Комитет на ОН бара Бугарија да ги гарантира правата на македонската етничка заедница


Комитетот за елиминација на расна дискриминација при Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации во извештајот за Бугарија препорачува таа да ги разгледа сите можни средства за гарантирање на човековите права на припадниците на малцинските етнички заедници, вклучувајќи ги Македонската и Помачката, и да ги имплементира релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права што […]

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ во Пештани фатен со кокаин


  Претседателот на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Пештани, Александар Толоманоски, е фатен со кокаин од МВР во еден угостителски објект во Охрид, а партијата го разреши од функцијата, а многу брзо, како што најавија, и ќе го исклучат. СДСМ на прес-конференција обвини дека лице блиско до Христијан Мицкоски и градоначалникот Кирил Пецаков било фатено […]

Од почетокот на конфликтот, 425 израелски војници се убиени, 1.593 ранети


Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека од 7 октомври досега се убиени 425 израелски војници, а 1.593 се ранети, според новоотворената веб-страница која го ажурира бројот на загинати и ранети војници за време на војната со Хамас. Од 1.593 ранети, 255 се тешко ранети, 446 со полесни повреди, а 892 се полесно ранети, објави […]

Лавров: За мир во Украина неопходна промена на декретот на Зеленски


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека заради мирот во Украина, неопходно е да се промени претседателскиот декрет издаден од Володимир Зеленски минатата година. -Ќе треба да го поканите господинот Зеленски, бидејќи пред година и пол потпиша декрет со кој се забрануваат преговори со Владимир Путин, рече Лавров на прашањето за дипломатскиот […]

Досегашните ветувања на КОП28 ќе донесат само 30 отсто намалување на емисиите до 2030 година


Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) денеска предупреди дека емисиите на стакленички гасови може да се намалат само за 30 отсто до 2030 година врз основа на ветувањата на земјите на климатската конференција на ОН во Дубаи (COP28). Ако земјите не преземат поамбициозни мерки, светот нема да ги избегне најлошите последици од климатските промени, смета агенцијата. […]

Доделени нобеловите награди на церемонии во Стокхолм и Осло


 Затворената иранска активист за човекови права Наргес Мохамади е наградена со Нобеловата награда на денешната церемонија во Градското собрание во Осло. Нејзините деца Киана и Али Рахмани ја примија наградата во име на Мохамади (51), кој останува во ирански затвор, јави ДПА. Седумнаесет-годишните близначки го прочитале говорот на нивната мајка, кој таа го напишала во […]

Израелските тенкови стигнаа до центарот на градот Кан Јунис во Појасот Газа


 Израелските тенкови стигнаа до центарот на градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, објавија британските медиуми. Жителите на градот велат дека тенковите стигнале до главната сообраќајница која минува низ централниот дел на градот и ги поврзува северните и јужните делови на Појасот Газа. Ова се случи по интензивните ноќни борби, кои сепак успеаја […]

ОЈО Скопје апелира да не се шират непроверени информации за истрагата за Вања и Панче


Основното јавно обвинителство Скопје повторно апелира во текот на истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста. – Основното јавно обвинителство Скопје е во постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина. […]

Нетанјаху ја напушти седницата на Владата на Израел за да разговара со Путин


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предвреме ја напушти денешната седница на Владата на Израел и разговараше педесет минути со рускиот претседател Владимир Путни, изјави неговиот портпарол за израелските медиуми. Телефонскиот разговор доаѓа во време на затегнати односи со Русија поради нејзиниот цврст анти-израелски став во војната против палестинскиот Хамас и додека рускиот амбасадор во ОН го […]

Руски лекари му напишаа отворено писмо на Путин во кое го повикаа да овозможи Навални да се лекува


Руски лекари објавија отворено писмо до рускиот претседател Владимир Путин во кое бараат да му се укаже третман на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој се разболе во затвор, јави ДПА. Во писмото, потпишано од повеќе од 100 руски лекари денеска до пладне, се наведува дека одбивањето да се обезбеди лекување на Навални го прекршува рускиот […]

