Божиќната честитка на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон изненади многумина, еве зошто


Принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон објавија божиќна честитка на својот Инстаграм профил со која ги воодушевија нивните фанови оваа година.

Принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон ја објавија својата божиќна честитка оваа година, која всушност е интимен и опуштен семеен портрет на кој позираат со своите три деца, сите исто облечени.

Црно-белата фотографија што ја избраа принцот и принцезата од Велс ги прикажува како насмеани со 10-годишниот принц Џорџ, 5-годишниот принц Луис и 8-годишната принцеза Шарлот седната на стол пред сите. Тие се облечени во истите едноставни бели кошули и темни панталони или фармерки.

„Џорџ и Шарлот изгледаат толку пораснати“, „Кејт е многу елегантна“, „Не можам повеќе да те сакам“, коментираат нивните следбеници откако објавија фотографија на нивниот официјален Инстаграм профил.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by The Prince and Princess of Wales (@princeandprincessofwales)

Британците и обожавателите на кралското семејство се воодушевени од ваквата божиќна честитка бидејќи е ненаметлива и лежерна, а многумина потсети на честитките од минатото, особено оние што ги подготви мајката на Вилијам, покојната принцеза Дијана.

Божиќната честитка од 1992 година, објавена од тогашниот принц Чарлс и Дијана, ги прикажува опуштените принцови Вилијам и Хари како позираат пред позадина со светла текстура во бели кошули и соодветни панталони.

Инаку, Вилијам и Кејт лично ќе им ја достават честитката на своите пријатели, членови на семејството и персоналот што работи за нив.

Неформалниот стил го видовме и на нивните претходни фотографии, јасна е нивната порака и имиџот кон кој се повеќе се приклонуваат последните години, особено по Мегзит. Сакаат да се претстават како едноставно семејство, а со ова веројатно најавуваат нова ера на британската монархија, која секако ќе следи протокол, но нема да бега од вакви потези.

Колумнистката на Дејли Мејл, Сара Вајн, пишува дека фотографијата повеќе пренесува кул стил од Калифорнија отколку манир на Виндзор.

Истовремено, кралот и кралицата избраа фотографија од крунисувањето, направена во Бакингемската палата, за да ја красат нивната празнична честитка, која ќе биде испратена до пријателите, семејството и соработниците. Автор на фотографијата е Хуго Бурнанд, додека Кејт, Вилијам и децата беа фотографирани од Џош Синер на почетокот на оваа година во Виндзор, пишува Дејли Меил.

Чарлс ја носи државната круна и наметка што ја носеше кралот Џорџ V во 1937 година. Камила на сликата ја носи круната на кралицата Марија, наметката е изработена од Еде и Равенскроф, а дизајнирана и рачно извезена од Кралската школа, креаторот на нејзиниот фустан е Брус Олдфилд.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Ова е втора божиќна честитка на кралската двојка откако Чарлс стана монарх минатата година, по смртта на кралицата Елизабета Втора, која почина на 8 септември 2022 година. Првата честитка вклучуваше слика на кралот и кралицата од Игрите Браемар во Шкотска, снимена неколку дена пред смртта на кралицата.