците уништија моќен руски радарски систем вреден 250 милиони долари (Видео)


  Украинската армија успешно го уништи софистицираниот руски радарски систем „Јастреб-АВ“, чија вредност се проценува на 250 милиони долари, со својата ГПС-водена бомба, соопштија украинските сили, а нападот е официјално потврден од руското Министерство за надворешни работи. Во вторникот наутро, руските медиуми триумфално објавија дека нивниот штаб испраќа еден од најсофистицираните радари за откривање артилерија […]

Додик најави донесување изборен закон на РС


 Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска најави дека Република Српска ќе го донесе својот Изборен закон, кој, како што рече, ќе биде во согласност со Уставот на БиХ и на РС. „РС ќе го усвои својот изборен закон, што предвидува уставно позиционирање на Српска и ќе предвиди изборната комисија на РС да спроведе општински […]

Онана ќе игра против Тотенхем на 14 јануари, ден пред натпреварот на репрезентацијата на Африканскиот куп


 Манчестер јунајтед постигна договор со камерунската федерација голамнот Андре Онана да може да остане за натпреварот против Тотенхем. Според „The ​​Athletic“, голманот ќе биде подготвен за настап на премиерлигашкиот натпревар против Спарс на 14 јануари, а потоа ќе одлета на Купот на Африка.  Камерун ќе се сретне со Гвинеја на 15 јануари. Во тековната сезона […]

Заталкан куршум заврши во стан во Чаир


Вчеравечер во 22.50 часот во СВР Скопје, А.Ш.(63) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Чаир, од заталкано зрно бил оштетен таван од стан. Од СВР Скопје велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Дали е нормално да ви биде мака по јадење? Еве како да препознаете дали сте се прејале


Гадење после јадење може да се појави од различни причини. „Ми се гади од тоа колку јадев“, е реченицата што ја кажуваме толку лесно, често без да размислуваме дали е тоа нормално. Сезона на празници е, уживаме во храната можеби повеќе отколку што треба, а на многумина може да им се мачи. Гадење после јадење […]

НАТО им помага на сојузниците да купат до 1.000 ракети „Патриот“


Брисел – НАТО денеска најави дека ќе им помогне на своите членки да купат до 1.000 американски ракети „Патриот“ за подобро да се заштитат бидејќи Русија ги засилува воздушните напади врз Украина. Агенцијата на НАТО за поддршка и набавка соопшти дека ќе поддржи група земји, меѓу кои Германија, Холандија, Романија и Шпанија, во купувањето на […]

Во Турција почна судењето за уривањето згради во земјотресот


Анкара – Првото големо судење поврзано со изградбата на згради кои се урнаа во катастрофалниот земјотрес во февруари 2023 година, во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе, а во овој случај хотелот „Исијас“ во Адијаман, започна денеска во Турција. Според турските медиуми, пред судот во Адијаман (југоисток во земјата) се појавиле 11 обвинети, меѓу кои […]

Почнува сезоната на награди во Холивуд: В недела „Златен глобус 2024“


Во недела ќе се одржи првото доделување на награди во Холивуд, 81-та церемонија на доделување на Златните глобуси за 2024, за ТВ шоуа и филмови, во хотелот „Беверли Хилтон“ на Беверли Хилс. Домаќин на вечерта е комичарот Јо Кој, а во улоги на презентери ќе се појават и Аманда Сејфрид, Анџела Бесет, Џорџ Лопез, Џулија […]

Верижен судир на три возила на патот Мелнички Мост-Центар Жупа, едно лице полесно повредено


Сообраќајна несреќа попладнево околу 17 часот се случила во близина на Мелнички Мост, на кракот кој од регоналниот пат Дебар-Маврово се одделува за Центар Жупа, кај селото Долно Меличани. – Станува збор за вержен судир на три возила со македонски регистарски ознаки. За среќа, во несреќата со полесни повреди се здобило само едно малолетно лице, […]

Мицотакис направи мини реконструкција на Владата


Промени во четири Министерства на позициите министри и заменици-министри направи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, што воедно е и прва, мини реконструкција на Владата во вториот мандат што го доби пред шест месеци, по изборите на крајот на јуни минатата година, јави дописничката на МИА од Атина. Владиниот портпарол Павлос Маринакис попладнево соопшти дека по одлука […]

Покрената иницијатива планината Кожуф да се прогласи за национален парк


 Градоначалниците на Кавадарци, Гевгелија и Демир Капија, Митко Јанчев, Андон Сарамандов и Лазар Петров, осум еколошки и планинарски здруженија на граѓани, со подршка на професори од Природно математичкиот факултет покренаа иницијатива за прогласување на планината Кожуф за Национален парк, соопштија иницијаторите. Како што се наведува во соопштението, планината Кожуф се наоѓа на територијата на општините […]

Политиката во Карпош ќе ја остави нефункционална општината


Едните предупредуваат дека општината ќе нема кој да ја чисти, ќе нема кој снегот да го отстрани, да се одржувауличното осветлување, водоводот, атмосферската и фекалната канализација, а другите пак велат дека за да се донесат ДУП-овите и да се погоди на урбаната мафија, се плетат политички застрашувачки приказни.  Дали Општина Карпош може да функционира и […]

Заврши конфузијата во Судскиот совет, Весна Дамева пак е претседател


  Речиси инстантно откако Управниот суд ја објави пресудата со која разрешувањето на поранешната претседателска на Судскиот совет, Весна Дамева, е незаконско, таа се врати на челото на оваа институција од каде беше отстранета лани во мај. Претпладне колегиумот, а попладне Судскиот совет на итна седница се состана за да ја разгледа оваа пресуда и […]