Грција почна да ги ослободува навивачите на хрватски Динамо


Триесет навивачи на хрватскиот фудбалски шампион Динамо Загреб, од вкупно стотината кои летоска беа уапсени, се пуштени на слобода и депортирани од Грција, откако минаа четири месеци во истражен затвор без докази за вмешаност во убиството на навивачот на АЕК, Михалис Кацурис, пред дуелот меѓу двете екипи на почетокот на август во Атина. Грчкиот истражен […]

Врачена наградата „Мето Јовановски“ за 2023 на „Лице в лице“ и Борис Стаменов


На непрофитното улично списание „Лице в лице“, посветено на одржливиот развој, социјалната правда, еднаквост, демократија и хуманост, и на Борче Стаменов од Кавадарци, кој собира расипани лаптопи и компјутери и од нив создава нови донирајќи им ги на социјално загрозени семејства, денеска во Собранието им беше доделена државната награда „Мето Јовановски“  2023 – највисоко признание […]

Пуштен во употреба новиот гасен интерконектор Србија-Бугарија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ присуствува на одбележувањето на почетокот на работата на гасниот интерконектор Србија-Бугарија. Тој во Ниш беше домаќин на претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, на претседателот на Бугарија Румен Радев и на шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануел Џофре. „Ова е многу важно за нас, носи подобра иднина“, рече Вучиќ […]

Божиќната честитка на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон изненади многумина, еве зошто


Принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон објавија божиќна честитка на својот Инстаграм профил со која ги воодушевија нивните фанови оваа година. Принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон ја објавија својата божиќна честитка оваа година, која всушност е интимен и опуштен семеен портрет на кој позираат со своите три деца, сите исто облечени. Црно-белата фотографија што […]

Жител на Нов Дојран загина откако во него удри возило „шевролет“


Пешак од Нов Дојран го загуби животот откако вчеравечер во него удрило патничко возило „шевролет“ на главната улица во Нов Дојран.   -Патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(26) од Гевгелија, вчера во 21:10 часот на улицата „Маршал Тито“ во Нов Дојран удрило во пешакот Д.Ѓ.(48) од Нов Дојран. Тој починал на […]

Политико: САД бараат Израел да ги прекине нападите врз Газа до крајот на годината


Американскиот информативен портал „Политико“ објави дека американската влада му дала рок на Израел до крајот на годината да ги запре нападите врз Газа. Повикувајќи се на тројца неименувани функционери во Израел, „Политико“ пишува дека „Администрацијата на Џо Бајден му даде рок на Израел до крајот на годината да ги прекине нападите врз Газа“. Се наведува […]

Oбновени се разговорите за отворање филмски студија во ТИРЗ, проект за кој лобираше Џон Малкович


Воведовме транспарентен пристап и јасни правила на доделување државна помош за инвеститорите. Во соработка со „Прасјвотерхаус Куперс“ изработивме методологија за доделување на државна поддршка, која по точни критериуми согласно она што го добиваме како импут од самата компанија на почетокот на процесот на разговори, доаѓаме до одредена структура на поддршка, истакна директорот на ТИРЗ Јован […]

Ковачки: Системот „Безбеден Град“ го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања и пред 27 ноември


Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, изјави денес дека возилото со кое била киднапирана четиринаестгодишната Вања Ѓорчевска било регистрирано во системот на камери „Безбеден Град“ неколку пати пред 27 ноември годинава, кога и се случи убиството на девојчето.   „Јавно го прашуваме министерот Спасовски дали возилото е регистрирано на камерите пред 27 ноември, […]

Дел од Кисела Вода и неколку скопски села утре без струја


Корисниците на дел од селото Петровец, објектите што се наоѓаат по патот за Огњанци, село Бадар, дел од Катланово, објектите накај Тотинци, селата Блаце, Кожле и Огњанци, како  фазанеријата Јасен утре од 8:30 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.  Во периодот од 8:45 до 9:45 часот, без струја ќе бидат и […]

Пред 75 години беше прифатена Универзалната декларација за човекови права


 На денешен ден пред 75 години на Генералното собрание на ОН во Париз беше прифатена Универзалната декларација за човекови права. Овој основен документ ги поврзува сите неотуѓиви права на секое човечко суштество, без разлика на неговата раса, боја на кожа, религија, пол, јазик, национална, политичка или друга припадност. Преведен е на повеќе од 500 светски […]